- Член од
- 1 март 2010
- Мислења
- 7.888
- Поени од реакции
- 14.440
Еразмус+ е една од најраспространетите, најискористените и најинтересните ЕУ програми, која ви овозможува студирање во должина од 1 или 2 семестри на странски универзитет, месечна стипендија во висина од 450 или 500 евра и признавање на положените испити од страна на домашниот факултет. Оваа програма кај нас егзистира подолго време, но е речиси незабележителна, онлајн информациите се скоро непостоечки, а и самите професори и лица задолжени за тоа се некако збунети и загубени во документацијата и целиот процес. Студентите покрај тоа што не можат да се информираат, често наидуваат и на затворени врати и мрзливи координатори, па така средствата и можностите остануваат неискористени. За да се расчистат одредени дилеми околу Еразмус размената и некои информации да станат подостапни, решив да ја отворам темава и да им помогнам на идните Еразмуси .
- Кој може да замине на Еразмус+ размена?
Секој додипломец, освен бруцошите.
-Кога и каде да се пријавам за Еразмус+ размена?
Секој факултет си има професор задолжен за оваа програма, т.н. Еразмус координатор. Од тој професор ја добивате пријавата и со него се консултирате околу нејзиното доставување во факултетските служби(секретар,продекан, универзитетска служба за размена...). Универзитетските огласи за заминување на Еразмус+ размена излегуваат во ноември(секој универзитет си има различни датуми, следете ја веб страната на факултетот и универзитетот од крајот на октомври), а доставувањето на пријавите е во периодот од 1.12. па до даљњег(пак зависи од факултетот). Аплицирате една академска година порано, значи доколку аплицирате во декември 2016, на размена ќе заминете во октомври 2017. Има исклучоци за летните семестри, доколку не се пополни бројот, па така може да аплицирате во октомври 2016 за пролетниот семестар во 2017. First-in, first served е принципот по кој се одвива селекцијата, нема никакви тестови, интервјуа итн. едноставно кој прв се пријави тој прв заминува за конкретната дестинација, па препорачливо е уште на првиот ден да ја доставите вашата пријава. На сајтовите од сите универзитети пишува дека треба солиден број на документи за самото пријавување, но во пракса единствено треба само пријава за пројавување интерес. Нормално, проверете со вашиот Еразмус координатор во врска со ова.
-Дестинациите за размена?
Секој универзитет има потпишано билатерални договори со странските универзитети на кои што може да се изврши размената и листите со тие универзитети се достапни онлајн.
УКИМ
УГД
УКЛО
Нормално, размената може да ја извршите само на факултет кој соодветствува со тој на кој моментално студирате. Обично има по 2 слободни места за размена во една академска година за секој странски факултет, но се случува тој број да е поголем и да заминат дури и 4 студенти.
-Стипендија?
Секој студент кој заминува на Еразмус размена добива парична надокнада, во вид на месечна стипендија, која се исплаќа на неколку рати(не секој месец), со што поголемиот дел од стипендијата го добивате пред заминувањето, дел во текот на размената, а последниот дел по враќањето од странство и комплетирањето на целата документација. Висината на стипендијата зависи од тоа во која земја одите на размена, како што е прикажано во табелата.
Доколку на пример одите на размена во Чешка во времетраење од еден семестар(5 месеци) вкупно ќе добиете 2500 евра, од кои околу 1300 ќе ви се исплатат пред заминување, додека сте во Чешка на двапати ќе добиете по 350 евра, а по враќањето ги добивате и последните 500 евра.
-Како се одвива целиот процес?
1. Прв чекор е доставувањето на пријавата во дадениот рок, во консултација со Еразмус координаторот, при што морате тогаш да се одлучите за дестинацијата. Нема можност за одбирање повеќе дестинации, одбирате една, па доколку нема место, следат дополнителни консултации со координаторот.
2. Канцеларијата за меѓународна соработка при универзитетот ги прибира пријавите и ги доставува информациите за студентите до странските факултети. По средувањето на целата документација, координаторот, универзитетот и странскиот факултет ве контактираат со официјална потврда дека сте номинирани за Еразмус+ размена.
3. Од овој момент, почнува вашето официјално аплицирање за студирање на странскиот факултет. Ќе добиете многу мејлови со информации и водичи од факултетот, а ќе добиете и еден со рок за доставување на документите. До тој наведен датум вие ќе треба да пополните Student application form и Learning Agreement(кои ќе ги симнете од страната на странскиот факултет или ќе добиете темплејт по мејл), и заедно со скениран пасош, потврда за положени испити и редовен студент(и други документи кои може да ви ги побараат, зависи од факултетот, овие се најбитни и секогаш се доставуваат) да ги испратите по мејл до службата за меѓународна соработка од странскиот универзитет или Еразмус координаторот од вашиот странски факултет(повторно ова е варијабла). Меѓународна потврда за вашето ниво на Англиски јазик(минимум Б2) е пожелно претходно да имате обезбедено, бидејќи иако вашиот координатор може да ви каже дека не ви треба и дека ќе бидете онлајн тестирани за нивото на Англиски јазик, странскиот факултет може да ви ја побара заедно со другите документи.
Student application form - најнормална пријава, во која се пополнуваат сите детали за вас и универзитетите и факултетите, смерот на кој што ќе студирате, познавањето на јазици и сл.
Learning agreement - најспецифичниот документ од сите. Во него пополнувате исто така лични и универзитетски податоци, но и предметите и сите детали за нив(код, кредити) кои ќе ги слушате на странскиот факултет, како и предметите од домашниот факултет кои ќе ви се признаат врз база на положените странски предмети. Многу е битно да запишете предмети кои сигурно ќе ви бидат признаени и кои на странскиот факултет се предаваат во соодветниот семестар во кој што ќе одите вие. Доколку некои предмети немаат ист назив или не сте сигурни за нив консултирајте се со професорите кои ги предаваат или студентската служба. Доколку сте на пример втора година, можете да земете соодветни заменски предмети и за предмети кои дома ќе ги слушате и во трета и во четврта година.
Во овие два документи треба да вметнете и скенирани страни со потписи, па спремете се да растрчувате по фотокопирници.
Пополнетите документи ги испраќате во ПДФ формат и едно месец дена си уживате .(Нормално, проверувајте мејл, за во случај да ви побараат уште нешто).
4. Ви стигнува acceptance letter. Откако ќе се изнарадувате, треба да се спремите за повторно праќање документи. Многу е битно да се поврзете со ESN (Erasmus student network) организацијата во градот во кој одите. Контактирајте ги преку мејл и приклучете се во што повеќе фејсбук групи. Преку неа ќе добиете информации и помош во врска со вашиот престој во странство, а не заборавајте да аплицирате и за buddy, другарче кое ви е доделено лично вам и ќе ви помогне во пронаоѓање сместување, авионски или автобуски карти итн.
Од странскиот универзитет ќе би побараат да испратите лични податоци(ЕМБГ, податоци за родителите и сл.), со цел да ви обезбедат даночно/резидентно бројче.
Од домашниот универзитет ќе ви побараат ЕМБГ и податоци за денарска трансакциска сметка на која ќе ви биде исплатена стипендијата. Исто така ќе ви бидат испратени и договорите за грант кои пополнети и потпишани треба да ги доставите до канцеларијата за меѓународна соработка во ректоратот.
Во меѓувреме ќе треба онлајн да се тестирате за да се утврди вашето ниво на Англиски јазик, тест кој ќе треба да го повторите и по враќањето од размената (тоа е еден од условите за комплетирање на целата постапка и исплаќање на последната рата). Ќе добиете мејл со инструкции и линк за извршување на тестот.
Исто така, пожелно е што поскоро да аплицирате за сместување во студентските домови(можеби дури и пред добивањето на прифатното писмо - одредени домови имаат мали капацитети за странските студенти) или да најдете приватен стан и цимери, бидејќи станбеното прашање е можеби најтешкиот проблем со кој што ќе се соочите.
5.Виза - за одредени земји е потребна, а пак за одредени земји ви треба само дозвола за престој. Навреме информирајте се во соодветните амбасади за потребната документација и што поскоро извадете ја. Најбитен документ овде ви е државното здравствено осигурување кое треба да го извадите од фондот за здраство, при што треба комисија да ви потпише дека сте здрави.
По комплетирањето на овие чекори ви останува да заминете на вашата дестинација и да уживате во студентскиот живот таму. Сите понатамошни чекори зависат од странскиот факултет и се исполнуваат во редовна комуникација со тамошните служби.
*Многу е битно да досадувате и да бидете упорни во комуникацијата со факултетските служби. Не се срамете да се консултирате детално за секој чекор во постапката.
**Сите детали ги пишувам од лично искуство, постапката во одредени чекори може да варира во зависност од странските и домашните факултети.
Повелете со вашите прашања, дополнувања и искуства .