Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
13 јануари 2015
Мислења
794
Поени од реакции
272
Земај го, не се мисли за тие пари е добар... преден амортизер има, кочници со диск, убаво изгледа , и најважно од се што тебе ке ти одговара т.е. соодветен на твојата висина е , и не е скап премногу . Мој совет е да го купиш
Фала ти многу
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403

за тие кој не знаат и не чуле за ова. После ратот кога бев јас мал и немавме сите точаци,одевме во паркот и за пет денари возевме прав точак 5 минути.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177
Ај сега вака да прашам. Од Велес до Штип смеам по експресниот пат да возам?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699

Да, јас го возам тој редовно. Иако би ти препорачал од овче поле накај штип да возиш по стариот пат, малку дупки има, ама побезбедно е. Едната страна од автопатот е направена и моментално работи како експресен пат со по една лента за секоја насока, ама не е обележан и луѓе летаат брзо и кај сакаат. Лани го возев тој пат и новиот асвалт е милина за возење, ама се вози лудо. Од велес до овче поле немаш гајле, супер асвалт, обележан како што треба, ќе имаш 1метро лента само за тебе.
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
како се справувате при напад од кучиња? ултра звук? спреј? петарда? хебла? бегаш? застануваш...и те јадат?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
како се справувате при напад од кучиња? ултра звук? спреј? петарда? хебла? бегаш? застануваш...и те јадат?
На рамно спушташ неколку брзини надоле и вртиш ко луд, на рамно, на асвалт тешка работа да те стаса куче. Пред некоја недела налетав на 3 стада овци, 2 од едната страна на улицата, 3тото од другата страна. Едно куче ме залаја и од двете стада заедно што беа сите кучиња ми се пуштија, кога изрипаа 8 шарпланинци какво застанување, пали вози. На страва после гледам каденца 143 со 204 одкуцаи на срцето :D

Реално немаш многу опции за справување, ултразвук е лоша идеја, само ќе ги изнервира уште толку, петарди додека запалиш фрлиш и да пукне касно ќе биде. Единствена ок опција се оние свирки/труби со компресиран воздух, па да го извадиш од памет кога ќе ти се приближи, ама во сите овие случаи треба константно да се движиш. Ако заглавиш на угорно тогаш едина опција ти е да станеш од точакот и да го држиш точакот меѓу тебе и кучето и полека да свртиш да можеш да бегаш во спротивната насока. Од овие селскиве џукели, веќе никад не планирам рути што идат низ села, непредвидливи се и најлошо е што напаѓаат без предупредување.
 
значи сепак последната опција, застануваш .... и те јадат?
мене ме нападна едно, арно ама коза залаа се пуштија од сите сгеани едно десетина џукели, среќа бев навежбан, :) направив рекорд и јас на страва...значи чарееее немааа
 
Само избегнување, се додека законите не важат за овчарски кучиња така ќе биде. Можеби некој убав ден некој политичар ќе биде изеден од ваква џукела па после од инат да ги забранат овчарските кучиња. До тогаш...
 
ааахххх нив ни кучиња не ги јадат :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Како се лепи ова чудо....ми диши на саат време, дали да пробам со оние спрејови за тубулес гуми незнам.

VITTORIA COMPETITION RALLY 21 28''
 
Член од
21 март 2017
Мислења
142
Поени од реакции
89
На рамно спушташ неколку брзини надоле и вртиш ко луд, на рамно, на асвалт тешка работа да те стаса куче. Пред некоја недела налетав на 3 стада овци, 2 од едната страна на улицата, 3тото од другата страна. Едно куче ме залаја и од двете стада заедно што беа сите кучиња ми се пуштија, кога изрипаа 8 шарпланинци какво застанување, пали вози. На страва после гледам каденца 143 со 204 одкуцаи на срцето :D

Реално немаш многу опции за справување, ултразвук е лоша идеја, само ќе ги изнервира уште толку, петарди додека запалиш фрлиш и да пукне касно ќе биде. Единствена ок опција се оние свирки/труби со компресиран воздух, па да го извадиш од памет кога ќе ти се приближи, ама во сите овие случаи треба константно да се движиш. Ако заглавиш на угорно тогаш едина опција ти е да станеш од точакот и да го држиш точакот меѓу тебе и кучето и полека да свртиш да можеш да бегаш во спротивната насока. Од овие селскиве џукели, веќе никад не планирам рути што идат низ села, непредвидливи се и најлошо е што напаѓаат без предупредување.
Какви се тие труби/скирки со копресиран звук?? ако можеш пратими слика.. или постави овде да ја видиме, и кај има такви да се купат?
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Каде можам да најдам мапа на елевација на некоја рута?[DOUBLEPOST=1525271918][/DOUBLEPOST]
како се справувате при напад од кучиња? ултра звук? спреј? петарда? хебла? бегаш? застануваш...и те јадат?
Јас само нагазувам и после 5-10 секунди не ме бркаат.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Како се лепи ова чудо....ми диши на саат време, дали да пробам со оние спрејови за тубулес гуми незнам.

VITTORIA COMPETITION RALLY 21 28''
Ова се претпоставувам тубулари, гуми кои зависат од „лепак“ или sealant за повторно да држат воздух ако нешто ги пробие. Тој sealant со тек на време се суши, не е во течна состојба, и ја губи способноста да ги лепи дупчињата.

Што можеш ти да направиш? Да купиш шишенце кое во македонски жаргон се нарекува „млеко за тубелес“, така и ќе го бараш во продавница. Најефтиното што го најдов на наш пазар беше во Bikestop по Орце Николов. Пред да купиш, ќе провериш дали ѕиваната е од тие што имаат одвртувачко јадро. Како?

- под она „мутерче“ кое го одвртуваш за да пумпаш гуми има кратко навојче од 3-4 кругови. Ќе се фокусираш на тоа навојче, кое (ако е онаква ѕивана која ја бараме) ќе има две зарамнувања за да може да се фати со клешта.
- ако е таква ѕиваната, купуваш „млеко“, ја одвртуваш ѕиванта, ставаш 1/2 од млекото внатре, го враќаш назад јадрото, пумпаш на соодветен притисок и потоа седнуваш и возиш неколку круга низ маало, да може да профункционира млекото. Таму каде што гумата е дупната веројатно ќе забележиш протекување на млеко, ама така си функционира, ништо страшно.
- НАПОМЕНА: барај едно шишенце, сосема е доволно да ги наполниш двете гуми. Можда ќе пробаат да ти продадат две, затоа ти кажувам.

Ако заглавиш некаде, кажувај. Поздрав!
 
Член од
3 мај 2018
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво на сите,
Пред 10 дена купив нов велосипед со хидроулицни кочници кои ми рекоа дека важат за доста подобри од механичките......................... Притоа кога го земав ми напоменаа дека треба два-три пати да се пуштам од Водно за да се израмнат плочките према дискот за да има добро кочење. Така и направив, 4 пати се спуштив од средно водно. Но нема никаква разлика во кочењето,односно мислам дека е многу полошо сега. При стегање на кочницата се слуша звук на триење метал на матал и тоа доста гласен звук, а кочењето е доста слабо,треба ептен силно да стиснеш за да застанеш.
Ме интересира ваше мислење и искуство околу хидрауличните кочници,начинот на кочење и дали треба да испушта таков звук при кочење
Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom