Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.422
Поени од реакции
24.592
Дали ќе имаше или не, не знам, ама дефинитивно друго ќе беше.[DOUBLEPOST=1522199752][/DOUBLEPOST]

Па 100% беше во Москва, копчето за едно 3000 нуклеарки :pos:

znam de, ama veke koga pocna so sta bi bilo kad bi bilo tezi razmisli malku podlaboko. na primer dali tebe da te brkaat ko kuce i da ti organiziraat puc u dvor a ti da imas nuklearna aktofka so tebe nema bar da se zakanis so edno testche vo internacionalni vodi 500km od havai... ili po greska da ispalis edna prazna onaka nad berlin za dobro utro.... dali togas mislis newland ili merkel ke gi interesira rusenje na "demokratski" eve ke go stavam u navodnci lider. takvi scenarija ili gledaj od pocetok ili ne zamaraj....
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Иначе околу последните случувања со Русија, владата избра да го тестира руското трпение со удари под појас од земји кои ги нема на мапата (споредбено со Русија). Одмаздата ќе биде лоша, предвреме да си знаете! За нас нема да важи договорот Путин-Ердоган за поделба на сфери на влијанија на Балканот, ние ќе бидеме жртви на првата ударна тупаница на Русија на Блискиот Исток т.е. на Ердоган. Нешто слично како Курдите кои се куропецаа час со Русите, час со Американците, па на крајот решија да му свртат грб на Русија мислејќи дека супер-моќната Америка ќе ги заштити, која дотогаш ги снабдуваше со оружје и со инструктори. Како завршија Курдите во Африн сите видовме...

За тоа дека Русија била против интересите на Македонија како држава и на Македонскиот народ, не е нешто ново и прв пат напишано тука на форумот! Само никој не се запрашал колку НАТО и Еу се на страна на македонските интереси?!?

На пример не така одамна, на 18 јануари 2018 г. во посета на Скопје дојде Јенс Столтенберг, ген-сек на НАТО и во говорот во Собранието на РМ, ниеднаш не го спомна уставното име на државата (ниту привременеата референца ФИРОМ), туку го користеше терминот „вашата земја“. Исто така, го испофали и Законот за јазици, кој според него го трасирал патот кон НАТО. На крај како шлаг на тортата порача дека името мора да оди курбан за членство во НАТО и дека нема План Б за тоа прашање!

Столтенберг: Вратата е отворена, но преминувањето на прагот бара работа


Скопје, 18 јануари, 2018 - 13:26 (META)



Вратата на НАТО е отворена за нови членови, но преминувањето на прагот бара сериозна работа, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во обраќањето пред пратениците, државниот врв и првите луѓе на повеќе институции на седница на Собранието на Република Македонија. Во него тој посебно се осврна и ги пофали ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија и изгласувањето на Законот за јазиците.


Столтенберг порача дека членките на северноатланската алијанса може едногласно да поканат која било европска земја да стане членка, но за тоа да се случи има уште работа што треба да се заврши. Сепак, како што рече, пред седиштето на НАТО има место за уште знамиња.


– Договорот од Вашингтон нагласува дека членките може преку едногласен договор да поканат која било европска земја да се приклучи на Алијансата, доколку таа земја е во состојба да ги следи обрските на договорот и придонесува во северноатлантската сфера. Под тие услови Црна Гора стана 29. членка на НАТО минатата година, со еднаков глас во нашите дискусии и еднакви права и одговорности како сите други земји – членки. Гледањето како црногорското знаме се издига за првпат пред седиштето на НАТО беше горд момент за мене. Но, има сè уште место за уште знамиња пред седиштето на НАТО – рече Столтенберг.


Сепак, рече тој, едно е да се биде амбициозен, а друго е реалната ситуација и мора да се реши прашањето за името на, како што рече, „вашата земја“. Тој инаку не го употреби зборот Македонија ниту еднаш во говорот што траеше дваесетина минути.


– Сакам да успеете, НАТО сака да успеете, но иако е добро да се биде амбициозен, важно е да се биде и реален. Има уште работа што треба да се сработи. Тоа значи – решавање на прашањето за името на вашата земја. Ова е прашање што му тежи на овој регион и на оваа земја предолго време. Оттука, ја поздравувам покажаната волја на оваа влада да се разреши ова прашање. Вчерашната средба на преговорачите во Њујорк беше уште еден важен чекор. Охрабрен од неодамнешниот напредок, ја користам оваа шанса да ве поттикнам да се приближите напред – порача Генералниот секретар на НАТО.


Подеднакво важно е да се подобрат односите со сите соседи, рече тој.


– Исто така добро е да покажете добри односи со соседите. Членките на НАТО се одушевени поради развојот на односите со Бугарија, и јас честитам за ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, но мора да работите да ги подобрите односите со останатите во регионот – рече Столтенберг.


Генералниот секретар на НАТО ги спомена и насилствата од 27 април минатата година и рече дека настаните во Собранието го шокирале и него и сите членки на НАТО.


– Сепак бевме импресионирани од тоа што го видовме од тој ден понатаму, за напредокот што сите го сторивте за формирање нова отворена поинклузивна политичка култура, во калење на новиот национален дух, гледање напред и истрајност. Пред девет месеци се приближивте кон работ на една карпа. Но, од тогаш една држава од потенцијална нестабилност се претворивте во држава на реални можности – рече Столтенберг.


Тој посебно значење даде на диверзитетот и на донесувањето на законот за јазиците.


– Како поранешен пратеник и премиер на Норвешка разбирам многу од предизвиците со кои продолжувате да се соочувате. Долгата политичка кариера ме научи колку е поинклузивно едно општество, толку е поуспешно. Диверзитетот е сила, не слабост. Таму каде што има диверзитет придружен од добро управување има успех – порача Генералниот секретар на НАТО.


Во говорот тој оддаде признание на македонската одбрана за придонесот на мисијата на НАТО во Авганистан, но рече дека и во тој сектор се потребни реформи, а како посебно важно го посочи зголемувањето на буџетот за одбраната до ниво од 2 отсто од БДП.

http://meta.mk/stoltenberg-vratata-e-otvorena-no-preminuvaneto-na-pragot-bara-rabota/

Истиот овој Столтенберг додека беше премиер на Норвешка и како таков јавно застапуваше про-македонски став и изјави во спорот со Грција. Меѓутоа дојде на позиција на НАТО и почна да го застапува ставот на НАТО, потврден во Букурешт 2008.



А се сеќавам пред средбата во јуни 2017 во Брисел (Заев-Столтенбег), како шарените куртоноиди ликуваа овде на форумот дека експресно ќе бидеме примени во НАТО под привремена референца ФИРОМ, демек кој ја ебе Грчка! Доколку се десеше тоа, сега ќе продаваа куртони за сендвичи како е успех тоа, бидејќи уставното име ни било ФИРОМ.

И да... оваа снимка е врв на коленичењето пред портите на НАТО. Не можат толку силно да ве тапшаат по плеќи колку што можете да издржите!

 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
znam de, ama veke koga pocna so sta bi bilo kad bi bilo tezi razmisli malku podlaboko. na primer dali tebe da te brkaat ko kuce i da ti organiziraat puc u dvor a ti da imas nuklearna aktofka so tebe nema bar da se zakanis so edno testche vo internacionalni vodi 500km od havai... ili po greska da ispalis edna prazna onaka nad berlin za dobro utro.... dali togas mislis newland ili merkel ke gi interesira rusenje na "demokratski" eve ke go stavam u navodnci lider. takvi scenarija ili gledaj od pocetok ili ne zamaraj....
Абе јас не почнав со шта би било кад би било.

@Pina и другарчињава се палат на тоа како НАТО му ветил ова или ова. Или што ќе беше ако не се распаднеше СССР :)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.591
Поени од реакции
22.555
Митко Чавков и дружината повторно се уапсени, а вие меџународна политика оправате :)
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Абе јас не почнав со шта би било кад би било.

@Pina и другарчињава се палат на тоа како НАТО му ветил ова или ова. Или што ќе беше ако не се распаднеше СССР :)
Pa ti pochna so shto bi bilo ako Ukraina gi imala nuklearkite...
Uuuups sega primetiv deka sme:oftopik: jas mislev deka sum na Rusija, smena na nad. politika.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Не се грижете за 20 години ќе нема народ овде, на кого ќе се одмаздува на дрвата?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Па незнам баш дали е така, нити ние ниту срби или бугари имаат нешо арно од мајка русија.
Ова што го збориш за вооружување не ќе да е баш така ако малку од малку ја познаваш историјата, освен неколку изолирани случаеви нема допринесено баш многу, ако збориш за ослободувањето на белград во 2 светска тоа го имаат направено партизаните, како и на цела територија на тогашна југославија.
Шо збориш бе? Кај имале тогашните партизани тешко вооружување.
https://en.wikipedia.org/wiki/Belgrade_Offensive
Не да не ја спорам моќта на југословенските партизани - многу мочковци овде што пишуваат и им се серат не се свесни за каква тактички моќна армија се работеше. Со интервенција на дипломатијата се вратени и од Италија и од Австрија, регионот на Клагенфурт. Сепак Русија била ветер во грб и тоа многу ветерани од НОБ го потврдуваа, не само дедо ми. Е сеа за Бугарија во Втора светска, приказната е поинаква, пошо одбраа да продолжат со Германија и по растурањето на пактот меѓу Русија и Германија од 43-та и практично, комунистичките години во Бугарија беа пекол, кој самите си го донесоа, никој не ги тераше. Инаку, скоро исто како Србите, Бугарија своето ослободување од османлиите треба да го благодари само на Русија. Огромна црква во центарот на Софија, Александар Невски е посветена на ова. Далеку од небитен е Балканот, сите се омаловажуваме со тоа. Веројатно е стратешки најбитниот дел на Европа, заради физичката врска со Блискиот исток и Црно Море, кое единствено топло море со функционални пристаништа цела зима за Русија и многу веројатно е што е ваква распределбата на силите на него - нема една голема балканска држава која би доминирала и била светски фактор, туку цело време се држат неколку центри кои очи си вадат меѓу себе на секои 100-200 години.


Слаба и трула е русија колку сакаш величај ја, трул народ скапан како и балканскиов, само со една разлика ние култоролошки сме поблиску до западон отколку со истокон, освен можеби заедничко потекло вера и писмо ништо друго не не врзува со таа русија, што во денешно време е ептен малку дури и безначително.
од сите што ги познавам а се имаат иселено од мк или балканов ( многу ги има ) само двајца знам што живеат во русија и тоа едниот е на крим а другиот е во москва.
Епа види сега ти кој ни е поблизок.
А за растурањето на европа од овде да сосема си во право, ако таа курва европа набрзо не ги бутне македонија, србија, босна во унијата ќе наебе како никогаш досега.
Мислам дека веќе многу струи во европа тоа го сфаќаат и веќе се покренуваат чекори кон интеграција.
И европа не е сјајна, ама каде каде е подобра од русија, само што гледам дека на македонецот веќе му е скурчено да чека, еве кога бев последниот пат, правам муабет со другар. Ми вика имам 38 години немам ништо свое цел живот работам за ситниш станот од моите, кола стара 20 години, сакам да бегам од тука.
Замисли фамилијарен човек со три деца. Ќе остави се ( а реално нема ништо ) и ќе оди да започне нов живот, про руски расположен што да ти кажам дома на ѕид слика од путин.
Кога го прашав каде мисли да заминува рече дека сакал на северот од франција да се сели. Таму имал некоја балдска која што со години живеела па да си ја пробал среќата.
Отепано е веќе македончето, кој како дојде само нови даноци и давачки му става и граба се од сиромаштија та вмро та сдсм.
Не си ми ги читал постовите овде колку се имам расправано овде за улогата на Русија во нашата историја. Не само што не ја величам, туку ја презирам по многу параметри. По внатрешно уредување, моментално, таа е еквивалент на САД, со тоа што во периодот на трансформацијата многу назадуваа, изгубија многу влијанија и сега се борат да си ги вратат. Внатре државата е по класичен пирамидален систем наредена, полицијата има скоро неограничени овластувања, корупцијата владее, а и самиот народ....имам работено, па и живеено со Руси - што да ти кажам, јас сум човек со факултет, па не сум добивал основен респект од руски нешколувани мрсули од некоја вукојебина - со такви коа зборам сфаќам колку Скопје беше отворен и светски град своевремено и колку сме биле понапред од нив по многу параметри (ама тоа се прошли времиња).
Како мислам дека е паметно ние да постапуваме - само со балансирање. Тоа не значи ваква тотална понизност, туку бегање од големите игри. А тоа е можно само ако имаш политичар што внатре во државата работи добро за својот народ, тогаш е многу потешко да биде уценуван од надвор. Она што го стави вчера @Scirea за трговската размена не е наивна работа. Ќе го стаам на пенушка, ако Заев размислил за тоа пред да го прати Димитров на баење во амбасада - абер немаат од тоа. Доволно е Заев да ја објасни ситуацијата со ветото од страна на Кина во 98-ма и сигурен сум дека нема да добива таков притисок, ама грам памет нема, кој ни е крив.
Јасно е кој го има превземено Балканот и додатно курчење само ти праи дополнителни проблеми. Тоа Слобо им го сервираше на србите. Замисли без војна да останеа сите срби во Книнска краина и секаде каде што претходно живееа - ќе се распаднеше Хрватска до сега, а не обратно. Затоа мислам дека мали држави до 20 милиони луѓе кога се опрегаат со овие големи сили само стап јадат пошо немаат никакви шанси во ниеден поглед.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.169
Поени од реакции
16.304
Митко Чавков и дружината повторно се уапсени, а вие меџународна политика оправате :)
формално го прекинаа притворот, сега ги притворија по формално друг основ за да прикажат дека нема непотребно долг притвор...[DOUBLEPOST=1522220759][/DOUBLEPOST]Заев: Mожно е да бараме мислење од Уставниот суд за надлежностите на Иванов

а да се испита прво уставноста на законот и дали може да се изгласува со просто мнозинство или треба 2/3 ??[DOUBLEPOST=1522222600][/DOUBLEPOST]ЉУБЧО: ЗА 10 ГОДИНИ МАКЕДОНИЈА КЕ БИДЕ 3-ТА АЛБАНСКА ДРЖАВА

њама више до и од Групчин... важно ти си имаш бг пасош а парите ги претвори во злато, немаш гајле ни од војната меѓу долар и јуан :cool:
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
ВМРО-ДПМНЕ смета дека е правилна одлуката на Владата да го протера рускиот дипломат
Дај сами нека си тргнат ова ВМРО што одамна го резилат.

:facepalm:

И уште скокаат ко петли овде на форумов.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
:cool:ж
ВМРО-ДПМНЕ смета дека е правилна одлуката на Владата да го протера рускиот дипломат
https://www.mkd.mk/makedonija/politika/vmro-dpmne-smeta-deka-e-pravilna-odlukata-na-vladata-da-go-protera-ruskiot
Само Хорхе вмровец испадна :confused::cool:[DOUBLEPOST=1522228233][/DOUBLEPOST]Осеќам има тежок дил на маса. Вмро од понеделник се враќа во собрание па да видиме како ќе се одвиваат работите. Мада што јас мислам ќе гласаат за промена на име и др. Партијата на Јанко и Палче се писледица на излегувањето на вмро од руска прегратка. Хорхе е одликуван во Москва така да ќе си остане до крај.
 
V

viktora

Гостин
:cool:ж
Само Хорхе вмровец испадна :confused::cool:[DOUBLEPOST=1522228233][/DOUBLEPOST]Осеќам има тежок дил на маса. Вмро од понеделник се враќа во собрание па да видиме како ќе се одвиваат работите. Мада што јас мислам ќе гласаат за промена на име и др. Партијата на Јанко и Палче се писледица на излегувањето на вмро од руска прегратка. Хорхе е одликуван во Москва така да ќе си остане до крај.
Прашање е кога ќе го рокнат како Глигоров или Трајковски.Според начинот на водење на политиката јасно е во чиви прегратки е државава.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom