Еве Dexter пред некое време збореше дека тоа швабите ништо Германско не донеле, освен оптички интернет кој и тој знае да паѓа повремено, интернет кој што е само со 2 паќети и кој што за некои е скап. Еве сега моментално сум во Германија, и бев кај едно езеро (тромеѓе меѓу Германија, Швајцарија и Австрија) во Равенсбург и на секои 50 до 100 метри имаше Телефонска постојка на Телеком со активен Wi-Fi хотспот. Леле само колку се напредни, дури и за оптички интернет нигде не се гледа нит инсталација, нит кабли, нит ништо (за да не се руши угледот на било која зграда). И тоа му испаѓа дека навистина швабците ги мрзи да донесат нови работи у Македонија како што е во Германија што е жално.
Тоа докажува колку назадни сме како држава :/
Убаво да си поминеш, но малку погрешна ти е` математиката - швабите воопшто не се заинтересирани за инвестирање во инвестиции кои би биле од јавна корист за Македонците, туку единствено се заинтересирани за инвестирање во инвестиции од кои ќе извлечат максимален профит.
Да не беа останатите телекомуникациски оператори низ Македонија со своите оптички телекомуникациски мрежи за да му бидат сериозна конкуренција на Македонски Телеком, биди 100% сигурен дека денес сеуште ќе бевме заглавени со ADSL Интернет од Македонски Телеком.
Ако швабите навистина сакаат да помогнат во македонската економија, а истовремено да профитираат, ќе отвореа нови работни места во Македонски Телеком наместо да нудат отпремнина за вработените да си заминат, а истовремено и нивните работни места да ги префрлуваат во приватни компании кои соработуваат со Македонски Телеком.
Се знае која е` целта на швабите во Македонија - максимален можен профит, а вработените ќе служат како средство за остварување на таа цел - или преку црнчење за ситна боранија наречена плата, или како колатерална штета наречена технички вишок кој ќе биде отпуштен.
Жално е тоа што имавме само еден телекомуникациски оператор во Македонија кој вработуваше илјадници луѓе, а беше приватизиран, по што следуваа отпуштања и стагнација во квалитетот на телекомуникациските услуги во Македонија, која сигурно ќе потраеше подолго време ако не се појавеа локалните кабелски оператори низ Македонија кои со себеси го донесоа кабелскиот Интернет.
Всушност, Македонски Телеком едно време ги тужеше кабелските оператори бидејќи нелегално го редистрибуирале неговиот Интернет за своите корисници на кабелски Интернет.
Во основа, кабелските телевизии легално користеа Интернет од Македонски Телеком за кој редовно плаќаа, но на швабите не им се допаѓаше тоа што кабелските телевизии истиот тој Интернет го редистрибуираа на своите корисници на кабелски Интернет. Но судовите пресудија во корист на кабелските телевизии и со тоа кабелскиот Интернет доби амин од македонските судови за да почне да се шири низ Македонија - а ова беше во периодот помеѓу 2001 и 2005 година, што говори колку швабите навистина беа заинтересирани = НУЛА ПРОЦЕНТИ ИНТЕРЕС за да донесат квалитетна услуга во Македонија, наспроти нивните 100% интерес за да остварат максимален можен профит.
Ако шеташ подолго време низ Германија, појди до Бон и прашај таму некој од акционерите во Дојче Телеком дали воопшто знае каде е Македонија и дали воопшто има некаков интерес во отворање на нови работни места во телекомуникацсикиот оператор во Македонија кој е во сопственост на Дојче Телеком, или единствено го интересира профитот кој му следува еднаш годишно од дивидендата на Дојче Телеком.
Честит Велигден !!!