Македонска берза

Член од
3 април 2014
Мислења
23
Поени од реакции
42
Според сегашната еуфорија можеби е рано, но од ден во ден се повеќе размислувам кога ќе излезам од MSE.
КМБ се движи како во 2006 год. кога од 3600 за неколку месеци отиде на 7200.
Овде сум со 70 % од портфолиото, просекот на влез ми е 3000 ден.
АЛК во 2017 год. се однесуваше како во 2007 год.
Овде сум со 13 % од портфолиото со влез на 5000 ден.
Дали да се чека 2019 год. и како ќе влијае најавениот данок на капиталната добивка?

bosko007 честитам на точната прогноза, искреноста и бранењето на своите ставови во 2017/2018 без да плукаш по никого додека некои плукаа по тебе.:aplauz:
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Според денешните скокови на цените на СТБ и ППИВ, можам само да заклучам дека некој имал инсајдерски информации за кварталните резултати или дивидендата па купувал. Ова се случува веќе по десетти пат, такашто е очигледно дека поединци од институциите се користат со доверливи информации за лично богатење како ова да се нивни лична држава и финансиски пазар.

Со ова на сите нас на среден и долг рок ни нанесуваат немерлива штета, затоа што ниеден сериозен инвеститор нема да плаќа скапи аналитичари да му го истражуваат пазарот и да чешлаат финансиски извештаи барајќи добри прилики за инвестирање кога некоимити Курто и Мурто на ваков простачки и сељачки начин можат да заработуваат тргувајќи врз основа на доверливи информации!

Ова е многу сериозно кривично дело за коешто во која било нормална држава би заглавиле по 5-10 години затвор уз конфискација на нелегално стекнат имот и забрана за работа во финансиската индустрија. Во таков случај, откако ќе излезат од затвор, би можеле да влезат во банка едино во униформа од Секјуриком да ги исчистат вецеата!
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Средства се бришат или им се намалува вредноста па после се додаваат во добивка со полна вредност и се појавуваат во Биланс на успех. Исправка на вредност на средства е профитот на КМБ не е од оперативна активност. Слично беше и донекаде и со ТНБ, иако таму има повеќе од оперативна активност. КМБ игра многу со тие средства од големи загуби до големи добивки вади...ТНБ за кв1 исто има приходи исправка на вредност на средства само не е толку екстремна како кај КМБ. Додека па ТНБ има големи приходи од Останати дејности (мислам дека ова е НЛБ фондот).
Резервацијата си останува само не е прикажана во билансот, како мислиш да ги намалиш средствата ако е 100 % резервиран па отпишан, во билансот на успех не менува ништо
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Добро е што има дечки што се реални и не се инаетат . . . Има и благодарни .
Јас всушност се трудам да бидам конструктивен.
И алал да Ви се парите што сте ги направиле, а посебно ми е драго ако јас сум придонел барем малку за тоа :) . . . @Branchez не слушаше, се инаетеше и затоа не доби повеќе. Прерано излезе од Комерцијална 3150 ден., влегуваше на 970 во СТБ пред една година, се караше на релација КМБ - СТБ . . . И кој загуби . . . . Тој . . . .
Искуство. Искуство. Искуство. Долгорочно. Трпение.
Тоа е рецептот. Без некои тајни извори, без инсајдери, иако имам некој канали не ги користам . . .
После 10 години секојдневно поминати на берза некој работи стануваат доста предвидливи. . .
Едноставно знаеш што е ефтино, а што скапо . . .
Големи банки беа фикс изминатите години, па така и не ми требаше ни кугла, ни инсајдери . . .
Многу е битно да си реален, самокритичен и да го познаваш македонскиот и директорскиот менталитет . . .
Јас моето искуство го споделувам по форуми. Тоа на сите ни одговара.

А Охридска и Комерцијална беа чист фикс, немаше промашување.:aplauz:
Kapa dolu druze. Dal si gi pogodil na srekja ili ne, ne znam ali se sho kaza taka e . Gi forsirase KMB i OHB poslednite 5-6 meseci javno, gi otvori kartie, si go kaza tvoeto mislenje i taka isladna. Drugite mozi da kazuvaat so sakaat ama ne bea ni blisku do tvoite prognozi :aplauz::aplauz::aplauz:
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Средства се бришат или им се намалува вредноста па после се додаваат во добивка со полна вредност и се појавуваат во Биланс на успех. Исправка на вредност на средства е профитот на КМБ не е од оперативна активност. Слично беше и донекаде и со ТНБ, иако таму има повеќе од оперативна активност. КМБ игра многу со тие средства од големи загуби до големи добивки вади...ТНБ за кв1 исто има приходи исправка на вредност на средства само не е толку екстремна како кај КМБ. Додека па ТНБ има големи приходи од Останати дејности (мислам дека ова е НЛБ фондот).
Има голема вистина во горенаведеното. Имено, и кај двете банки треба да се земе предвид дека во првиот квартал има вонредни приходи, кои нема да се повторуваат во наредните извештаи. Конкретно, кај КМБ е капиталната добивка од продажбата на Брилијант, износ 443,5М, а кај ТНБ капиталната добивка од НЛБ пензиски, износ 376,3М ден.

Значи кога се проектира годишната добивка, на досегашниот резултат се додава Кв1 минус вонредните приходи х3.

И така не искача лошо, мора да признаеме, особено кај ТНБ, која има органски раст и помал вонреден приход. Испаѓа двете банки може да завршат преку 2000М, ако не се случи некое мнооогу големо изненадување, мислам за нас аутсајдерите, нешто да не знаеме а се чува под тепих.

И тука ми е мутна работата. Не ме мрзеше и ги вртев билтените на МСЕ, да видам кога е последниот месец кога учеството на странски инвести во КМБ не се намалувало. Ми требаше да одам све до април 2017. Значи 11 месеци по ред странците искачаат од КМБ. Од учество 37,74% на сегашните 8,43%. Значи не ситна боранија, туку крупни инвеститори со претставници во надзорен одбор со добар увид во работењето на банката.

Со други зборови, инсајдери, кои продаваа на цени 2800-3750. Еве ти инсајд инфо Грими! И можам да се кладам во трите илјади евра што ги изгубив со прераната продажба пред две недели, дека трендот ќе продолжи и во април оваа година.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
И тука ми е мутна работата. Не ме мрзеше и ги вртев билтените на МСЕ, да видам кога е последниот месец кога учеството на странски инвести во КМБ не се намалувало. Ми требаше да одам све до април 2017. Значи 11 месеци по ред странците искачаат од КМБ. Од учество 37,74% на сегашните 8,43%. Значи не ситна боранија, туку крупни инвеститори со претставници во надзорен одбор со добар увид во работењето на банката.
Со други зборови, инсајдери, кои продаваа на цени 2800-3750. Еве ти инсајд инфо Грими! И можам да се кладам во трите илјади евра што ги изгубив со прераната продажба пред две недели, дека трендот ќе продолжи и во април оваа година.
Важно четиво. Вистината околу странците.

Странците беа терет на македонска берза од 2008 па до сега . . .
Тие веќе 10 години вршат притисок на продажна страна . . .
Продаваат по нереално ниски цени. Како фондови нив не им е гајле на која цена продаваат. Битно им е да ги задоволат нивните клиенти. Голем дел од тие странски фондови се или пред стечај или во стечај.
Ако во 2005-2007 странските фондови беа оние што ги туркаа акциите горе од 2008 тие се фактор што ги турка акциите долу. . .
Јас за разлика од некои се радувам што странците излегуваат од КМБ, па меѓудругото затоа и акцијата сега расте . . . Тие странски фондови кога ќе си го средат дворот и ако намирисаат пари, повторно ќе се вратат . . . Тие странски фондови толку многу пари изгореа во Агрокор и Меркатор што години ќе им треба да ја повратат довербата кај нивните клиентите.
Берзата во Македонија понатаму ќе ја движат домашни ликови, а доста физички лица ќе го подржат тој процес поради фактот дека каматите за депозити се многу ниски, а така и ќе останат во следните 4-5 години.

Еве пример за горенаведеното.
СГ влезе во ОХБ на 8150 денари, а после заедно со странски фондови купуваше акции по цена поголема од 9000 денари (тоа беа акции кои ги поседуваше отекс). Странец нема купено акција од ОХБ под 2650 денари (номинална), а најголем дел ги продадоа околу 2000 денари.
Кога странските фондови влегоа во гомна истите тие акции купени по 9500 денари ги продаваа за 950 денари. Сите тие акции ги собраа домашни ликови Солопром, зетот на Алкалоид . . . .
Откако странците доволно излегоа, притисокот на продажна страна се намали и ОХБ почна да расте . . . Слично беше и со СТБ . . . А сега истото ќе се повтори и со КМБ . . .
Единствено во ППИВ и ПКБ странците во последниве неколку години позитивно влијаеја на цената на акцијата . . . Тие престанаа со купување и овие две фирми стагнираат . . .
Скоро да нема фирма во мкд каде странците го зголемиле уделот во последните 10 години, освен оние што се целосно превземени.
Берза е понуда и побарувачка. Не е битно чии се парите . . .

p.s.
Можеби подобар репер за интересот е уделот на странски физички лица во сопственоста.
Овој удел кај ОХБ на пример е поголем отколку во 2011 година .
 
Член од
6 октомври 2017
Мислења
240
Поени од реакции
150
Tolku napisano a nema "like", aaaaa eve od mene za trudot barem, bravo !!!
 
Член од
2 март 2016
Мислења
39
Поени од реакции
9
Odlicni razmisluvanja. Kako ponov na mse vekje imam zemeno na 720 grnt. Sakam use da dokupam dali bi bilo pametno so odgled deka i del od portfolioto imam i vo kmb na 2890. Sto mislite za gradeznite kompanii ima li moznost za rast za slednive dve godini od segasnive? Osven za granit i beton mislenj bi sakal i za pekabesko
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Како бе Бошко не им е гајле дали ќе ги изгорат парите? Да не мислиш дека некој им дал пари за да ги изгорат? Не, ги вложил за да се оплодат. Да не збориме што сите фонд менаџери обично имаат бонуси за учинок, плус фондовите опстануваат од процент од заработка.

Друг е муабетот тука, еве и конкретно со Ист Капитал, а и многу други. Кога ги лупнаа парите на цена 3500 некој со проспекти и бизнис планови ги убедуваше за поврат од 12-15% годишно. А што се случи? За седум осум години земаа две дивиденди 4-5% и капитална 7-8%, значи ни 20% цирка. Ај првите години разбирливо, беше финансиска криза и целиот сектор трпеше, ама последниве години се покажа дека проблемот не е секторски, ами индивидуален, т.е. мисменаџмент на средствата на банката. И кога пробаа да сменат нешто во менаџерскиот тим, се откри вистинското лице.

Значи проблемот е пред се во немање на корпоративна култура. И сега? Муабетот брзо се шири низ индустријата и тешко некој посериозни фондови да се амбицираат да влезат на нашиов пазарво блиска иднина.

Се слагам дека берзата е понуда и побарувачка. И дека не е битно чии се парите. Ама треба да има пари. Побарувачка не е фиктивна желба за купување, туку треба некој конкретно со пари да е спремен да инвестира. Како на партија монопол, кој играл знае дека нема игра без пари. Без тоа, ќе го гледаме тоа што го гледаме сега: компании со вишок кеш наместо да го развиваат својот бизнис да изиграваат инвестициски фондови. Ќе си пребиваат едни со други, ќе си прават лични услугички, а малите акционери ќе го јадат стапот.

Не знам, моментално сум мнооогу претпазлив. Точно дека резултатите на многу фирми се ветувачки, ама поради горенаведеното се плашам дека ќе гледаме сценарио како во ТПЛФ, со многу ветувања за подобро утре, ама со слаба реализација. Затоа лично бегам во дефанзивни акции, со доминантна сопственост и јака корпоративна култура.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Како бе Бошко не им е гајле дали ќе ги изгорат парите? Да не мислиш дека некој им дал пари за да ги изгорат? Не, ги вложил за да се оплодат. Да не збориме што сите фонд менаџери обично имаат бонуси за учинок, плус фондовите опстануваат од процент од заработка.
Со ова што си го напишал се согласувам 100%. Така треба да биде. Да им дадеш пари. Да ги оплодат. Они да си земат бонуси и да ти вратат повеќе отколку да штедиш во банка.
Ова е мојата логика.
Но види во стварност што се случува . . .

http://www.mse.mk/mk/open-end-investment-funds

Погледнија Илирика, Иново, . . . . ти си им дал пари пред 11 години и тие не само што не заработиле, туку и ти изеле повеќе од пола, а каде е инфлација, нереализирана банкарска камата . . . . На сите овие почетен удел им беше 100 ден., денес се на 32, 50, 60 денари . . .
Мислам дека премногу теоретизираш, види ја праксата . . .
Слично е и на целиот балкан.

За Илирика и Иново ќе кажеш во лошо време се формираа . . . . па и јас почнав во уште полошо време од нив во 2007 . . . . . но преживеав, се борев и добив . . .
КД пак почна во 2009 одлична година, па види каде се . . . . Колку е нивниот поврат ???
ВФП иста приказна како КД.
Само магла продаваат. Мене ми е понижување да се споредувам со нив. А Тие директорчиња важат за елитни експерти за инвестирање . . . . Секогаш ги викаат по интервјуа и.т.н. А кои им се резултатите ??? Лесно е да си експерт со туѓи пари . . .
Нека вложат тие фонд директорчиња 50/60 илјади евра свои пари, па рамноправно да правиме муабет.

Па слепа кокошка ќе погодоше ако вложеше пари на МСЕ пред 5 години досега дупло ќе имаа.
А тие место во преефтини ТНБ, СТБ, ОХБ, КМБ каде заработката им беше гарантирана ни продаваа приказни за Мекдоналдс, Кока кола, Дојче банк, Фолксваген и.т.н. . . . . изиграваа петли во туѓ кокошарник.

Така да Буби не им е гајле за своите инвеститори. Дури и пензиските фондови кои се екстра конзервативни се подобри од горенаведените.

p.s.
КД Словенија излезе од ОХБ на цени околу 2000 денари . . . .
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Кога странските фондови влегоа во гомна истите тие акции купени по 9500 денари ги продаваа за 950 денари. Сите тие акции ги собраа домашни ликови Солопром, зетот на Алкалоид . . . .
Како се поврзани Робин Зимбаков со Мукаетов?
 
Член од
27 јули 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
За поупатените во СТБ како би се одразила конверзијата на приоритетни во обични акции, која стои како предлог одлука за собрание на акционери?
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Odlicni razmisluvanja. Kako ponov na mse vekje imam zemeno na 720 grnt. Sakam use da dokupam dali bi bilo pamet no so odgled deka i del od portfolioto imam i vo kmb na 2890. Sto mislite za gradeznite kompanii ima li moznost za rast za slednive dve godini od segasnive? Osven za granit i beton mislenj bi sakal i za pekabesko
Околу градежниците, конкретно ГРНТ и БЕСК. И двете се моментално исклучително ефтини, особено ГРНТ. Работата е што може да бидат уште поефтини. Имено, за очекување е дека првиот квартал на целото градежништво ќе биде во минус, а како што гледаме од примерот со банките, нашава берза реагира од извештај до извештај.

Друг проблем е што моменталната ситуација со институционални инвеститори е катастрофална, како што пишував погоре, а не може да се очекува од физички лица да направат реална валуација и да испружат кеш, освен ако не се стимулирани со многу добра дивиденда. Која годинава најверојатно ќе изостане, поточно ќе биде иста или помала од ланската.

Јас лично имам побајаги ГРНТ, и моментално сум на ХОЛД.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Нешто нема СТБ на продажна страна


која стои како предлог одлука за собрание на акционери?
Каде е објавена предлог одлуката за собрание?
 

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Што се случува со ТПЛФ знае ли некој? :rolleyes:
1550 за ваква сува лепота а пред само 3 недели беше 2200 :place:

50 милиони евра што ќе се земат од БЕГ, па 173 милиони 416 илјади евра од тужба до државата за неоправдано ниска цена на парното до 2013
Плус лиценца за Производство, па ќе се гради ТЕ-ТО 2 заедно со Америчка компанија (која сака да остане анонимна додека не се официјализира договорот)

Со почит,
од Загрижен граѓанин. :angel:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom