Имам едно прашање во врска со ЕОС МАТРИКС
Имам долг кон ВИП Оператор и предметот по него е дојден кај извршител пред повеќе од една година. Бидејки сум невработена усно се договрив со извршителот да плаќам секој месец паричен износ во рамките на моите можности. До сега имам само една уплата од објективни причини. Изминатата недела добивам позиви од страна на ЕОС МАТРИКС во кои разговори ме притискаат секојдневно по неколку пати да вршам уплата. Прашањето ми е кога веќе предметот е кај извршител дали ЕОС МАТРИКС имаат законско право да вршат притисок за наплата и да ме малтретираат секојдневно или јас со нив немам никаква обврска туку со извршителот. Ве молам советувајте ме како да постапам во оваа ситуација
Како доверители имаат право да те контактираат и да се интересираат до каде оди наплатата.
Имаат инетерс да ги наплатат парите и тоа е тоа, сакаат да знаат кога и дали ќе им се исплатат парите.
Секој доверител сака да се наплати неговото побарување, затоа и те тужеле и дошле до извршшна исправа и те дале на извршител.
Извршителот постапува по нивното барање за извршување, тоа е тоа.
Тие како доверител ја диктираат играт,можат да поднесат барање до извршителот за промена на средство за извршување, можат да поднесат барање за прекин на извршување.
Што значи ова?
Еве како невработена немаш редовни приливи на трансакциона сметка, па нема од каде да извршуваат,
но внимавај.
Може извршителот да го промени начинот на кој ќе го наплатува долгот, па наместо извршување врз приход(плата, банкарска сметка) да дојдат дома и да ти прават попис на се шо е на твое име од име на подвижни предмети.
Или пак да се извршува врз недвижност, ако имаш нешто на твое име.
Мој совет, ако не е некоја солена сума на име главен долг кон доверителот плаќај со време, додека не се наталожиле долговите повеќекратно.
Не се базирај на тоа дека
ЈАС СО ИЗВРШИТЕЛОТ СЕ ДОГОВОРИВ УСНО,па ќе им плаќам кога можам батали тие работи.
Со секој изминат ден се таложат се повеќе и повеќе трошоци.
Подобро земи позајми пари од некој пријател, роднина, раздолжи се, па да си на чисто.
Вака со секој изминат ден си чист зијан.
Не чекај да стигнат трошоците да бидат повеќекратни од висина на долгот.