Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Кој газда држи на работа неквалитетен работник?Не биле квалитетни работници ,а ги држал на работа?:confused:Абе ај не заебавај тие филмој на друго место раскажувај ги.
Држи тој што нема многу избор на квалитетна работна сила и со години на врата му нема дојдено квалитетен работник. Доаѓаат работници кои не се редовни, не се посветени, гледаат само да и помине време и знаат дека ќе земат 200 евра.
Газдите одат на тоа подобро нешто отколку ништо и ќе скратам од еден ќе дадам на други.
Ако избрка 5 такви тој знае дека нема да најде подобри.

На нив како прво им е важно на крај да се заврши работата по планот и да има доволно пари за исплата на плати и придонеси, а не му е гајле дали тие пари ќе ги подели на 150 или 200 работници. Важно завршена е работата и сите имаат земено дел од изработеното.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Која е оваа Ива?
Дoбрa е.Ќеркa нa гaздaтa нa Сoлетa меснa индустријa.Мнoгу јaкa ;) Oткaкo јa исплескa тoј мaлoумникoт нaјдoa листеријa кaј кoнкурентoт Екстрa Меин aкo ме рaзбирaш штo сaкaм дa кaжaм
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Држи тој што нема многу избор на квалитетна работна сила и со години на врата му нема дојдено квалитетен работник. Доаѓаат работници кои не се редовни, не се посветени, гледаат само да и помине време и знаат дека ќе земат 200 евра.
Газдите одат на тоа подобро нешто отколку ништо и ќе скратам од еден ќе дадам на други.
Ако избрка 5 такви тој знае дека нема да најде подобри.

На нив како прво им е важно на крај да се заврши работата по планот и да има доволно пари за исплата на плати и придонеси, а не му е гајле дали тие пари ќе ги подели на 150 или 200 работници. Важно завршена е работата и сите имаат земено дел од изработеното.
Па како е можно да е работата завршена со неквалитетни работници?Како тие неквалитетни работници шом заминат надвор од државава преку ноќ стануваат квалитетни, ефикасни,добро платени и замисли дури и осигурани на работното место???
 
T

Terroir

Гостин

На просечниот Македонски газда се му се “погодуваат“ неквалитетни работници а милионери станаа експлоатирајки ги истите. И не знам што очекуваат кога им даваат 200 евра плата ? Нормално дека ќе дојдат демотивирани, и во прва прилика тој што е квалитетен ќе замине за подобра работа а ќе останат оние што немаат друг избор.

Минималецот треба да биде барем 50% од потрошувачката кошничка, ако газдата неможе да даде толку нека стави клуч на фирмата
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.696
Држи тој што нема многу избор на квалитетна работна сила и со години на врата му нема дојдено квалитетен работник. Доаѓаат работници кои не се редовни, не се посветени, гледаат само да и помине време и знаат дека ќе земат 200 евра.
Газдите одат на тоа подобро нешто отколку ништо и ќе скратам од еден ќе дадам на други.
Ако избрка 5 такви тој знае дека нема да најде подобри.

На нив како прво им е важно на крај да се заврши работата по планот и да има доволно пари за исплата на плати и придонеси, а не му е гајле дали тие пари ќе ги подели на 150 или 200 работници. Важно завршена е работата и сите имаат земено дел од изработеното.
Чисто информативно, која е твојата дефиниција за квалитетен работник ?

Јас лично имам пријател кој работи за приватна фирма, која е во партнерство со најголемиот телекомуникациски оператор во Македонија - мала помош: мнозинскиот сопственик на овој телекомуникациски оператор е компанија со седиште во Бон, Германија - и лично го гледав пријателот мој како лани црнчеше за време на топлотниот бран во август 2017 качувајќи се на бандери и поставувајќи оптички телекомуникациски кабли на горештината, и сето тоа за 250 евра месечна плата, а мора да сработи минимум 4 инсталации дневно за да си ја заработи платата, или во спротивно ќе му скратат од платата.

А ако сака повисока месечна плата, мора да сработи над 4 инсталации дневно и се разбира, да работи и во сабота и во недела, што во типичните македонски услови - знаеш какви се сообраќајот и урбаното планирање, особено во места како Шуто Оризари, Топаана и останати ќумезарници, исполнувањето на таквата дневна норма - особено на скопските летни горештини - е речиси невозможна мисија.

Дали тие 250 евра на тебе ти делуваат доволно мотивирачки за некој да црнчи на скопските летни горештини по бандери и покриви ?

Бидејќи и јас го имам работено истото - за малку повисока плата и без минимална норма од 4 инсталации дневно, за друга приватна компанија - можам да ти потврдам дека условите за работа се никакви, особено бидејќи јас работев во делови од Скопјево кои се полни со ќумезарници и каде што важат некои поинакви закони од тие пишани на хартија.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Да не издавам пријатели на фб, затоа ќе ги зашмрљам вака.

upload_2018-4-8_17-50-8.png
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.696
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Па како е можно да е работата завршена со неквалитетни работници?Како тие неквалитетни работници шом заминат надвор од државава преку ноќ стануваат квалитетни, ефикасни,добро платени и замисли дури и осигурани на работното место???
Завршена, ама кога и како? Си има по некој што вреди и ги носи на грб таквите. Ќе исправа по нив, ќе им заврши пола работа и на крај сите иста плата. А такви многу и е минималната.

Таму знаат дека нема кој да ги носи на грб и мора да го испотат газот за да заработат за минимална плата.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Дoбрa е.Ќеркa нa гaздaтa нa Сoлетa меснa индустријa.Мнoгу јaкa ;) Oткaкo јa исплескa тoј мaлoумникoт нaјдoa листеријa кaј кoнкурентoт Екстрa Меин aкo ме рaзбирaш штo сaкaм дa кaжaм
Некое линкче од оваа?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Чисто информативно, која е твојата дефиниција за квалитетен работник ?

Јас лично имам пријател кој работи за приватна фирма, која е во партнерство со најголемиот телекомуникациски оператор во Македонија - мала помош: мнозинскиот сопственик на овој телекомуникациски оператор е компанија со седиште во Бон, Германија - и лично го гледав пријателот мој како лани црнчеше за време на топлотниот бран во август 2017 качувајќи се на бандери и поставувајќи оптички телекомуникациски кабли на горештината, и сето тоа за 250 евра месечна плата, а мора да сработи минимум 4 инсталации дневно за да си ја заработи платата, или во спротивно ќе му скратат од платата.

А ако сака повисока месечна плата, мора да сработи над 4 инсталации дневно и се разбира, да работи и во сабота и во недела, што во типичните македонски услови - знаеш какви се сообраќајот и урбаното планирање, особено во места како Шуто Оризари, Топаана и останати ќумезарници, исполнувањето на таквата дневна норма - особено на скопските летни горештини - е речиси невозможна мисија.

Дали тие 250 евра на тебе ти делуваат доволно мотивирачки за некој да црнчи на скопските летни горештини по бандери и покриви ?

Бидејќи и јас го имам работено истото - за малку повисока плата и без минимална норма од 4 инсталации дневно, за друга приватна компанија - можам да ти потврдам дека условите за работа се никакви, особено бидејќи јас работев во делови од Скопјево кои се полни со ќумезарници и каде што важат некои поинакви закони од тие пишани на хартија.
Тој што без грешка си ја извршува зададената задача за однапред даден временски период. Не може да е квалитетен некој што му останува пола незавршено и секогаш да бара помош од друг. Не е посветен на работата, често греши итн. Како може друг со иста плата истата задача да ја заврши квалитетно и точно на време, а тој не?
Не се сите мотивирани, ама барем се трудат да си ја одработат платата. Затоа пишав дека има паразити што не заслужуваат толку. Како студент сум работел на такви места, ама никогаш не оставав друг да ми ја изработи платата или да завршам колку да се каже дека е завршено и некој да ме носи на грб.

Еве тој што ти пишуваш си има дадена норма. Ако мисли дека е квалитетен и не можат да најдат подобар нека им бара покачување или нека менува каде има подобри услови. :coffee:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ништо ново, приказната е иста секој викенд на средно Водно.

Најверојатно не праќаат пајак за да не се удри некоја полицајка од истиот.
Нема врска, минатиот викенд седеа на Видиковец џандари, пишуваа казни и ги враќаа назад.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.696
Тој што без грешка си ја извршува зададената задача за однапред даден временски период. Не може да е квалитетен некој што му останува пола незавршено и секогаш да бара помош од друг. Не е посветен на работата, често греши итн. Како може друг со иста плата истата задача да ја заврши квалитетно и точно на време, а тој не?
Не се сите мотивирани, ама барем се трудат да си ја одработат платата. Затоа пишав дека има паразити што не заслужуваат толку. Како студент сум работел на такви места, ама никогаш не оставав друг да ми ја изработи платата или да завршам колку да се каже дека е завршено и некој да ме носи на грб.

Еве тој што ти пишуваш си има дадена норма. Ако мисли дека е квалитетен и не можат да најдат подобар нека им бара покачување или нека менува каде има подобри услови. :coffee:
Очигледно освен како студент, друга работа не си работел, или не си работел надвор на отворено за да коментираш кој си ја врши работата целосно, а кој ја остава незавршена.

А кога сме кај подобрите услови, македонските работници претежно си ги бараат во странство, а и мојот пријател размислува за таков потег.

Нема врска, минатиот викенд седеа на Видиковец џандари, пишуваа казни и ги враќаа назад.
Се погодило така минатиот викенд, други викенди никаде ги нема.

Ти кажувам бидејќи не сум бил на Водно изминативе 2 недели, но за претходно слободно можам да ти потврдам дека од почетокот на 2018 година, па се` до денешен ден, само еднаш за време на викенд ги видов униформираните удрени од пајак и нивните униформирани партнери од спротивниот пол.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Завршена, ама кога и како? Си има по некој што вреди и ги носи на грб таквите. Ќе исправа по нив, ќе им заврши пола работа и на крај сите иста плата. А такви многу и е минималната.

Таму знаат дека нема кој да ги носи на грб и мора да го испотат газот за да заработат за минимална плата.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Јасно ми е дека си газда на фирма или истата е сопственост на некој близок твој, па сега сметаш дека тие бедни 200 евра шо им ги давате на вработените се премногу и сакате да им ги извадите низ нос.Е заради такви газди како вас за брзо време државава ќе мутира во гедијатрија па после ќе ве видам кај ќе најдите маченици да ви ринтаат за минималец по 10 сати!
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom