Ова мислам дека со сигурност ќе се случи.
Си кажа уште пред година-две дека нема да доволи Курди западно од Еуфрат. И уште повторува. Баш ме интересира каква ќе биди реакцијата на Американците.
За освојувањето на целиот источен брег на Еуфрат виновни се Американците, а не Курдите. Курдите се алатка. Не можат да си дозволат Американците директно врзување на шиитите во Сирија со тие на Ирак. Не барем засега.
Малку повеќе време ми требаше, ама да се навратам на одговорите. Ако во Африн немаше (барем официјално) американско присуство, во Манбиџ има, како што има и источно од Еуфрат. Дали султанот ќе се обиде да ги тестира америчките нерви е прашање што само времето ќе го открие, ама лично мислам дека нема. Му остана само уште идлибскиот џеп и колку ќе ќари влијание таму ќе биде крајно, мислам дека тоа ќе му биде максимумот. Се друго значи директна конфронтација или со САД или со Русија. Сега е во поволна позиција може да ги игра двете страни. Подобри взаемни интереси има со Асад/Русија, заради тоа што ниту на Асад ниту на Ердоган не им одговара јаки Курди, додека пак за САД тие се единствен начин да останат со влијание во регионот.
Точно дека Kурдите се алатка, ама не мораше да ја прифатат таа улога до тој размер. Мајка бараа во Табка, Рака и територии каде што ги нема. Не верувам дека териториите источно од Еуфрат со мнозинство Арапи ќе бидат среќни со Курдско владеење, без разлика дали тие Арапи таму се про Асад, Ал Каеда или Исис. Ирачките Курди на пример кога беше офанзивата на Мосул учествуваа до оној момент додека не се ослободија териториите населени од Курди, после тоа се повлекоа од битката за самиот Мосул. Сириските Курди едно време беа во идеална позиција и цицаа од две цицки, сега дефинитивното преоѓање на америчката страна ќе си ги сноси сите добри и лоши последици од тоа. Не им беше сеедно кога американците не мрднаа со прст во Африн и ги оставија Турците да им прават што сакаат.
@Sussaro
Договор меѓу Ердо и Путин гарант има... а како што ми изгледа работата имало и порано, буткањето на авионот од сегашен аспект најверојатно било дело на пучистите да се прекине тој договор... Па не за џабе излегоа гласините дека Русите го спасиле во пучот, реакцијата на подржувачите на Ердо беше скоро инстантна ноќта. А седиштето на пучистите беше во Инџирлик... Да не зборам за системот С400 со кој Турција ќе стане доминантна во регионот и прва земја која после Кина го добива овој систем. Значи соработката е очигледна и стратешка и воена и политичка...
Што се однесува до инвазијата на Ердо во Сирија, и тоа е договор, сега меѓу Ердо и Асад со подстрество на Путин можеби... Ќе ги ослаби Курдите и win-win ситуација, нема да мантраат независност и нема да бидат полигон за напади во Турција...Ова не е прв ваков излет на Турција во Сирија и во Ирак... Курдите едноставно не ги прати среќа, по мене тоа е лоша карма и клетва од Ерменците, пошто тие биле Турските кучиња тогаш....
Што се однесува до ситуацијата на теренот, искрен да бидам, не ја пратам војната во толкави детали и секоја чест за познавањето на деталите на теренот, јас само знам дека бунтовниците се во тесно и дека губат и дека Судијците се посрани до даска, не само во Сирија, туку и во нивното предворје... Но тоа беше логичен след на настаните, поготово со една разбудена Русија, која им даде ветар во грб на Иран, за оваа авантура на полуостровот. Овој дефокус беше неопходен за победа во Сирија, не е дека саудите се паднати на колена, ама не е и дека им цветаат ружи... Не се паднати на колена од причина што се тие адутот на САД во регионот, покрај Израел се разбира. Затоа сега Трамп прави зацрстување на разнишаните позиции со Израел, бидејќи знае дека Израел многу лесно може да се наклони кон Русија, ако види дека САД ја губи играта на блискиот исток. Рачунај дека втор говорен јазик во Израел е Руски....
Е сега, како што дефокусот на полуостровот направи победата да му се добижи на Асад/Путин, така и друг дефокус би можел сериозно да ја разниша таа победа. Тоа би можело да биде балканот или Украина, а можеби и двете. Како што прочитав, во Украина 17 пати е прекршено примирјето во последните 2 недели или сл, а балканов сам по себе е легло на сомнителни верски организации финансирани од саудите..... и можеби Нагорно Карабах, што не ми се верува бидејќи сепак влијанието на Ердо во Азербејџан е поголемо од влијанието на САД.
Еве јас да сум САД (нели јас сепак имам ограничени информации) во ситуацијава би удрил ја дестабилизирал Македонија, Босна и би го обновил конфликтот во Украина.. Е сега, незнам тука, влогот би се зголемил, дека несомнено е дека при неуспех може да ја изгубат и Украина, што не би било многу опасно, како на пример да ја изгубат Македонија и/или Босна. А од друга страна наивно ми е некако да поверувам дека тек така ќе се откажат од Сирија, а џокери им снемува веќе...
Ќе видиме што ќе се деси..[DOUBLEPOST=1521154688][/DOUBLEPOST]
Шиити во Сирија се 15% не се релевантен фактор како верска заедница.. Асад сепак има голема подршка од голем дел на Сунитско и на целото Христијанско население... Мислам дека војната покрај верски во голем дел има и етнички карактер..
Првичната желба на Ердоган беше пад на Асад при што Турција преку своите исламистички фракции би имала голема контрола во Сирија. Кога виде дека Русите влегоа, а Курдите зајакнаа офанзивно пост опсадата на Кобане амбициите му паднаа на тоа Курдите да се што послаби. И тоа не се единствените заеднички интереси со Русија. Трговија, гасовод, вооружување, азилот на Ѓулен во САД што имплицира дека го чуваат како џокер во некое идно сценарио итн... Курдите се распростанети на земји кои не ги сакаат. Другото НЗС на земјите каде што се Курдите е несакањето на Израел. Израел отворено е против Сирија и Иран а најблаго кажано односите им се комплицирани со Турција и Ирак. Ќар од независен Курдистан покрај самите Курди би имале единствено САД и Израел. И ако видиш во реалност првите директно ги штитат а другите во сите реторики ги спомнуваат како големи пријатели, народ кој ја имал истата судбина како нив со протерувања, убивања, прогони и сл. Интересите на САД и Израел по тоа прашање како и по ставот кон Асад, Иран, шиитските сили итн. е безмалку идентичен. Не верувам дека Русија може да изврши некое влијание врз Израел тоа да се смени. Секако, Нетанјаху ќе игра пажливо и дипломатски како и до сега, ама сигурно нема против себе да оди.
А да, уште нешто, секое прекројување на Сирија би му дало на Израел правен легитимитет да ја присвои Голанската Висорамнина. Сега во Обединетите Нации статусот на таа територија сеуште е-окупација. Но доколку Сирија престане да постои во досегашната меѓународно-правна и суверена смисла, тоа значи нов ентитет што бара одново признавање од другите држави од ОН и сл (нешто како распадот на Југославија). Во таква ситуација му се отвора поголема дупка на Израел да се избори за територијално присвојување.
Саудиска Арабија моментално е политички и дипломатски послаба од било кога. Стариот крал има Алцхајмер а младиот изволева бесни глисти. Фијаско во Јемен, групацијата поддржана од ОАЕ го окупира вториот град по големина Аден од приврзаниците на Хади кои се под директно покровителство на саудијците, Хутите далеку поинфериорни со пари, технологија и ресурси си ги дупат и им влагаат дома, нарушени односи со Катар, Египет им игра топло ладно а Кина им влага во односите со најдобриот им пријател Пакистан, кој е интересен за Кинезите како контратежа на Индија која им е конкурент. Малиот ќе развивал туризам како во Дубаи, ќе ставал соларни панели, ќе ја диверзифицирал економијата, додека во меѓувреме пола братучеди сакаат да го заколат ради рипање на линија на наследство и хајката што им ја направи. Во Левантот влијанието им е малтене нула, Турција им го превзема влијанието кога се во прашање сунитските фракции. Да сум јас Иран чекам да умре стариот и одма влагам во Бахреин, не верувам дека мочково во сегашната позиција може да издржи уште една бахреинска 2011-та.
Единствен интерес од дестабилизација на Македонија во моментов има единствено Русија. Што ќе им е на Американците тоа? Изградија толкав штаб на ЦИА на Кале, со еден телефонски повик решија кој ќе формира влада на последниве избори, и Зајко и Гвујо мора да коалицираат и пушат на Ахмети и орикте, кои да можат да им влезат во шупакот на америте ќе им влезат. Црпнатиов е пред чекор до менување на Устав, име, пол и продавање на родна мајка за да влезе во ЕУ и НАТО. Чуму им е дестаблизација на МК?
Војната пред се има финансов и стратешки карактер. Но, религијата има особено значење како врзна нишка во тие интереси. Замисли, Арапи се борат против Арапи. Асадистите за поблизок го осеќаат Иран како неарапска земја, отколку Саудиска Арабија како арапска. Од друга страна Арапите исламисти во Идлиб за поблиски ги осеќаат Турците, отколку Арапот Асад. Многу ретко етникумот да е поважен отколку религијата, тргни од себе, да имаш ќерка пре би сакал да се омажи со Македонец муслиман или странец христијанин? Исклучоци има да речеме кај Курдите, Азерите кои ги чувствуваат Турците како браќа, иако Азерите се доминантно шиити а Турците сунити и донекаде кај Албанците во Албанија кои често кажуваат дека единствена религија им е албанизмот, ама тоа до некаде се должи и на масивно натураната националистичка идеологија од страна на Енвер Хоџа кој па од друга страна толку ги срозил верските инситуции та и тие денешни Албанци муслимани од Албанија се муслимани колку што се христијани оние Македонци кој од христијанство подразбираат кршење на јајца за Велигден. Ова секако не важи за орките од Косово и секако и особено нашиве орки кои се најзатуцани и религиозно и националистички и образовно и културолошки и секако.
Од другите вести, Јужен Дамаск е пред чистење, а масовно се бомбардира растанскиот џеб меѓу Хама и Хомс. Следна е Дараа. После Дараа играта станува се понепредвидлива и понеизвесна.