Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.821
Поени од реакции
12.228
Чисто колку за илустрација едно мое неодамнешно патешествие со нашиве т.н "газди".
Добив повик за работно место во една рандом фирма во местото каде што живеам. Условите од огласот беа таман со струката и смерот на факултетот што го имам завршено.
Фирмава е општо позната во градот дека е во тесни односи со било која партија на власт, така речи сончоглед фирма, ала Амди Бајрам. Партиско дувло, ако приватна компанија.

И покрај сите овие сознанија велам ќе пробам ајде. Надежта некогаш е најрасипаната работа на светот. Одам на тестирање бр. 1 - го поминав. Бр. 2 - го поминав. Интервју со прашања симнати од интернет во стилот: наброј пет позитивни карактеристики за твојата личност. Налет, дури и сектор за човечки ресурси имаат, до толку спремни. Прашањата од тестирањата немаат допирна точка со работното место, мочана фарса колку да се рече дека изборот бил објективен, дека бил избран најдобриот кандидат. Маде голо бил избран.

После интервјуто гледам e-mail ми стасал, као демек ние многу транспарентни па ги објавуваме избраните кандидати јавно, да се знае. Јас нормално не бев меѓу избраните 5-6. Мене никогаш не ми е криво ако ме порази подобриот. Имам доблест да честитам и да го признаам поразот и не се жалам воопшто.

Случајно се погоди меѓу избраниците да биде еден познаник, го знам оти е партиски активист. Кандитатот има дипломирано на еден од приватниве факултети каде што единствено можеш да паднеш по скали, не на испит, и тоа на смер што нема никаква допирна точка со работното место објавено на огласот. Чинам дипломиран психолог беше а се бараше дипломиран економист.

И сега, после "објективната" селекција наводно следи едно месечна обука, која нормало ќе се одвива во рамките на компанијата. Обуката е неплатена колку што разбрав. Значи одиш цел месец и работиш за беспари. Но тоа не е се! После тој еден месец следи нова селекција, каде што неколкумина ќе отпаднат и ќе останат двајца, кои конечно ќе добијат договори за работа и месечна плата која ретко поминува 250€. Значи ќе влези на работа оној што има нај јаки врски. Ultimate survivor работава.

Наравоучение во контекст на дискусијата од погоре: на газдите им е побитно да лапаат бенефиции од власта во форма на повластици, т.е нема инспекции, законите не важат за таа фирма, работникот е твој роб. Можеш комотно да се изживуваш со него и да му велиш: "Јас те ранам, ако не ти чини оди кај друг" а нема друг. Ринтаат и за викенд и за празник...а за возврат газдата ќе треба да го вработи детето што ќе му речат дека треба од партија, да плаќа повремено рекет и.т.н.

И уште ова, па кој не го мрзи нека чита. Јас не сум голем фан на ЕУ како организација и сето лицемерие и корумпирана бирократија, не сметам дека државата од членството ќе се прероди и ќе види некој голем бенефит. Не не бидува нас како народ. Тоа пари што ќе ни даваат од еу фондови ќе бидат пари фрлени в бунар. Не не бива за економија, за водење и организирање...не не бива за ништо, уствари.

Она што е позитивно и единствена таква работа е што ќе се ослободи индивидуата од ваквите работи. Ќе се отвори каква таква перспектива на индивидуално ниво, тие што навистина вредат и се вредни и чесни работници да си ја побараат среќата на друго место. На оваа држава не и требаат учени луѓе. Темелот на оваа држава се простите и неуките.
Секоја чест на фирмите кои се исклучок, кој што го ценат и вреднуваат работникот и знаењето, за жал тие се премалку кај нас за да направат некаква разлика.
На Македонија не и треба влез ниту во НАТО ниту во ЕУ. Додуша во ЕУ треба само заради една работа - да можиме да пакуваме куферите и да фаќаме џадето. Кога би можело ова да се среди без влез во ЕУ би било топ.Да не се мачат ни тие ни ние :)
Нека си останат овде неспособните и татините синчиња и нека пропаднат колективно
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
На Македонија не и треба влез ниту во НАТО ниту во ЕУ. Додуша во ЕУ треба само заради една работа - да можиме да пакуваме куферите и да фаќаме џадето. Кога би можело ова да се среди без влез во ЕУ би било топ.Да не се мачат ни тие ни ние :)
Нека си останат овде неспособните и татините синчиња и нека пропаднат колективно
Taкви се трендовите да, но не бегаат само младите од Македонија туку генерално од целиот Балкан па и од цела југоисточна и источна Европа ... еве на пр. Македонските млади доктори и воопшто помлад медицински персонал учи Германски и бега на големо накај Германија, Австрија, Швајцарија, а пак интересно е тоа што викаат дека во Германија имало недостиг на доктори бидејќи Германските доктори па бегале во САД во потрага по уште повисоки плати и подобар живот !
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.773
Поени од реакции
17.000
На Македонија не и треба влез ниту во НАТО ниту во ЕУ. Додуша во ЕУ треба само заради една работа - да можиме да пакуваме куферите и да фаќаме џадето. Кога би можело ова да се среди без влез во ЕУ би било топ.Да не се мачат ни тие ни ние :)
Нека си останат овде неспособните и татините синчиња и нека пропаднат колективно
Теоретски убаво, ама и таму каде што се оди е стандардот на стаклени нозе, на грб на 3-от свет кого го експлоатираат со вештачки надувана вредност на доларот и еврото... еднаш кога ќе пукне балонот ќе биде друга песна...
 
B

Bafra

Гостин
Јас те ранам, ако не ти чини оди кај друг" а нема друг. Ринтаат и за викенд и за празник...а за возврат газдата ќе треба да го вработи детето што ќе му речат дека треба од партија, да плаќа повремено рекет и.т.н.
А зашто НЕМА ДРУГ... Што не си отвориш ти своја фирма па биди душа од човек. Незнам што ве спречува да работите за себе, сите што се сметате експлоатирани а вредите за многу повеќе :toe: :cautious:
Отвори своја фирма па види дали смееш да им на кажеш НЕ на тие од партија или на рекетарите кои се патем заштитени од МВР и ДБК.
Дај боже да си отвориш фирма па сподели колку е лесно и убаво.
Убав пример како и да е (y)

Слично е и со нови станови. За да добијат дозвола, мора на градоначалник да му се дадат стан/два. Па за да му се исплати на тој што гради мора да држи повисока цена за другите станови. Доколку легално си добие дозвола ќе може да намали цената на становите во вредност на станот за мито :D
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Држи тој што нема многу избор на квалитетна работна сила и со години на врата му нема дојдено квалитетен работник. Доаѓаат работници кои не се редовни, не се посветени, гледаат само да и помине време и знаат дека ќе земат 200 евра.
Газдите одат на тоа подобро нешто отколку ништо и ќе скратам од еден ќе дадам на други.
Ако избрка 5 такви тој знае дека нема да најде подобри.

На нив како прво им е важно на крај да се заврши работата по планот и да има доволно пари за исплата на плати и придонеси, а не му е гајле дали тие пари ќе ги подели на 150 или 200 работници. Важно завршена е работата и сите имаат земено дел од изработеното.
Зар не ти е срам тука да не убедуваш дека тие што црнчат по фабриките не ги заслужувале мочаните 200 евра? :)

Знаеш ли воопшто што може да се купи со тие мочани 200 евра?

Знаеш ли воопшто дека тие луѓе работат над 50 часа неделно, т.е. секоја сабота(а понекогаш и во недела) за 200 евра.

И после ти и твојот пријател очекувате да се супер мотивирани. Бидете благодарни што сме надвор од ЕУ иначе одамна бизнисот на твојот пријател ќе беше пропаднат. Ги тормозат луѓето за парче леб на ниво на логорашите, па уште со цел памет по интернет пишуваат дека 200 евра многу им биле.
Немате ни тронка срам.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.639
Дај му на работникот 500 евра плата (за наши стандарди таа сума е ОК), и ќе видиш што е мотивација, брзина и желба за работа.
Вака со 200 евра за ошто работат всушност? Знаат дека од 20ти во месецот ќе треба да се запишуваат во продавница за леб.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Зар не ти е срам тука да не убедуваш дека тие што црнчат по фабриките не ги заслужувале мочаните 200 евра? :)

Знаеш ли воопшто што може да се купи со тие мочани 200 евра?

Знаеш ли воопшто дека тие луѓе работат над 50 часа неделно, т.е. секоја сабота(а понекогаш и во недела) за 200 евра.

И после ти и твојот пријател очекувате да се супер мотивирани. Бидете благодарни што сме надвор од ЕУ иначе одамна бизнисот на твојот пријател ќе беше пропаднат. Ги тормозат луѓето за парче леб на ниво на логорашите, па уште со цел памет по интернет пишуваат дека 200 евра многу им биле.
Немате ни тронка срам.
Не ми е срам и не пишувам за оние што црнчат и поштено си земаат, туку за оние што не се замараат со ништо и друг работи за нив. И не е фер да земаат иста минимална со некои што работат многу повеќе и поквалитетно.

Еве ти работи за 200 евра, носи на грб тројца такви што го боли оноа и на крај земете иста плата, па да те видам. ;)
Толку од мене, како сакате така раберете го ова.
 
MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332

Кој приватник чува луѓе што како што викаш "не се замараат со ништо и друг работи за нив" ?
Син да ми е па ќе го избркам од работа а не па некој друг.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Кој приватник чува луѓе што како што викаш "не се замараат со ништо и друг работи за нив" ?
Син да ми е па ќе го избркам од работа а не па некој друг.
Пишав кој чува и зошто.
 
MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Пишав кој чува и зошто.
Нема такво нешто.
Дури и да има таква будала, ќе му рикне бизнисот многу бргу.
И крај-краеви ако како што викаш еден вреден влече на грб тројца други, подобро на тој едниот ќе му давам 800 евра плата отколку на 4 по 200 а само еден да работи.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.677
Поени од реакции
11.755
Не ми е срам и не пишувам за оние што црнчат и поштено си земаат, туку за оние што не се замараат со ништо и друг работи за нив. И не е фер да земаат иста минимална со некои што работат многу повеќе и поквалитетно.

Еве ти работи за 200 евра, носи на грб тројца такви што го боли оноа и на крај земете иста плата, па да те видам. ;)
Толку од мене, како сакате така раберете го ова.
па добро бе еве викаш ги знаеле тие вредните шо носеле на грб тројца, и?
им даде покачување за да ги задржи?
така и останатите ке ги мотивира да добијат покачување нели?
претходно спомна дека квалитетен кадар немало, бегале...
епа ке бегаат кога не се ценети
и за крај “работа има ама не им се работи на младиве”

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.677
Поени од реакции
11.755
Нема такво нешто.
Дури и да има таква будала, ќе му рикне бизнисот многу бргу.
И крај-краеви ако како што викаш еден вреден влече на грб тројца други, подобро на тој едниот ќе му давам 800 евра плата отколку на 4 по 200 а само еден да работи.
остај тоа ти, вадат и другите леб само попаметни се па се водат по она колку пари толку музика
иначе класика македонче секад му е малце

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
T

Terroir

Гостин
На трето место во Европа, само Албанија и Босна се пред нас

1.jpg
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
На трето место во Европа, само Албанија и Босна се пред нас

Прегледај го приврзокот 188884
Не е можно Албанија и Босна да живеат полошо од нас, платите се исти, а нашите административни трошоци се едни од највисоките во Европа.
Кафето во Сараево ти е 20 ден, во Скопје ти е 100 ден.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom