UEFA Champions League 2017/18

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ливерпул без салах е како барселона без меси,,,ако го продадат на лето уште 30 години не земаат титула
 
Сакаше ЕДФ да излезе со иста тактика како со Барса, само што Барса сезонава има едно два пати поспор напад од оној на Ливерпул. Играа Рома првите 20 мин, Ливерпул им ја остави топката, да се окуражат и да тргнат понапред и преостанатите 70 минути со иста фора, долга топка преку среден ред и шанса за гол, затоа и примија толку а можеа комотно уште 2-3 да примат. Не можеш со брзи играчи како Мане, Боби и Момо да играш висока одбрана, штоперите им беа на 40 метри од гол, скроз погрешна тактика за игра против овој начин на игра на Ливерпул.

Криво ми е што примија два мртви гола, пред се' поради онаа цепеницана умислена Ловрен а пенал ко пенал, на секој и секаде може да му се деси. Треба Џини да го даде она што го промаши после примениот гол и сместа да ги отпишеа. Вака, ќе имаат кураж некаков дека им се вратија на Барса од 4:1, зошто не би можеле и на Ливерпул од 5:2 (иста гол разлика и ист резултат ги носи), само што мислам дека ако повеќе се отвори Рома, офанзивциве на Ливерпул ќе горат по страна и многу често ќе влагаат во шанса.
ako proba roma da se otvori mecot ke e zavrsen pred da pocni so slicen rezultat za liverpool jas vecerva bev i iznenaden od pristapot na roma tie mozat samo vo murinjo stil da ne pominat parkiran avtobus i dolgi topki na dzeko nz ni jas zosto ne probaa taka
 
А зошто не се збора толку за Фирмино ? Батето растура и заради Салах во сенка му паѓа цела сезона, иначе екстра играч. Кога сме кај Салах греота ќе биди на ваква сезона да не освои ништо, настрана индивидуалните награди. Џабе голови џабе асистенции ако не освои ништо

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Зашто бе ги отпишувате така лесно рома не ми е јасно.
Мислам, сепак имаат минорни шанси (5-10%).
Заебани се по нафрлени топки,имаат добар/добри изведувачи на слободни удари, одлични се по корнер и центаршут, од секаква ситуација можат да дадат гол. Додај на тоа дека имаат одлична поддршка дома и ќе бидат екстра мотивирани.
Како капак на се, сезониве наназад се изнадешаваа милион пресврти и импресивни високи победи на мање-више изедначени клубови.
А и ливерпул денеска лабаво за 6 минути прими 2 гола, така да... може свашта да се деси.
 
Прими два да ама и лесно можеше да дај уште два три најмалце, Рома беа мртвило до 80 мин мртвило, центар не поминаја, не го земај за мерило натпреварот против Барса таму и на кампот делуваа опасно, резултатот не беше реален.
Инаку Рома мизерни во гости, пораз од Шахтјор, пораз од Атлети, нерешено кај Челзи, 4 парчиња од Барса на кампот 5 од Ливерпул [emoji3] не е лош скор за полуфиналист [emoji3]

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Абе нормално дека се е можно после тоа со Барса ама овој Ливерпул е дупло поопасен и поорганизиран од таа мртва Барселона што дојде да си игра курташак на Олимпико.

Знам дека е можно на Пул да му се деси блекаут ко шо секогаш знаело да им се случува у последните години ама мислам дека сега се далеку поозбилен тим и многу поретко им се случува такво нешто.

Браво за Клоп, не очекував вакво нешто од него, ми изгледаше премногу изгубен и тврдоглав но сепак на крај си ги погоди трансферите.

Момо Салах сезонава мора да земе златна топка, единствена пречка мислам дека ќе му е Роналдо и како тоа ќе ја завршат Реал сезоната во ЛШ.
 
@Peja989 , ако стигнете до финале или ако освоите ЛШ, уште ќе важат критиките што ги имаше за Клоп на почетокот на сезоната? ;)
 
@Peja989 , ако стигнете до финале или ако освоите ЛШ, уште ќе важат критиките што ги имаше за Клоп на почетокот на сезоната? ;)

Ако освоите ЛЕ уште ќе важат критиките за Арсен од задњи 5 години? :)

Иначе, критиките ќе стоеја доколку купуваше просек играчи од Естонија и Луксембург, како што можеш да видиш, за тоа после летово неам ништо пишано. Исто, неам ништо пишано кога сфати дека може да игра на резултат а не само да јуриша у напад. Додади на тоа што конечно купи асален штопер и уствари ќе видиш дека јас неам кажано лош збор за Клоп од Октомври месец.
 
Затоа пишав од почетокот на сезоната.
Како сакаш гледај, ве врати на фудбалската мапа, дури и да не освоите ЛШ, човекот има план, полека има и тим, има игра, малку повеќе среќа и одбрана како последниве неколку месеци и сосем доволно да се вмеша сериозно наредната сезона за ПЛ со Сити и веројатно Јунајтед.

Искрено да ти кажам, да му текнеше на Венгер на време да замине, можеби со Клоп ќе игравме полуфинале на Емирати вечерва или утре, наместо полуфинале од ЛЕ во четврток.
 
На почетокот заслужуваше критика зошто остана со цепениците во одбрана, одбрана поради која изгубивме доста бодови и не одвои од трка за титула, мада, за воља на вистината, покрај ваков Сити пак мислам дека ќе бевме далеку. Со доаѓањето на ВВД тоа се среди во голема мера и затоа нема што негативно да се збори. Клоп си ја знае работата, си цепа во права мера, има играчи што гинат за него, има сопственици кои не му пречат за трансфери и за истото има одврзани раце и затоа нема веќе простор за критика ни кон ФСГ нит кон Клоп.

За Венгер и можност Клоп да ви биде менаџер се слагам, само што не ми одговори на прашањето :D
 
ЕДФ треба да е среќен што си оди со два постигнати гола. На полувреме го вади Ундер како единствен агилен играч што може да створи шанса од крило и го става ШИК што е тип на играч ко Џеко. Си потпиша смртна пресуда тука сам на себе, има среќа што тоа ретардот дозволи пак да го прелета топка како 748294829492929201719 други пати и пеналот иначе после 5-0 можеше комотно да не се ни патува во Рим.
Ама Пул не е Пул ако не ја засере негде, не може лабаво да е само формалност, пак ќе има потење. Сега ќе биде држ-недај на Олимпико пошо Римјаниве поучени од Барса ќе се лупаат у гради и ќе викаат можеме пак да се избориме за чудо пак 3 разлика, и да се деси бродолом ако играат пак како минатиот пат носени од 80к публика. Единствена разлика е што на тој висок пресинг би требало да се редат шанси како од шала на тројкава напред, и да се акне гол-два за да се чекира картата, а у спротивен случај ако се деси брука и не пројдат понатака 5 години суспензија и прилаз до фудбалски терен за цела екипа+стручен штаб.
 
А зошто не се збора толку за Фирмино ? Батето растура и заради Салах во сенка му паѓа цела сезона, иначе екстра играч. Кога сме кај Салах греота ќе биди на ваква сезона да не освои ништо, настрана индивидуалните награди. Џабе голови џабе асистенции ако не освои ништо

Тоа со еден другар зборевмо преска дур го глеавмо фудбалов.
Најподценет играч можда у цел свет сезонава !!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom