
СИТЕ УМРЕА! WHAAAAAAAAATT?! Добро де не сите. Ама многу. Многу фаци скинаа, ги преполовија. И беше јако упм. Јако искуство, нема шо да кријам. Бев амејзд. Бев шокиран. Бев запрепастен. Бев у невера. Голтав кнедли. На работ на столот гледав у еден здив. И се’ им беше убаво набилдано, “earned“ шо би рекле америте и затоа гат панчот беше болен. На Марвел им јадат трици за бај-да-намбрс филмовите шо ги вадат и малкумина очекуваа дека ќе земат вакви чекори у нивен филм. Башка и посебно лошо дефинираните негативци, кои се крајно disposable и служат за карактерен раст на херојот. Овде излегоа од комфорт зоната, земаа ризик и им се исплатеше. Си останаа доследни на зборот. Рекоа дека ИВ е хајст филм на Танос, и тоа го доставија. Од најхајпаниот антагонист направија протагонист, со кој јебига публиката истовремено и се поврза и го замрази до коска, и така го претворија во анти-херој. Претходно публиката најмногу симпатишаше со Локи кој го играа на таа граница, и го преиграа. Па сега по ист рецепт и Танос. А уствари он им беше и најголемиот гембл. Танос да не упалеше и да не ја привлечеше публиката, главниот лик ќе им пропаднеше, а со тоа и филмот. Заканата од Танос и немоќта, агонијата на хероите се осети. Доаѓа лошиот со една цел, кон која што рапидно граби и тешко му се гледа крајот.
Во сиот шок од покољот шо го направи, неколку моменти тешко емотивно се процесираа. Иако лично очекував да ја кикнат ама у подруго сценарио, жртвата на Гамора беше голем шок

и ужас момент. Танос ги продаде солзите и тагата, публиката му поверува дека постои љубов во него колку и да е психо. Башка и што љубовта на твистед начин му беше возвратена од Гамора, јер оваа покрај сета болка и загуба колабираше од плач кога мислеше дека го уби претходно. Кнедла во грлото ми се собираше кога Квил у невера гледаше кон Танос и му викаше да каже шо направил со неа

. Прет добар беше овде. Ама кога Питер умре. Ууххххх мајко. Emotions overload


. Том Холанд како ја пропаде сцената, чилс. Од “I am not feeling so well’’ до ‘’I don’t wanna go mister Stark’’ - перфектна изведба. Нечовек треба да си да не пукнеш, иако подсвесно знаеш дека сите ќе ги вратат. Башка и агонијата у која што остана Старк, реализацијата дека му се обестинува визијата и стравот од “судниот ден на авенџерите“ од претходно и сета паника шо го реметеше од тогаш. Џизс
Еден шаут-аут мора да фрлам и до
Тор. Најбедесс влез у битка ЕВАААААРРР

у Ваканда кгоа им стапна. Односот и динамиката шо ја имаа со Рокет беше врв. Thank u sweet rabbit


. И не само он, сите гардијани ми беа куул и добро напишани овде. Гардијанс-1 така и така, ама двојката беше unwatchable и се плашев најмногу од нив да не се посерат врз тонот филмот. Како си ја певушеа рабрбенд мен Квил и Гамора

Иако е уште во свежо сеќавање, ИВ сигурно ми е еден од омилените Марвел филмови. Горе е со CW & WS. Екстра поени од мене добива ЈЕР има многу повеќе филинг на права стриповска прича и повеќе е навлезен у тој “филм“. Self-aware e и го вади максимумот од тоа. Прави голем фен сервис, има големи последици, големи загуби, прв клиф хенгер, остава горчлив вкус, им дава голем мотив на хероите за понатаму и отвара кратер за шпекулации.
ПС - Јак момент ми беше како различните камења му светкаа респективно на ракавицата на Танос со начинот на кој што ги користеше. Куул стаф