Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
И да сакале да го земат тогаш немаше да можат затоа што Србин е и нема работна дозвола. Поради истото и не успеаа да го регистрираат Вања иако беше под капата на клубот и си замина во Торино.

Тешко добиваат нон ЕУ играчите дозвола за работа, Љајиќ исто не можеше да добие, на Рохо едвај му извадија, знам и Ливерпул се мачи со еден Бразилец, пет години со ред го праќаат на позајмица и џабе е.
Србите како нација имаат проблем, ама не е тешко да се исполнат тие услови од кои се собираат поени и со нив им се зголемуваат шансите за дозвола.
Висината на трансферот да изнесува најмалку 25% од највисокиот трансфер во ПЛ, да зема најмалку 25% плата од најплатениот играч во ПЛ, 50% - 70% од најплатениот во клубот.

Лацио тогаш го потпиша за 18 мил, многу поскап од брат му и со поголеми шанси.
 
Ван Дајк вредеше, дали вреди Милинковиќ ќе видиме
Па што коментираш коа не си го глеал како игра ? Кога можевте на Кутињо таа пара му ја извадите, кога можеше јуве таа пара на Погба му ја извади зашто бе и Лацио за Савич кога играчот е квалитетен?

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Ван Дајк "вредеше" 75 мил :icon_lol:

Нормално дека не вреди ни србинот и оваа сезона стигна до она ниво на 70 милонски играч, ама кога има многу заинтересирани клубови тогаш Лацио ќе проба да извлече дупло повеќе. Сигурно нема да ја прифатат првата понуда и да го продадат за реалната цена. Лацио секогаш знае да извади максимум без разлика дали играчот вреди или не, а ако на некој му одговара нека го купи.
 
Србите како нација имаат проблем, ама не е тешко да се исполнат тие услови од кои се собираат поени и со нив им се зголемуваат шансите за дозвола.
Висината на трансферот да изнесува најмалку 25% од највисокиот трансфер во ПЛ, да зема најмалку 25% плата од најплатениот играч во ПЛ, 50% - 70% од најплатениот во клубот.

Лацио тогаш го потпиша за 18 мил, многу поскап од брат му и со поголеми шанси.
Во ред ама Лацио е од Италија и не треба таму работна дозвола, знаеш и сам. Тогаш да го потпишеше Јунајтед како што велиш директ од Генк нема шанси да ги исполни условиве кои ги наброја, затоа и брат му го пуштија во Торино, ти викам поради истото и Љајиќ не доби работна дозвола.
 
Многу други играчи ги имаат исполнето условите и тоа направија трансфер од Партизан во ПЛ.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Многу други играчи ги имаат исполнето условите и тоа направија трансфер од Партизан во ПЛ.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Трансфери направија само Тошиќ и Савиќ бидејќи и двајцата беа стандардни тогаш во репрезентацијата, а како што кажа Фросе Љајиќ беше сеуште младинец и немаше ниеден настап за сениорскиот тим. Настасиќ и Јоветиќ дојдоа подоцна од Фиорентина во Сити бидејќи имаа многу настапи за репрезентацијата како и Марковиќ и и Митровиќ
 
Сериозни се за цената на тој Милинковиќ или заебанција е некоја? 150 милиони за играч што игра у Лацио:tapp:

Не вреди Кутињо 140 ниту Дембеле 130. Вреди онолку колку што е спремен одреден клуб да го искешира.
 
Многу други играчи ги имаат исполнето условите и тоа направија трансфер од Партизан во ПЛ.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Кој тоа, Зоран Тошиќ ли? Тошиќ од 2006 некаде беше стандарден репрезентативец на Србија и кога дојде во Јунајтед (Англија) не беше баш никој и ништо, имаше репрезентативни настапи зад грбот. Тоа ти го објаснуваме со Саша, не знам зошто се инатиш :)

Љајиќ беше "купен" зимата 2009 ама немаше настапи, тек во 2010 гледам го забележал првиот и еве ти го епилогот

However, United decided not to take up their option to sign Ljajić due to issues surrounding the club's application for a work permit.

Еве и за Вања од сајтот на Јунајтед

The young Serbian goalkeeper Vanja Milinkovic-Savic has left Manchester United after failing to obtain a work permit.

Прави разлика од млад фудбалер без CV до Савиќ, Настасиќ, Тошиќ...

Јунајтед на времето имаше потпишано договор со Антверп баш за овие работи, да праќаат играчи на позајмица со цел да се пробијат во нивните репрезентации и да добијат дозвола ама ФА го забрани овој модел пред некоја година.
 
Последно уредено:
Грујиќ пример немаше ич проблеми.
 
За него имаше кој да гарантира дека е важен играч за клубот, голем талент и си доби. :D И оној Ричарлисон од Бразил исто му правеа проблем и без настапи во репрезентацијата доби дозвола.

Може бројот на настапи е нешто што треба да се исполни и поголеми се шансите ако е над 10, ама не и пресудно ако се исполнуваат други услови. И Савич и Тошич немаа повеќе од 10 настапи. За талентирани играчи помалди од 21 година имаат посебен третман.

Оној голманот не исполнуваше повеќе услови, а еден е сумата на трансферот.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Пракса стана на второто повикување да се јавуваш,ебате дигнатиот.:DЗбор два за грков.
@Igorcemk ајде и ти,ако не заборавиш како педеров погоре.:D

Сократис е одличен играч, брз и борбен. Ја не би сакал да си оди ама ако реши тогаш ок. Сократис годинава покажа и слабости во играта, значи не знае да отвори игра и му треба таков бек до него кој ја држи одбраната. Има и по некој тактички дефицит ама досега скоро секојпат со борбеноста ги покриваше. Мислам дека неговите способности во Англија уште повеќе ќе дојдат до израз и ќе биде засилување за Арсенал.
 
Грујиќ пример немаше ич проблеми.
Клоп се појави во емиграционото и изјави дека ќе му биде важен играч за она што сака да го достигне ама ова можеш да го направиш со еден, не со кој стигнеш. А и чим Грујиќ се шета по позајмици, не верувам уште еднаш да паднат на финтава :D
 
И да сакале да го земат тогаш немаше да можат затоа што Србин е и нема работна дозвола. Поради истото и не успеаа да го регистрираат Вања иако беше под капата на клубот и си замина во Торино.

Тешко добиваат нон ЕУ играчите дозвола за работа, Љајиќ исто не можеше да добие, на Рохо едвај му извадија, знам и Ливерпул се мачи со еден Бразилец, пет години со ред го праќаат на позајмица и џабе е.
Мислам дека Сергеј има шпански пасош.
 
СМС во Интер ќе иде не замарајте 5 страни без потреба. ;):)
 
Имаат исклучок кај што тимот ќе го претстави како специјален талент кој ќе придонесе за лигата и државата, па им даваат така. Ама сигурно не е едноставен начин и тоа затоа што има премногу играчи кои не успеале да добијат дозволи, посебно балканци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom