Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.169
- Поени од реакции
- 25.901
Не сум сигурен за Диво Насеље. Некако премногу наивно ми е дестаблизација со 20-30 учки во кумановско гето. Мада не го исклучувам како америчка опција за преупредувачко заплашување. После 2001-ва касно е веќе сега, орките се во секоја пора и играат по амерички ноти. Со целата македонска апатија, пацифизам и космополитизам од една страна, а агресија, лактање и суптилен тероризам од кај орките, Американците нема од што да се плашат. Црна Гора беше далеку повеќе под руско влијание посебно од економски и инвестициски аспект па си легнаа на брашно.Па кога ќе размислиш малку политичката криза во Македонија вклучително и случката од Диво Насеље беше некаква дестабилизација на државава и може да се каже дека е во таа насока.
Во сета оваа каша имај во предвид дека генетски населението во регионот (Мала Азија, Сирија, Азербејџан, Ирак, Либан) е претежно Пашту население, тоест персијци... Едните се Потурчени, другите се поарабени, меѓутоа генетски се Персијци. Денешните Курди, Ерменци и донекаде Асирците во регионот ја имаат зачувано својата оригинална култура. Е сега потурците (Мала Азија и Азербејџан) имаат поизразен Турски национализам одколку поарабените Сиријци и Либанци на пример, кои иако се нарекуваат арапи, сепак Иран го осеќаат за поблизок од КСА на пример.
Генерално исто како и Турција, Иран има огромен потенцијал кога станува збор за влијание во регионот на блискиот и средниот исток. И реално Иран и Турција се единствените реални ривали во регионот. КСА како фактор се појави само заради Американското фаворизирање....
Немој да го потценуваш Руското влијание во Израел. Повеќе од 80% од Израелското население потекнува од Русија. Моментално огромно влијание имаат еврејските асети во САД, меѓутоа како иде времето се повеќе и повеќе е изразено и про-Руското влијание.[DOUBLEPOST=1525119246][/DOUBLEPOST]
Интересно, ова е првата влада на Иран, после исламската револуција, која го призна холокаустот....
Генетска каша е посекако, а и призмата на гледиште не е секогаш религиска, ама more often than not-е религиска. Сите непријатели на Асад се скоро 100% сунити освен Курдите, кајшто се мешани. Од друга страна војската на Асад е мешана, додека се несириско што се бори зад него освен Палестинската гарда е скоро 100% шиитско, Иран редовно испраќа доброволци од средниот исток пред се Пакистанци и Авганистанци шиити на фронт. Загаранитан пасош и некоја пара плус. Двосеместрален предмет на факултет би бил само објаснувањето кои се инволвирани страни директно и индиректно во тој конфликт.
Турција и Иран се главните регионални играчи таму посекако. Доста допирни точки. Лоши односи со САД, лоша перцепција кон Израел, курдско малцинство кои обете не го сакаат и им смета во геостратешките интереси и можеби и најбитното двете земји имаат различна таргет група на пазарот, Турците се свесни дека нема да можат да остварат влијание кај шиите нити пак Иран кон сунитите. Она што е логичен пазар за Турците се сунитските зони и да лапнат од саудијскиот колач, не чекаа ни секунда да пратат помош кон Катар кога беше блокадата, а активни се и во поддршката на Палестина. Турците заедно со Катар беа можеби единствена земја во регионот на којашто и одеше во прилог победата на Морси и Муслиманското Братство во 2013-та. Од друга страна во НАТО се, битни им се на САД. Ердоган има прилично добри карти ако знае да ги одигра.
Ако добар дел од евреите во Израел се од Русија, тоа не значи дека ќе го стават рускиот интерес пред израелскиот. Израел со гаранција ќе бара тргање на Иран и Хезболах од Сирија. Не верувам дека ни Асад, ни Путин ќе му го удоволат тоа. Израел до сега неколку пати напаѓаше позиции и на Асад и на иранци и Хезболах во Сирија. Не можат интересите и смртните непријатели магично да се сменат. Плус Трамп е најпроизраелскиот претседател до сега. Премногу се компатибилни интересите на САД и Израел во Сирија за да се очекува поинаков сплет на настани на тема Израел.
Судејќи по тоа каква беше операцијата во Табка, со хеликоптерски десант директно во територија на ИСИС како на филмовите, смрди на америчка акција, така што ставам пари на првата опција дека се нас'скани од Американците. Жртвуваа немал број на животи за да им удоволат на Американците. Претпоставувам дека имаат нешто дебело обеќано, иначе да ти гинат твои луѓе за да го освоиш главниот град на ИСИС, во територија каде нема што да бараш и на крај се тоа за џабе да излезе ќе биде една од потешките глупости во поновата светска историја. А тоа ќе го дознаеме наскоро доколку...Освојувањето на Рака, Табка и се јужно и источно од Еуфрат каде што немаат нивно население е или наредба од Америка или создавање на една зона во која при евентуален судир со Асад или џихадистите би им дало голема предност и време да организираат одбрана на својата територија. Настрана фактот што во евентуални политички преговори тоа им носи многу поволна позиција. Моменталното искористување на ресурсите ќе го оставиме како небитно.
Ердоган мислам дека ќе оди докрај со Манбиџ. Се наоѓа во многу поволна ситуација од која може многу да добие, може да ги игра двете страни и за да не тргне кон Манбиџ веројатно ќе бара (најверојатно е во преговори) многу од Американците. Се надевам дека ако се случи тоа Курдите нема да се штедат како во Африн.
Ердоган се реши да го нападне Манбиџ. А тука се неколку опции во игра затоа што во Манбиџ има и американски трупи. Прво да не го нападне што значи дека Американците го седнале султанот на место. Да го нападне без одобрение на Американците што доколку не се спротистват и се повлечат значи бркото да излезе м'нга, а Американците ги пуштаат Курдите низ вода. Да го нападне со не на драго срце одобрение на Американците што значи дека овие ги пуштаат Курдите низ вода втор пат после Африн. И секако Курдите доброволно да се повлечат од Манбиџ и не на драго срце да му ја отстапат територијата на Асад, затоа што не верувам дека во таков случај би му ја отстапиле на Ердоган. На микро ниво ќе видиме колку е моќна позицијата на САД од тој исход. Секое нивно повлекување од таму, без притоа да испазарат добар дил од тој договор што може нема одма да го дознаеме значи повлекување и слаба позиција. Трамп најави повлекување од Сирија, секако не му е прв пат да излаже, ама ако се повлече ги става Курдите меѓу чеканот на Ердоган и наковалната на Асад. И плус значи дека се предава во тој конфликт. Ердоган нема да има проблем да биде bad cop во таа ситуација.
Последно уредено: