И
Име И Презиме
Гостин
Провери на задната, односно долната страна на рутерот каде што е налепницата со серискиот број, дали има лозинка и пробај со истата да се логираш.
Ако живееш во куќа - значи кабелот доаѓа воздушно, односно преку бандера, тогаш можно е` да е оштетен приклучокот на бандерата. Истовремено, без разлика дали живееш во куќа или стан, проблемот може да биде и кај тебе дома и/или во локалната телекомуникациска централа.
Исто така, можно е` проблемот да се реши со ограничување на брзината на Интернет сигналот за IPTV рисиверите за MaxTV, односно ставање "капа" на телевизијата, како што велат техничарите, бидејќи можно е` IPTV рисиверите да го ослабнуваат Интернет сигналот со тоа што повлекуваат поголема Интернет брзина отколку што им е` потребна за стабилен IPTV сигнал.
Полесно објаснето е вака.Да работи еден мах тв е потребно 3,5 мб ако е ХД канал 6мб . Ако имаш линија што подржува карикираме 15мб, 3,5х 2ресивера = 7 мб + 2мв воип(тел ) =9 Остануваат 6мб за интернетот.Ако нема капаче на 5 тоа прави проблем, посебно кога се менуваат каналите на телевизијата, кога едниот ресивер снима (кочи интернетот).Спидпорт се стари и амортизирани рутери, покажуваат до 20% поквалитетна линија, барај замена (но нов) .Кога ке дојде техничар види со што мери, најчесто модем Длинк.Тие се најточни, или ЗТЕ рутер со едно како стакленце горе што има зелени диоди.