Еразмус+ водич, прашања и одговори

Дали сте биле на Еразмус+ размена и дали ја оценувате како позитивно искуство?

  • Да, сум бил/а и искуството ми е позитивно.

    Гласови: 12 38,7%
  • Да, сум бил/а и искуството ми е негативно

    Гласови: 2 6,5%
  • Не сум бил/а на размена, но би сакал/а да одам.

    Гласови: 14 45,2%
  • Не сум бил/а на размена и не би сакал/а да одам.

    Гласови: 3 9,7%

  • Вкупно гласачи
    31
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Еразмус+
Erasmus+.jpg
Еразмус+ е една од најраспространетите, најискористените и најинтересните ЕУ програми, која ви овозможува студирање во должина од 1 или 2 семестри на странски универзитет, месечна стипендија во висина од 450 или 500 евра и признавање на положените испити од страна на домашниот факултет. Оваа програма кај нас егзистира подолго време, но е речиси незабележителна, онлајн информациите се скоро непостоечки, а и самите професори и лица задолжени за тоа се некако збунети и загубени во документацијата и целиот процес. Студентите покрај тоа што не можат да се информираат, често наидуваат и на затворени врати и мрзливи координатори, па така средствата и можностите остануваат неискористени. За да се расчистат одредени дилеми околу Еразмус размената и некои информации да станат подостапни, решив да ја отворам темава и да им помогнам на идните Еразмуси :D.

- Кој може да замине на Еразмус+ размена?
Секој додипломец, освен бруцошите.

-Кога и каде да се пријавам за Еразмус+ размена?
Секој факултет си има професор задолжен за оваа програма, т.н. Еразмус координатор. Од тој професор ја добивате пријавата и со него се консултирате околу нејзиното доставување во факултетските служби(секретар,продекан, универзитетска служба за размена...). Универзитетските огласи за заминување на Еразмус+ размена излегуваат во ноември(секој универзитет си има различни датуми, следете ја веб страната на факултетот и универзитетот од крајот на октомври), а доставувањето на пријавите е во периодот од 1.12. па до даљњег(пак зависи од факултетот). Аплицирате една академска година порано, значи доколку аплицирате во декември 2016, на размена ќе заминете во октомври 2017. Има исклучоци за летните семестри, доколку не се пополни бројот, па така може да аплицирате во октомври 2016 за пролетниот семестар во 2017. First-in, first served е принципот по кој се одвива селекцијата, нема никакви тестови, интервјуа итн. едноставно кој прв се пријави тој прв заминува за конкретната дестинација, па препорачливо е уште на првиот ден да ја доставите вашата пријава. На сајтовите од сите универзитети пишува дека треба солиден број на документи за самото пријавување, но во пракса единствено треба само пријава за пројавување интерес. Нормално, проверете со вашиот Еразмус координатор во врска со ова.

-Дестинациите за размена?
Секој универзитет има потпишано билатерални договори со странските универзитети на кои што може да се изврши размената и листите со тие универзитети се достапни онлајн.
УКИМ
УГД
УКЛО
Нормално, размената може да ја извршите само на факултет кој соодветствува со тој на кој моментално студирате. Обично има по 2 слободни места за размена во една академска година за секој странски факултет, но се случува тој број да е поголем и да заминат дури и 4 студенти.

-Стипендија?
Секој студент кој заминува на Еразмус размена добива парична надокнада, во вид на месечна стипендија, која се исплаќа на неколку рати(не секој месец), со што поголемиот дел од стипендијата го добивате пред заминувањето, дел во текот на размената, а последниот дел по враќањето од странство и комплетирањето на целата документација. Висината на стипендијата зависи од тоа во која земја одите на размена, како што е прикажано во табелата.
upload_2016-8-25_15-56-51.png
Доколку на пример одите на размена во Чешка во времетраење од еден семестар(5 месеци) вкупно ќе добиете 2500 евра, од кои околу 1300 ќе ви се исплатат пред заминување, додека сте во Чешка на двапати ќе добиете по 350 евра, а по враќањето ги добивате и последните 500 евра.

-Како се одвива целиот процес?
1. Прв чекор е доставувањето на пријавата во дадениот рок, во консултација со Еразмус координаторот, при што морате тогаш да се одлучите за дестинацијата. Нема можност за одбирање повеќе дестинации, одбирате една, па доколку нема место, следат дополнителни консултации со координаторот.
2. Канцеларијата за меѓународна соработка при универзитетот ги прибира пријавите и ги доставува информациите за студентите до странските факултети. По средувањето на целата документација, координаторот, универзитетот и странскиот факултет ве контактираат со официјална потврда дека сте номинирани за Еразмус+ размена.
3. Од овој момент, почнува вашето официјално аплицирање за студирање на странскиот факултет. Ќе добиете многу мејлови со информации и водичи од факултетот, а ќе добиете и еден со рок за доставување на документите. До тој наведен датум вие ќе треба да пополните Student application form и Learning Agreement(кои ќе ги симнете од страната на странскиот факултет или ќе добиете темплејт по мејл), и заедно со скениран пасош, потврда за положени испити и редовен студент(и други документи кои може да ви ги побараат, зависи од факултетот, овие се најбитни и секогаш се доставуваат) да ги испратите по мејл до службата за меѓународна соработка од странскиот универзитет или Еразмус координаторот од вашиот странски факултет(повторно ова е варијабла). Меѓународна потврда за вашето ниво на Англиски јазик(минимум Б2) е пожелно претходно да имате обезбедено, бидејќи иако вашиот координатор може да ви каже дека не ви треба и дека ќе бидете онлајн тестирани за нивото на Англиски јазик, странскиот факултет може да ви ја побара заедно со другите документи.
Student application form - најнормална пријава, во која се пополнуваат сите детали за вас и универзитетите и факултетите, смерот на кој што ќе студирате, познавањето на јазици и сл.
Learning agreement - најспецифичниот документ од сите. Во него пополнувате исто така лични и универзитетски податоци, но и предметите и сите детали за нив(код, кредити) кои ќе ги слушате на странскиот факултет, како и предметите од домашниот факултет кои ќе ви се признаат врз база на положените странски предмети. Многу е битно да запишете предмети кои сигурно ќе ви бидат признаени и кои на странскиот факултет се предаваат во соодветниот семестар во кој што ќе одите вие. Доколку некои предмети немаат ист назив или не сте сигурни за нив консултирајте се со професорите кои ги предаваат или студентската служба. Доколку сте на пример втора година, можете да земете соодветни заменски предмети и за предмети кои дома ќе ги слушате и во трета и во четврта година.
Во овие два документи треба да вметнете и скенирани страни со потписи, па спремете се да растрчувате по фотокопирници.
Пополнетите документи ги испраќате во ПДФ формат и едно месец дена си уживате :D.(Нормално, проверувајте мејл, за во случај да ви побараат уште нешто).

4. Ви стигнува acceptance letter. Откако ќе се изнарадувате, треба да се спремите за повторно праќање документи. Многу е битно да се поврзете со ESN (Erasmus student network) организацијата во градот во кој одите. Контактирајте ги преку мејл и приклучете се во што повеќе фејсбук групи. Преку неа ќе добиете информации и помош во врска со вашиот престој во странство, а не заборавајте да аплицирате и за buddy, другарче кое ви е доделено лично вам и ќе ви помогне во пронаоѓање сместување, авионски или автобуски карти итн.

Од странскиот универзитет ќе би побараат да испратите лични податоци(ЕМБГ, податоци за родителите и сл.), со цел да ви обезбедат даночно/резидентно бројче.

Од домашниот универзитет ќе ви побараат ЕМБГ и податоци за денарска трансакциска сметка на која ќе ви биде исплатена стипендијата. Исто така ќе ви бидат испратени и договорите за грант кои пополнети и потпишани треба да ги доставите до канцеларијата за меѓународна соработка во ректоратот.

Во меѓувреме ќе треба онлајн да се тестирате за да се утврди вашето ниво на Англиски јазик, тест кој ќе треба да го повторите и по враќањето од размената (тоа е еден од условите за комплетирање на целата постапка и исплаќање на последната рата). Ќе добиете мејл со инструкции и линк за извршување на тестот.

Исто така, пожелно е што поскоро да аплицирате за сместување во студентските домови(можеби дури и пред добивањето на прифатното писмо - одредени домови имаат мали капацитети за странските студенти) или да најдете приватен стан и цимери, бидејќи станбеното прашање е можеби најтешкиот проблем со кој што ќе се соочите.

5.Виза - за одредени земји е потребна, а пак за одредени земји ви треба само дозвола за престој. Навреме информирајте се во соодветните амбасади за потребната документација и што поскоро извадете ја. Најбитен документ овде ви е државното здравствено осигурување кое треба да го извадите од фондот за здраство, при што треба комисија да ви потпише дека сте здрави.

По комплетирањето на овие чекори ви останува да заминете на вашата дестинација и да уживате во студентскиот живот таму. Сите понатамошни чекори зависат од странскиот факултет и се исполнуваат во редовна комуникација со тамошните служби.

*Многу е битно да досадувате и да бидете упорни во комуникацијата со факултетските служби. Не се срамете да се консултирате детално за секој чекор во постапката.

**Сите детали ги пишувам од лично искуство, постапката во одредени чекори може да варира во зависност од странските и домашните факултети.



Повелете со вашите прашања, дополнувања и искуства :D.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871
Не сум бил на еразмус размена, студирам Мастер програма со мобилност ( две години во две различни земји). Првата година имавме еразмус студенти со нас.

Од гледна точна на студиите, е катастрофа. Мала е веројатноста да најдеш и факултет со соодветна програма и финансирање, и да имаш редовни средени предавања целосен семестар. Ретко кој во тие групи се ангажира за студиите, секогаш се во втор или трет план, според мене, Еразмусот е како еден потрошен семестар или година.

Е од друга стра, од студентски живот, е сосем друго - студенти буквално од цел свет, ако ти се погоди добро организирана домашна еразмус група многу забави патувања настани сваштарии, и плус си добиваш пари од еразмус програмата.

Според мене, зависно од намерата. Ако сте за шетање и авантури - нема промашај, за озбилни студии не препорачувам.
 
Член од
14 јули 2016
Мислења
3
Поени од реакции
2
1. На кој јазик се предава во секоја од земјите, дали на официјалниот јазик или на англиски или во зависност од секој факултет?
2. Имам 2 редовни и 4 изборни во 6 семестар дали кај професорите по предметите да се консултирам за тоа дали ке ми ги признаат по враќањето од таму?
3. Дали сместувањето и студирањето ти е без пари покрај стипендијата која ја добиваш?
4. На листата за билатерални договори под Faculty се наведени факултети, дали само од тие може да се пријавуваат студенти ( на пример Faculty of Mechanical engineering може да се пријават само студенти од машински?) и на некои места има УКИМ па најверојатно од цел универзитет може да се пријават.
5.Сега ке бидам 4 летен семестар ( кординаторката ми кажа дека никој не се пријавувал за 4 семестар иако јас сакав да се пријавам) дали е прекасно за пријавување за 6 семестар или тоа ке треба да се направи 5 семестар во ноември кога се аплицира?
Кога ке имам прашање пак ке пишам

Ти благодарам.
:oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
1. На кој јазик се предава во секоја од земјите, дали на официјалниот јазик или на англиски или во зависност од секој факултет?
2. Имам 2 редовни и 4 изборни во 6 семестар дали кај професорите по предметите да се консултирам за тоа дали ке ми ги признаат по враќањето од таму?
3. Дали сместувањето и студирањето ти е без пари покрај стипендијата која ја добиваш?
4. На листата за билатерални договори под Faculty се наведени факултети, дали само од тие може да се пријавуваат студенти ( на пример Faculty of Mechanical engineering може да се пријават само студенти од машински?) и на некои места има УКИМ па најверојатно од цел универзитет може да се пријават.
5.Сега ке бидам 4 летен семестар ( кординаторката ми кажа дека никој не се пријавувал за 4 семестар иако јас сакав да се пријавам) дали е прекасно за пријавување за 6 семестар или тоа ке треба да се направи 5 семестар во ноември кога се аплицира?
Кога ке имам прашање пак ке пишам

Ти благодарам.
:oeoeoe::oeoeoe:
1.По правило, сите Еразмус студии се изведуваат на Англиски јазик и само за предмети кои се достапни на Англиски. Но, секој студент има право да избере да ги посетува редовните предавања на јазикот на кој што нормално се изведува наставата и да полага на истиот јазик. Нормално, потребен ти е доказ за познавање на тој јазик, мислам дека Б2 е доволно. За"нашите" земји, не бараат секогаш, пример мене во Хрватска не ми побараа сертификат дека знам Хрватски.

2.За признавањето одлучуваат повисоки инстанци од професорите, но како и секогаш има гомна професори кои нема да ти се потпишат на крај, па затоа е најубаво да се консултираш со дотичните преку координаторот бидејќи ако им појдеш сам на тие што се улави, можно е да те одјебат.

3.Студирањето е бесплатно, освен некои минимални административни трошоци како на пример 10 евра за индекс или 5 евра за студентска картичка, али сместувањето мораш да си го плаќаш сам. Олеснителна околност е што на повеќето од универзитетите има програми за евтино сместување во студентските домови, па може да се случи и 40тина евра само да плаќаш.Но, може да се случи и да одиш на универзитет кој има планирано само десет Еразмус легла во студентсткиот па од старт да знаеш дека ќе треба да си бараш стан.

4.По тоа што видов, УКИМ е пишано таму каде што има повеќе струки достапни, пример фармација, заботехничари и медицина. Правилото е дека се оди на ист факултет, но се разбира доколку пример карикирам студираш трговско право, а трговско право е смер понуден на економски во Штутгарт сигурно дека можеш да одиш таму. Mожеш да учиш предмети и на други факултети таму доколку ти се совпаѓаат со домашните предмети на домашниот факултет. Ваљда јасно напишав...

5.Можеш да се пријавиш сега за 5ти, а за 6ти ти е рано. Обично до 31ви декември е рокот за зимски, али скоро секогаш се продолжува, а за летен пријавувањата се до кај август некаде а се отвораат напролет.

Слободно препрашај, допрашај :D
 

Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.618
Поени од реакции
7.379
За колку време ќе знаеме и ќе бидеме информирани дека сме примени?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Имам аплицирано за во Бугарија
Епа деновиве треба да е крајниот рок и за испраќање на документите, не само за селекција. Јас ако добро памтам некаде околу 12ти јуни имав краен рок, исто одев зимски семестар. Барај го координаторот, досадувај :D.

Што студираш?
 

Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.618
Поени од реакции
7.379
Да да готово јас вчера завршив со документите сега чекам се надевам позитивен одговор ама и координаторот вика дека не знаел кога ќе добиеме одговор :/ Иначе студирам на фикт(факултет за информатички и комуникациски технологии) во Битола :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Да да готово јас вчера завршив со документите сега чекам се надевам позитивен одговор ама и координаторот вика дека не знаел кога ќе добиеме одговор :/ Иначе студирам на фикт(факултет за информатички и комуникациски технологии) во Битола :)
Ааа, ти си мислел на одговор од странскиот факултет :D. Во тој случај без секирации, штом си испратил документи нема шанси да добиеш негативен одговор. Единствено можат да ти побараат да промениш нешто доколку имаш грешка или не се слага со нивната програма, најчесто во ЛА, ама тоа никако не влијае на твоето одење.

Можеш да си ја накривиш капата, да си свиркаш и само да си чекаш Acceptance letter :свиркам:. Ако треба некаква помош дополнителна во справување со Еразмус службите на УКЛО, барај ме и јас сум од таму.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Mene mi rekoa da popolnam aplication form i da cekam learning agreement. E sea facive uste ne mozat da mi pratat LA bidejki uste nemaat izvadeno programa za 2018 a rokot im e do 30ti juni za apliciranje. A koordinatorkata napinja.

Strasno :D
 

Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.618
Поени од реакции
7.379
Ааа, ти си мислел на одговор од странскиот факултет :D. Во тој случај без секирации, штом си испратил документи нема шанси да добиеш негативен одговор. Единствено можат да ти побараат да промениш нешто доколку имаш грешка или не се слага со нивната програма, најчесто во ЛА, ама тоа никако не влијае на твоето одење.

Можеш да си ја накривиш капата, да си свиркаш и само да си чекаш Acceptance letter :свиркам:. Ако треба некаква помош дополнителна во справување со Еразмус службите на УКЛО, барај ме и јас сум од таму.
А од тука во ректорат дали има шанси да ме одбијат?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Mene mi rekoa da popolnam aplication form i da cekam learning agreement. E sea facive uste ne mozat da mi pratat LA bidejki uste nemaat izvadeno programa za 2018 a rokot im e do 30ti juni za apliciranje. A koordinatorkata napinja.

Strasno :D
Кај идеш вака на стари години, кажи и ние другиве да искористиме? :D Ваљда негде блиску поради неажурноста?

Ко што ми рече мене координаторка во Хрватска кога и се извинував за тоа што 3 пати пробив рокови за 3 различни работи поради нашиве домашни мрзи: „Ма остави то, знам како је тамо код вас доле са бирокрацијом, егзотика“.

А од тука во ректорат дали има шанси да ме одбијат?
Не не, чим си поминал првична селекција, те номинирале до странскиот факултет и си започнал кореспонденција со нив, нема одбивање.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Кај идеш вака на стари години, кажи и ние другиве да искористиме? :D Ваљда негде блиску поради неажурноста?

Ко што ми рече мене координаторка во Хрватска кога и се извинував за тоа што 3 пати пробив рокови за 3 различни работи поради нашиве домашни мрзи: „Ма остави то, знам како је тамо код вас доле са бирокрацијом, егзотика“.


Не не, чим си поминал првична селекција, те номинирале до странскиот факултет и си започнал кореспонденција со нив, нема одбивање.
Ja ke idam Romanija u Cluj u Septemvri so poslednite 3 predmeti so gi iam za zimanje. :D Posledna sansa mi e preku fakultetot.

A za erazmus setanje ima youth exchanges stalno, pred mesec dena bev barselona i francija, zenska mi bese portugalija, sea kraj na juni ke ide ungarija... ovie traat po pola mesec najvise, a ako si za poveke vreme ima evs proekti i volontiranje od 6 meseci nagore kolku sakas. Ako ne si zapoznaen ke ti lratam linkovi.

Blisku ne znam kako vi e interesno. Imam ideno u bugarija i ko u mk da sum se osekjav. Interesno e da zapoznaes razlicni lugje, da se sikterosas od slav kulturata barem na malku. :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Ja ke idam Romanija u Cluj u Septemvri so poslednite 3 predmeti so gi iam za zimanje. :D Posledna sansa mi e preku fakultetot.

A za erazmus setanje ima youth exchanges stalno, pred mesec dena bev barselona i francija, zenska mi bese portugalija, sea kraj na juni ke ide ungarija... ovie traat po pola mesec najvise, a ako si za poveke vreme ima evs proekti i volontiranje od 6 meseci nagore kolku sakas. Ako ne si zapoznaen ke ti lratam linkovi.

Blisku ne znam kako vi e interesno. Imam ideno u bugarija i ko u mk da sum se osekjav. Interesno e da zapoznaes razlicni lugje, da se sikterosas od slav kulturata barem na malku. :D
Те мислев онака баш постар, дипломиран, со сите салтанати...нмв :D.

Колешка моја баш беше во Клуж, можам да ти дадам контакт слободно ако треба. По кажување поминала сјајно, доста екскурзии и настани организирани од ЕСН, цените багатела, само што на моменти Романија си е Романија. За ЕВС и слични знам, цело време следам, ама никако да ми се погоди нешто, или се цела година во некои мали забаталени градчиња или се за некои глупости мигранти, ЛГБТ, срања. Пролетва имаше за во Литванија, Шиалулдаиса како и да беше, ама кога го изгуглав градчето...исто има и за Латвија сега, во уште побетар градче :(.

Немав многу избор јас, Романија, Бугарија, Турција и Италија и Франција на Азурна обала со 1800 евра месечни трошоци :LOL:.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

На врв Bottom