Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Целиот проблем со романтичниот национализам е што не смее да ни биде водилка и носител на политиките за градење на иднината, убаво е сето тоа митови и легенди, мачна историја, изгубени територии, неоткажување од минатото, но ако тоа ни стане секојдневието во кое живееме, ако постојано плачеме на нешто што сме изгубиле и тешко ќе го вратиме, ќе останеме заробени во минатото и нема да излеземе од тој круг.

Еден куп нации доживеале национални трауми како нашата и потешки и тргнале напред, не го заборавиле и отфрлиле минатото но не дозволиле да ги заслепува, Унагарците со Трианон, Германците со изгубената втора светска војна и третина од територијата и населението и сите свои германци од Неса до Волга, Полска со источните територии, Италија со Далмација, Франција со Валонија, па и овие на балканот полека сфаќаат дека некои процеси се неповратни и се помируваат со тоа, Србите со Косово и Краина, Бугарите со Македонија, тракија и егејот, ако сакате и грците со Анатолија.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
НЕ ПОСТОИ поволно решение за Македонија. Поволно решение за Македонија би било цел свет на чело со Грците да не признаат под уставното име, веднаш под тоа име да бидеме примени во НАТО и ЕУ, и Грција да ги обештети бегалците од Егејска Македонија. Тоа нема да се случи никогаш, па ниту тогаш. И додека ние го браниме името, нашите соседи одат напред и моментално СИТЕ се во подобра политичка и економска ситуација од нас, и со тоа добиваат моќ над нас.
Прво нашите соседи имаат држави далеку пред нас, ако се земе во обзир фактот шо ние прв пат де јуре се осамостоивме после распадот на Југославија, а де факто никогаш, дури ни тогаш, сепак треба да биде индикатор дека не било за да биди не е баш само наша заслуга и немање државотворен капацитет.
Кај нас сеуште постојат традиционални низ поколенија врховистички, гркомански, србомански итн врски и традиции, нешто ми говори дека не е само националромантизмот она шо ги одржува во живот толку долго.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Ќе се парафразирам тогаш. Мислев на поволно решение земајќи ги во обзир околностите во кои што се наоѓаме. Во прв план мислам нашата преговарачка моќ во однос на онаа на Грција во обидот да се извлече компромисно решение кое би значело најмала штета врз нашите првични позиции.
Иако за воља на вистината нашите преговарачки позиции и црвени линии беа одамна пробиени, па од таму и ставот дека тешко дека е издејствуван добар договор од наша страна.

Инаку за вториот дел, тоа е повеќе од јасно.
Реално, која е нашата преговарачка моќ во однос на Грција? Нула, нада. Всушност единствениот адут кој што го имаме во рака е притисокот од САД да се пикне Македонија во НАТО. Кога не би бил тој притисок Грција би побарала да се викаме Недојдија и со тоа би не уценувала за влез во било каква организација каде таа е член со право на вето.
 
?

..........

Гостин
Еден куп нации доживеале национални трауми како нашата и потешки и тргнале напред, не го заборавиле и отфрлиле минатото но не дозволиле да ги заслепува, Унагарците со Трианон, Германците со изгубената втора светска војна и третина од територијата и населението и сите свои германци од Неса до Волга, Полска со источните територии, Италија со Далмација, Франција со Валонија, па и овие на балканот полека сфаќаат дека некои процеси се неповратни и се помируваат со тоа, Србите со Косово и Краина, Бугарите со Македонија, тракија и егејот, ако сакате и грците со Анатолија.
Изгубиле кој рака кој нога па преживеале, односно изгубиле територии и влијание, ние губиме глава, после промената на идентитет не постоиме постои некоја нова нација и држава која ќе се вика онака како што муртино и бетијане ќе договорат, подобро да изгубиш пола територија одколу идентитет.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Прво нашите соседи имаат држави далеку пред нас, ако се земе во обзир фактот шо ние прв пат де јуре се осамостоивме после распадот на Југославија, а де факто никогаш, дури ни тогаш, сепак треба да биде индикатор дека не било за да биди не е баш само наша заслуга и немање државотворен капацитет.
Кај нас сеуште постојат традиционални низ поколенија врховистички, гркомански, србомански итн врски и традиции, нешто ми говори дека не е само националромантизмот она шо ги одржува во живот толку долго.
За Бугарија и Албанија пред само дваесетина години бевме економска велесила. Сега сме толку долу што Бугарите не се замараат да направат ниту пристоен пат ниту железница спрема Македонија

Ама името не го даваме, ќе си го напикаме таму каде што сме најдебели.[DOUBLEPOST=1528752819][/DOUBLEPOST]
Изгубиле кој рака кој нога па преживеале, односно изгубиле територии и влијание, ние губиме глава, после промената на идентитет не постоиме постои некоја нова нација и држава која ќе се вика онака како што муртино и бетијане ќе договорат, подобро да изгубиш пола територија одколу идентитет.
Одлично, а што е тоа идентитет?
 
?

..........

Гостин
За Бугарија и Албанија пред само дваесетина години бевме економска велесила. Сега сме толку долу што Бугарите не се замараат да направат ниту пристоен пат ниту железница спрема Македонија

Ама името не го даваме, ќе си го напикаме таму каде што сме најдебели.
Значи ако го дадеме името бугариве ќе изградат пристојна железница и пат?:icon_lol:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
https://fokus.mk/rigorozni-merki-vo-najava-germanija-da-ne-im-nudi-iseluvane-na-makedonskite-meditsinski-sestri/

Хаха, па дијаболициве не даваат да умреш, ќе работиш до смрт и ќе плаќаш даноци и казни. Може ли за режим да продискутираме, а?
Еден кретен што се расправав денес кај оној Булеварон прво викаше дека се претерувало што студирале лекариве без пари па потоа сакале да вадат леб во Германија, демек земи и на државава и после не и се оддолжувај. Потоа по кратка дискусија утврдивме дека тоа без пари всушност да коштало 5,000 евра студии плус 15,000 евра специјализација. па да увиди ликот дека специјализантите не се платени иако рече дека имал некој баџо нешто кој земал плата и за на крај ликот да каже кој ве терал да студирате медицина кога знаете дека не е платено :toe:

Не треба ниеден Македонец да се запише во средното медицинско ниту па на медицински/стоматолошки факултет. Нека си одат на лекар кај Лирим од Мала Речица и кај Благородна од Карбинци на која и го прогурале индексот на медицина и шерува семе синапово на фејсбук за среќа.
 

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Целиот проблем со романтичниот национализам е што не смее да ни биде водилка и носител на политиките за градење на иднината, убаво е сето тоа митови и легенди, мачна историја, изгубени територии, неоткажување од минатото, но ако тоа ни стане секојдневието во кое живееме, ако постојано плачеме на нешто што сме изгубиле и тешко ќе го вратиме, ќе останеме заробени во минатото и нема да излеземе од тој круг.

Еден куп нации доживеале национални трауми како нашата и потешки и тргнале напред, не го заборавиле и отфрлиле минатото но не дозволиле да ги заслепува, Унагарците со Трианон, Германците со изгубената втора светска војна и третина од територијата и населението и сите свои германци од Неса до Волга, Полска со источните територии, Италија со Далмација, Франција со Валонија, па и овие на балканот полека сфаќаат дека некои процеси се неповратни и се помируваат со тоа, Србите со Косово и Краина, Бугарите со Македонија, тракија и егејот, ако сакате и грците со Анатолија.
Само ќе те надополнам...Македонија со загибеноте територии пиринскиот дел во Бугарија и Егејскиот во Грција со голем број раселени и протерани(читај децата бегалци) и Грчкиот национализам т.е етничко чистење, ова не е мит или легенда ова е факт....За неповратните процеси си потполно во право и треба да се гледа сегашниот момент и проблеми за да може да се постигне напредок во иднина.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
За Бугарија и Албанија пред само дваесетина години бевме економска велесила. Сега сме толку долу што Бугарите не се замараат да направат ниту пристоен пат ниту железница спрема Македонија

Ама името не го даваме, ќе си го напикаме таму каде што сме најдебели.
Не бевме ние, беше Југославија а ние како дел од неа.

Тоа ти е исто како некоја сојузна држава од САД да споредиш со Германија или Франција.

Тексас е појак економски од Руската Федерација ама тоа сепак не ја прави компатибилна споредбата.

И да се разбериме, ЕУ и СФРЈ не се исто.

Е сеа, каква гаранција е промената на името за конкретно економскиот напредок на МКД?
Нула.

Може ваква инстант промена на име да биде прифатлива за инстант прием во ЕУ без многу мрчење, во спротивно не ја гледам целта. Ем промена на име ем месење до бескрај. Танте за кукурику ако не кој ги еба сите со ред.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Реално, која е нашата преговарачка моќ во однос на Грција? Нула, нада. Всушност единствениот адут кој што го имаме во рака е притисокот од САД да се пикне Македонија во НАТО. Кога не би бил тој притисок Грција би побарала да се викаме Недојдија и со тоа би не уценувала за влез во било каква организација каде таа е член со право на вето.
Епа баш затоа јас не би форсирал решение по секоја цена.
Јас сум одамна да се реши спорот. Не изигравам патриот, гледам да бидам реален. Мене реалноста моментално ми говори дека со евентуален договор ќе платиме цена повисока од евентуалната добивка, која би требало да се оствари таму некаде по 10-20 години откако ќе поминеме низ еден тон перипетии.

Дај Боже само Грција да ни беше главната пречка на патот кон ЕУ, се друго да чинеше и да функционораше беспрекорно. Ама факт е дека главна пречка на тој пат сме си ние самите. Корумпирани до срж, неуки, лицемери...кој би не сакал нас реално во ЕУ во моментов, вакви какви што сме? ЕУ еднаш се заеба со Бугарија и Романија, чисто сумљам дека тоа ќе го направи по втор пат.

Најповолниот период за решение по мое беше веднаш по добивањето на кандидатскиот статус. Ако се решеше прашањето тогаш, сега дефинитивно ќе бевме во НАТО а можеби и членки на ЕУ, ако некако не пикнеа заедно со Хрватска. Ако не, сега ќе бевме во завршна фаза на преговори и први на списокот за влез.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
...Корумпирани до срж, неуки, лицемери...кој би не сакал нас реално во ЕУ во моментов, вакви какви што сме? ЕУ еднаш се заеба со Бугарија и Романија, чисто сумљам дека тоа ќе го направи по втор пат.

Најповолниот период за решение по мое беше веднаш по добивањето на кандидатскиот статус. Ако се решеше прашањето тогаш, сега дефинитивно ќе бевме во НАТО а можеби и членки на ЕУ, ако некако не пикнеа заедно со Хрватска. Ако не, сега ќе бевме во завршна фаза на преговори и први на списокот за влез.
да, ама не се заеба ЕУ само со Блгарија и Романија, ете и со Хрватска, а ќе биде и со МНЕ исто... нема врска тоа корупција и правна држава, се е тоа вештачки и променлив параметар...
суштината е колку државата е потребна стратешки, не само геополитичка ориентација туку и економски, Пазар, производство...
 
V

viktora

Гостин
Бре сите шарени куртони се наредија и ништо ново не напишаа.Ги заболе за името,за историјата,сакале ЕУ,сакале НАТО...:drk: како да ве силуваат по штабовите па толку што одлепивте.
@Let 3 сега му е мајката додека сте на купче.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.967
Поени од реакции
17.799
Па и споредува решен случај со сеуште отворен. :pos::pos::pos:
Нема ништо решено во тој случај. Најпрво имаше прикривање на убиство од страна на екипата на Урко, потоа заташкување на целиот случај од страна на министерката и премиерот. Најсмешно е што беше пред очите на цела јавност и не успеавме да притиснеме никој да преземе одговорност. Да не се чудите после зашто никој не се замара како ќе се вика оваа банана земја.
Случајот со Јанушев е исто доста сумљив, меѓутоа ниту екипата на убиецот е толку влијателна ниту сдсм имаат пуштено сеуште толку јаки канџи, па обидот за заташкување беше многу краток. Она што е сигурно е дека со ваков глуп народ, вакви смешни обиди за прикривање убиства ќе продолжат и понатака.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom