Да ги видов, ги имам сретнато истите типови одамна по списанија, али очигледно ти не ме читаш, тие ти се една рака луѓе од милиони, или подобро кажано генетски фрикови, 99% од луѓето не можат да го достигнат тоа што го достигнале овие, а на страна и фактот што ова го имаат достигнато со преку деценија непрекинато вежбање.
Во секојдневен живот, ретко кој има време да седи во теретана секој ден по 2 саати, плус да вежба непрекинато по 10-15 години, ако ја земеш мкд како пример, тешко дека може да си дозволат поголем дел од аматерите и чланарина во теретана за 12 месеци, особено Скопје каде газдите забегуваат со цените.
Не те читам баш убаво. Ама да не претера малце со бројката од 99 %. И да може ја и ти нема да го постигнеме нешто такво, ама моабетот почна со типчето со нозете што го имаа поставено дека таква форма природно неможе да се постигне. Е што правиме ако типот е во тие твојте 1% и тоа му е full time job, пак не е достижно и неможе да се надмине себи си. ?
Те сфаќам што сакаш да кажеш за аматер вежбачите ама смешно е кога за некој генетски надарен или со тренинг програма што стварно му одговара него со добра исхрана и 5+ години стаж дружба со железо одма за него да се скока со заклучок стероиди. Ама тоа е што да се прави во природата на луѓето е да се однесуваат така.