Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Длабоко жалам за одлуката на Работнички да не прими гостински навивачи иако според актите на Македонската кошаркарска федерација, има целосно право на тоа. Дури и ние му сугериравме на клубот да направи такво нешто во претходниот дел од сезоната за да се избегнат инциденти.

Дури и ние му сугериравме на клубот да направи такво нешто !!!!!!!

Каква глава е ова какви контрадикторности какво враќање на кошарката ЦИРКУЗ !!!!!!
a66646e3e9c3994b2183593e61b8be92.jpg


Sent from my Iphone 7
 
Ја сум некако песимист за финалево...
 


Зборував за дербиња во таа сала. Како група Фемили имале пеколни изданија , кои веќе си ги ставил.
 
Вчера МЗТ имапе добиен натпревар, цело време контрола на резултат, подлабок ростер, Мите се повреди останаа без плеј и во последната четвртина им се фатија рацете.

Го гледав вчера натпреварот и мора прво да се запрашам што ли прави Синовец во екипава не ми е јасно. Колку е слаб тоа е нешто невидено, ни одбрана, ни напад, шут катастрофа. Соколов - солиден, Дамјан - капитенски се до последната четвртина, Лалиќ - одличен, Нешовиќ - позитивно ме изненади, добро го чуваше Костов, Бојиќ - добар е дечково на моменти прави глупи грешки и е несигурен, Трајковски - повеќе тимски ако игра ќе биде поубаво, Ќебо - незначителен ефект во клучните моменти... Да видиме дали Симоновски ќе се оправи, убаво би било да биде во тим, ако му тргне шут...

Искрено Работнички изгледа доста инфериорен на центарска позиција и тука би требало добро да се искористи таа разлика во наредните натпревари. Очекувам серијава да оди прилично далеку со оглед на тоа што ептен се тесни натпревариве.

И за крај секаде во светот финалните натпревари се играат за публика, за ТВ, за реклами и годинава е одлична прилика за тоа, убаво ќе беше да имаше и гостински навивачи и да се создаде позитивна атмосфера за сите љубители на кошарката тука, сепак ова се дербиња во кои порано се оставаше срце на терен и глас на трибина. МТВ може пред натпревар да направи анализа, интервјуа, студио и да се отиде чекор понатака од само директно вклучување... Звучи прилично неверојатно, а со малку напор и желба може да се направи...
 
Од авион се глеа дека е договорено. Според мене ќе се играат 5 утакмици и на крај у мајсторка ќе изгубиме пошо редно време е да земе работнички. Дај боже да грешам :)
 
Јасно ни е на сите дека препејуваат и копираат наши песни, ама и соопштение да копираат од управата на работнички е ств жалосно. RIP Работнички.
 
Знаат дека ќе бидат 50-60 души па сеа божем ај ај
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom