Македонска берза

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
МТУР со 80% поголема добивка во кв1. :aplauz:

Новости:
-Покрената постапка пред Општина Карпош за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Р.М, за оформување на градежна парцела, за Хотел Карпош, при што треба да се дооткупат 154 м2, или во превод се планира проширување на Хотел Карпош. (y)

-Во 2017 легализиран е Хотел Водно. Да, колку и да е смешно, до сега изгледа немале имотен лист :eek::D Со ова се разјаснува зошто со децении таму не е инвестиран ебен денар мада сега со забранава за коли до Водно, не знам ни колку е паметно да се вложува таму:toe:

- Во 2018 се планирани 106 милиони денари за реновирање, од кои повеќето т.е 92 милиони денари за х. "Холидеј Ин"

- х. Бристол и х. Јадран., предложена измена на ДУП-от на Општина Центар, ако се усвојат, според Годишниот Извештај, ќе бидат реновирани/повторно изградени.

п.с Гледам во Надзорен Одбор се и Ванчо Узунов и Тито Беличанец, ваљда не се само за украс таму и ќе ги искористи Доне овие "комуњарски" конекции да ги реши имотно-правниве прашања.
Да не се за џабе тие 1 819 845 ден. за Надзорен Одбор..
 
Член од
27 јули 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Постои информација/шпекулација дека е договорена цена за Охридска околу 7500ден. Има ли некој потврда или други инфо? Споделете да го искористиме последнит воз за купување.
 
B

Bafra

Гостин
Постои информација/шпекулација дека е договорена цена за Охридска околу 7500ден. Има ли некој потврда или други инфо? Споделете да го искористиме последнит воз за купување.
Ти ептен конзервативен т.е најниската цена што си ја слушнал ја кажуваш, некои идат и до 8.400 :pijani: .
 
Член од
27 јули 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Ти ептен конзервативен т.е најниската цена што си ја слушнал ја кажуваш, некои идат и до 8.400 :pijani: .
Јас ја имам од вработени на повисоки функции во Охридска, е сега колку на нив им е точна цифрата се прашувам. Целта на форумот е да размениме информации, а кога има од повеќе извори вероватноста да се точни е поголема.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
...

-Во 2017 легализиран е Хотел Водно. Да, колку и да е смешно, до сега изгледа немале имотен лист :eek::D Со ова се разјаснува зошто со децении таму не е инвестиран ебен денар мада сега со забранава за коли до Водно, не знам ни колку е паметно да се вложува таму:toe:

...
Ти си еден од попаметните и поупатените активни членови на оваа тема на форумов.

Потсети се, кога паркирањето претставувало проблем за урбаната мафија ?

Зарем не постојат подземни паркинзи, или катни гаражи веднаш до станбените/деловните/хотелиерските/угостителските објекти ?

Ако не сите, тогаш речиси сите членови кои се` активни на оваа тема на форумов, знаат дека парите железни врати отвораат, а плавите жолтици сеуште не можат да се освестат од нивната изборна победа на редовните локални избори кои се` одржаа во октомври 2017, толку долго време имаат постено од 2006 до 2017 година, што сеуште не ни почнале да мрсат од кога се вратија на власт на 1 јуни 2017.

Еве веќе почнаа да си легнуваат на брашното во Аеродром, каде што нивниот локален херој Златко Марин пред октомври 2017 пееше една песна од типот "менување на спорните ДУП-ови", а сега пее друга песна од типот "не ме интересира, тоа се приватни имоти".

Има време до 2020, односно до 2021 година, допрва ќе се фатат плавите жолтици за орото на урбаната мафија, а Водно ќе биде спасено единствено ако не успеат да донесат водовод и канализација до Милениумскиот Крст, што и не е толку тешка работа, на крајот на краиштата 1066 метри надморска височина не е некоја астрономска височина, за 2 ипол часа или максимум 4 часа пешачење се стигнува од полициската станица до таму.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ако е извесна конверзијата кој продаваат илјадници акции секој ден
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Пријавувам дека денеска комплетно излегов од БЕТОН Скопје.
Пред неколку години бев еден од поголемите акционери (физички лица), а денеска сум комплетно во аут. Ова со дивидендата ми го потроши трпението. . . Искрено сметам дека фирмата нема систем на работа, а Минчо нема капацитет да управува со толку многу фирми што ги има под своја капа.
Бетон иако има обезбедено работа за следни неколку години не генерира доволно профит, вработените не работат, полни се со секретарки и администрација . . . а работниците сенка држат по градилишта . . . менаџментот гледа само за својот интерес и не ја контролира работата на терен . . . па затоа време беше комплетно да се разделиме :).
Ако не се продаде Бетон за некоја година ќе стане мизерна фирма, презадолжена, комплетно нефункционална во која луѓето ќе одат на работа само за да исполнат услови за пензија . . . .
На Бетон му се случува истото што се случува во Факом . . . Факом од добростоечка фирма во 2006/07 стигна на дереџе да неможе плата да земе без кредит . . . . Пријателите на Минчо, денешните директори во Факом, воопшто не знаат да работат, а стариот директор кој ја држеше фирмата почина.
За Вардар Градско не сум чул позитивна вест . . . А винаријата Стоби и Млекарата во кои се вложени доста пари пеат слична песна. РК Металург кој во еден момент беше македонска гордост падна на ниски гранки . . . За весникот Нова Македонија да не пишувам . . .
Топло препорачувам да не се инвестира во фирми каде Минчо е газда поради фактот што „ тивко тонат“, а тој ништо не контролира.

На Бетон му посакувам многу успех...
Акцијата е ефтина (можеби вреди 40.000), но јас не гледам перспектива со овој менаџмент на чело со Минчо.
http://www.seinet.com.mk/?docID=43219

Уште една добра одлука . . .
Бетон излегов и како секогаш предупредив уште во октомври . . .
Излегов на 12- 13.000 денари . . .
Денес сите што останаа акционери стануваат заложници на Минчо.
Нема дивиденда, нема цена на акцијата . . . .
Кој послуша, послуша . . . .

https://fokus.mk/beg-se-shiri-kon-gorche-petrov-i-planira-zgolemeno-vremetraene-na-greeneto/

Види, види БЕГ не се откажува од дистрибуција . . .
Купува ли уште некој Топлификација???
Градот не е кадарен да води нова Топлификација, а ќе наебеме сите ако му ја зема лиценцата на БЕГ. Кој ќе плаќа казни за тоа ???? Шилегов и кој да стои позади него си прави бајрам со мозокот :).
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
...

https://fokus.mk/beg-se-shiri-kon-gorche-petrov-i-planira-zgolemeno-vremetraene-na-greeneto/

Види, види БЕГ не се откажува од дистрибуција . . .
Купува ли уште некој Топлификација???
Градот не е кадарен да води нова Топлификација, а ќе наебеме сите ако му ја зема лиценцата на БЕГ. Кој ќе плаќа казни за тоа ???? Шилегов и кој да стои позади него си прави бајрам со мозокот :).
Хмм... проширување на дејноста на ЕДС која Кочо Анѓушев неодамна им ја продаде на гејците ?

Не би било изненадување, ем преговараат со гејците за менување на уставното име на Македонија, се очекува оваа година да биде продаден Хеленик Петролеум - во пакет со ОКТА, се разбира, нафтоводот Солун-Скопје сеуште чека дозвола за да почне со работа, па не би било изненадување по уште некој деловен партнер на неКолениот анѓуш и на шилето во шишето да си го пикне носот во топлификацискиот бизнис во Скопје, а можеби и пошироко низ Македонија.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Во една друга тема неповрзана со оваа, прочитав нешто вакво...

Тој мермер од прилепски комбинат Грците го продаваа на Арапи за да градат џамии. И патем комбинатот е во стечај.
Бидејќи @Inglourious Basterd не се одважи на одговор таму, ме интересира што има да каже берзанската форумска заедница на ова. Што е со комбинатот, од каде стечај?
 
Член од
6 октомври 2017
Мислења
240
Поени од реакции
150
[QUOTE="bosko007

https://fokus.mk/beg-se-shiri-kon-gorche-petrov-i-planira-zgolemeno-vremetraene-na-greeneto/

Види, види БЕГ не се откажува од дистрибуција . . .
Купува ли уште некој Топлификација???
Градот не е кадарен да води нова Топлификација, а ќе наебеме сите ако му ја зема лиценцата на БЕГ. Кој ќе плаќа казни за тоа ???? Шилегов и кој да стои позади него си прави бајрам со мозокот :).[/QUOTE]


Bas bajram i toa amdi se sigurni 102% :icon_lol: a i cestitki za odlukite
 

Kajgana Shop

На врв Bottom