Скептичен сум дека после тренинг треба декстроза, тоа е шеќер од овошје - фруктоза поточно од грозје која после треинг се сконцентрира околу џигерот. Ова комбинација ќе направи спајк на инсулин, што е потребно после тренинг за нутриентите да отидат на вистинско место, но нема да ја замени изгубената глукоза во мускулите. Пиење на веј исто така прави инсулинот да рипне, така да доколку пиете веј после тренинг нема потреба од декстроза. Најдобро полнење на гликоген прават јаглехидратите како ориз, компир, па дури и рафиниран шеќер (иако не советувам шеќер да се ајде, но кога не си на дефиниција не е лошо еден ред чоколадо после тренинг)
Зашто сабајле масти јадам? За да топам масти, идам пешки на работа и го терам организмот сабајле како енергија да користи масти за да продолжи понатму да ги користи телесните масти, откако ќе се потроши енергијата од жолчката и двете парчиња сланина многу полесно ќе се префрли телото да ги користи телесните масти а за тоа е потребен низок инсулин, односно да не внесуваш хидрати.
Протеин и хидрати заедно (освен неколку комбинации како ориз и пилешко или компир со месо) знае да направи таква комбинација што ќе имаш гасови и тегоби цел ден.
Исто така и во природата не е случајно најквалитетните протеини да се природно врзани со масти пример- јајца со жолчки, млеко и млечни производи, телешко, свинско... тоа сметам дека нешто значи и затоа јас скоро и да не конзумирам производи со ниска малсеност. Кој има проблем со гасови од овесни снеголку нека проба на место млеко или јогурт да ги натопи со вода и путер од кикирики и/или некое сушено овошје и нема да има проблем. Јас веј со овесни снегулки не ни помислувам да измешам