UEFA Champions League 2017/18

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И Барселона прославуваа на 4:1 и мислеа дека е готово. [emoji38]

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Рома играа со Челзи, Атлетико и Барса и не примија гол од ниеден од тие тимови во Рим.
 
Црвените денес ги набија белите
Утре реприза мадристи ? :D
 
Не дека Рома нема шанси, само прашање е колкави?
И во Рим ќе биде истиов фудбал, само мислам дека ди Франческо ќе сфати оти со дрвово Фацио не се игра против Мане, Салах и Фирмињо. Не дека Манолас ја осветли ама Фацио и Христос, посебно овој вториот, ја упрскаа.
Па бем ти тренер, гледаш дека играта цела година се гради на Салах, барај чаре!
Тие не сменија пристап цела утакмица, среќа Клоп им направи услуга.
Деки е конечно дрво неделкано, па мајмуне да скокаш на топка што ќе те прелета 5 сантима ајт некако, ама таа пола и повеќе метри над него он иде на неа. Во селска лига се ретки вакви киксеви.
Ако го уштопаат Салах во реваншот, свашта може да биде.
 
Премалку агресивност, премногу мек пристап во дуелите и премногу страв имаше во играчите на Рома. Прв и основен показател е тоа што добија само еден жолт картон се до 88ма (вториот и онака беше за спречкување) против тим кој што е брз, агилен и кој што има играчи кои лесно се ослободуваат еден на еден. Класичен пример е голот за 2-0, едноставно таму мораше да има фаул на центарот по многу мала цена како што е жолтиот картон.

Мораше да им ја сецкаат играта повеќе, мораше да бидат поагресивни и погруби. Ди Франческо можеби сакаше да игра "европски" фудбал, ама тоа не може против играчи кои што со стартниот чекор се веќе позади твоите.

Друга работа е дефинитивно грешката со тројка во одбрана и премногу дефанзивниот пристап. Ливерпул сезонава е тим против кого не може да се одбраниш и тоа мора секој да го сфати. Затоа пак имаат лабилна одбрана и не смееше да оди на некој си мал резултат, мораше да има искалкулирано дека без минимум два или три гола не може да си оди од Англија.

Да дојдеше 5-3 дуелот дефинитивно ќе беше отворен, вака може да се надеваме на интересен реванш ама сепак шансите се ептен минимални.
 
Добри комшииве, добри...

А, како само Салах би легнал ко десно крило во Јунајтед. [emoji2]
Мурџо ќе го ротира со Валенсија, верувај ми:D
 
Чекајте ги отпишавте Рома, а заборавате какви пресврти гледавме претходно. Барса против ПСЖ лани, оваа година Рома против Барса. Јуве за малце не успеа до продолженија да дојде после пораз дома 0-3 и тоа на гости против Реал.
Рома ќе мора да промени тактика вака со 3 играчи назад премногу простор им се остава на Салах, Мане и Фирмињо. Мора по страната Коларов да помага во одбрана против Салах. Рома проба со високо поставена одбрана и густа средина па првите 15-20 минути добро им одеше дури беа и подобра екипа, а Ливерул тешко организираше акции. После 20-та минута Клоп виде дека по земја тешко оди и смени тактика да ја префрлуваат одбраната со долги топки и со оваа тактика го сврти и го реши мечот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom