Па незнам баш дали е така, нити ние ниту срби или бугари имаат нешо арно од мајка русија.
Ова што го збориш за вооружување не ќе да е баш така ако малку од малку ја познаваш историјата, освен неколку изолирани случаеви нема допринесено баш многу, ако збориш за ослободувањето на белград во 2 светска тоа го имаат направено партизаните, како и на цела територија на тогашна југославија.
Шо збориш бе? Кај имале тогашните партизани тешко вооружување.
https://en.wikipedia.org/wiki/Belgrade_Offensive
Не да не ја спорам моќта на југословенските партизани - многу мочковци овде што пишуваат и им се серат не се свесни за каква тактички моќна армија се работеше. Со интервенција на дипломатијата се вратени и од Италија и од Австрија, регионот на Клагенфурт. Сепак Русија била ветер во грб и тоа многу ветерани од НОБ го потврдуваа, не само дедо ми. Е сеа за Бугарија во Втора светска, приказната е поинаква, пошо одбраа да продолжат со Германија и по растурањето на пактот меѓу Русија и Германија од 43-та и практично, комунистичките години во Бугарија беа пекол, кој самите си го донесоа, никој не ги тераше. Инаку, скоро исто како Србите, Бугарија своето ослободување од османлиите треба да го благодари само на Русија. Огромна црква во центарот на Софија, Александар Невски е посветена на ова. Далеку од небитен е Балканот, сите се омаловажуваме со тоа. Веројатно е стратешки најбитниот дел на Европа, заради физичката врска со Блискиот исток и Црно Море, кое единствено топло море со функционални пристаништа цела зима за Русија и многу веројатно е што е ваква распределбата на силите на него - нема една голема балканска држава која би доминирала и била светски фактор, туку цело време се држат неколку центри кои очи си вадат меѓу себе на секои 100-200 години.
Слаба и трула е русија колку сакаш величај ја, трул народ скапан како и балканскиов, само со една разлика ние култоролошки сме поблиску до западон отколку со истокон, освен можеби заедничко потекло вера и писмо ништо друго не не врзува со таа русија, што во денешно време е ептен малку дури и безначително.
од сите што ги познавам а се имаат иселено од мк или балканов ( многу ги има ) само двајца знам што живеат во русија и тоа едниот е на крим а другиот е во москва.
Епа види сега ти кој ни е поблизок.
А за растурањето на европа од овде да сосема си во право, ако таа курва европа набрзо не ги бутне македонија, србија, босна во унијата ќе наебе како никогаш досега.
Мислам дека веќе многу струи во европа тоа го сфаќаат и веќе се покренуваат чекори кон интеграција.
И европа не е сјајна, ама каде каде е подобра од русија, само што гледам дека на македонецот веќе му е скурчено да чека, еве кога бев последниот пат, правам муабет со другар. Ми вика имам 38 години немам ништо свое цел живот работам за ситниш станот од моите, кола стара 20 години, сакам да бегам од тука.
Замисли фамилијарен човек со три деца. Ќе остави се ( а реално нема ништо ) и ќе оди да започне нов живот, про руски расположен што да ти кажам дома на ѕид слика од путин.
Кога го прашав каде мисли да заминува рече дека сакал на северот од франција да се сели. Таму имал некоја балдска која што со години живеела па да си ја пробал среќата.
Отепано е веќе македончето, кој како дојде само нови даноци и давачки му става и граба се од сиромаштија та вмро та сдсм.
Не си ми ги читал постовите овде колку се имам расправано овде за улогата на Русија во нашата историја. Не само што не ја величам, туку ја презирам по многу параметри. По внатрешно уредување, моментално, таа е еквивалент на САД, со тоа што во периодот на трансформацијата многу назадуваа, изгубија многу влијанија и сега се борат да си ги вратат. Внатре државата е по класичен пирамидален систем наредена, полицијата има скоро неограничени овластувања, корупцијата владее, а и самиот народ....имам работено, па и живеено со Руси - што да ти кажам, јас сум човек со факултет, па не сум добивал основен респект од руски нешколувани мрсули од некоја вукојебина - со такви коа зборам сфаќам колку Скопје беше отворен и светски град своевремено и колку сме биле понапред од нив по многу параметри (ама тоа се прошли времиња).
Како мислам дека е паметно ние да постапуваме - само со балансирање. Тоа не значи ваква тотална понизност, туку бегање од големите игри. А тоа е можно само ако имаш политичар што внатре во државата работи добро за својот народ, тогаш е многу потешко да биде уценуван од надвор. Она што го стави вчера
@Scirea за трговската размена не е наивна работа. Ќе го стаам на пенушка, ако Заев размислил за тоа пред да го прати Димитров на баење во амбасада - абер немаат од тоа. Доволно е Заев да ја објасни ситуацијата со ветото од страна на Кина во 98-ма и сигурен сум дека нема да добива таков притисок, ама грам памет нема, кој ни е крив.
Јасно е кој го има превземено Балканот и додатно курчење само ти праи дополнителни проблеми. Тоа Слобо им го сервираше на србите. Замисли без војна да останеа сите срби во Книнска краина и секаде каде што претходно живееа - ќе се распаднеше Хрватска до сега, а не обратно. Затоа мислам дека мали држави до 20 милиони луѓе кога се опрегаат со овие големи сили само стап јадат пошо немаат никакви шанси во ниеден поглед.