[SIZE=+1]Од каде потекнува Животот ?[/SIZE]
Дали може животот да потекнув од неживата неинтелегентна материја?
Дали јас и ти, еден комарец и еден слон е можно да сме само една
случајна рекомбинација на материјата, која заедно со природните
закони се само една случајна трансформација на Ништото ?
Ако земете едно парче месо (не зготвено) и го фрлите во двор,
а потоа за неколку дена го набљудувате ќе видите многу мали црвчиња
во него. Порано некои луѓе сметале дека мртвото месо, само од себе
си создавало црви за да го изедат потоа. Сега со ова тврдење тешко
може да се положи испит по биологија. Денес јасно се знае дека црвите
не потекнуваат од мртвото месо туку од ларвите заробени во него,
кои навлегле во него додека било живо (на пример преку исхраната).
Милеровиот експеримент
Повеќето атеистички научници сметаат дека животот настанал случајно
во една прабиотичка супа, каде случајно се нашле потребните зачини и
потоа громовите, брановите и ветровите ја мешале оваа супа од која
произлеговме денес јас, ти и се живо околу нас.
Како и да е, пред околу 53 години Опарин, Милер, Широно и други
излегоа со фасцинантни идеи за тоа како се готвела оваа супа,
со фасцинантни планирани драми за одигрувањето на оваа случка.
Во строго определени лабараториски услови овие научници се обидоа
да ја одиграат таа драма и добија неколку амино киселини. Избрзано се
израдуваа и му соопштија на светот дека живот може да се добие во
лабараторија. Но кога Милер продолжи да го унапредува експериментот,
неговиот оптимизам спласна.
1) Од околу 100 познати аминокиселини, само 20 се користатат во
протеините и сите од нив се левораки. Аминокиселините кои они
ги добија беа половина левораки, половина деснораки.
Односот бил [FONT=fixedsys,arial black]50 : 50[/FONT] . Тоа е смртоносна комбинација. Кога би се
вметнала макар и само една деснорака аминокиселина, би го разурнала
целиот сиџир од аминокиселини.
2) Постои и концепски проблеми. На пример: нема причина да веруваме
дека произволното соединување на аминокиселините ќе образува нешто
корисно, а доколку ги спомнеме можните комбинации, броевите (како што
подоле ќе видиме) се од редот на бројот на честици во целата
вселена, па и далеку поголем од него.
3) Случајните настани и неинтелегентното создавање го заменаа со
лабараториски услови и со интелегентни научници. Творецот натажено
ги гледаше овие научници како се обидуваат да го имитираат.
Но гласовите замреа, 53 години поминаа, а напредок нема.
Франкенштајн остана во филмовите.
4) Колкви се броевите?
Големи се.
Информациите што ги содржи еден хромозом кај човекот се
еквивалентни на [FONT=fixedsys,arial black]500[/FONT] милиони зборови. Со просек од [FONT=fixedsys,arial black]400[/FONT] зборови по
страница, би биле потребни [FONT=fixedsys,arial black]5435[/FONT] книги од по [FONT=fixedsys,arial black]230[/FONT] страници за да се
запишат овие зборови, а цела библиотека од [FONT=fixedsys,arial black]250000[/FONT] книги за да се
запишат информациите кои се содржат во 46-те хромозоми кај
оплоденото човечко јајце.
Франсис Крик ја пресметал веројатноста за спонтано образување
на една најпроста протеинска компонента од само 200 аминокиселини
(нешто многу попросто од една ДНА молекула)
Тој добил [FONT=fixedsys,arial black]1 : 10000...0 (260 нули)[/FONT].
Бројот на честици во вселената изнесува околу [FONT=fixedsys,arial black]1000..0 (80 нули)[/FONT]
Ако овој број го помножите три пати сам со себе, бројот погоре
сепак ќе биде околу сто милиони билиони пати поголем од овој производ.
Во своето дело "Еволуција од Вслелената", познатиот британски
астроном Фред Хојл и Викрамасинге пишуваат дека веројатноста
животот да настанал случајно изнесува [FONT=fixedsys,arial black]1 од 1000...0 (40 000 нули)[/FONT]
За споредба, бројот на честиците во Вселената би требало сега
[FONT=fixedsys,arial black]500[/FONT] пати да го помножиме сам со себе за да дојдеме до овој број.
Хојл вели: Кога ќе размислите дека еден типичен ензим има синџир
од можеби [FONT=fixedsys,arial black]200[/FONT] врски и дека има [FONT=fixedsys,arial black]20[/FONT] можности за секоја врска, лесно е
да се увиди дека бројот на бескорисни комбинации е огромен, поголем
од бројот на атомите во сите галаксии видливи со најголемите
телескопи. Тоа е само еден ензим, а има преку [FONT=fixedsys,arial black]2000[/FONT] такви кои служат
за многу различни цели.
Оттука, како дошло до оваа ситуација која ние сме ја затекнале ?
Хојл додал: Наместо да ја прифатиме извонредно малата веројатност
дека животот настанал преку слепите сили на природата, изгледа дека
би било подобро да претпоставиме дека потеклото на животот бил
еден промислен интелектуален чин.
5) Атеистите најчесто велат дека Времето е херојот на драмата,
ако има доволно време, се може да се случи, невозможното станува
веројатно, а веројатното станува сигурно. Но дали е навистина така?
Како што видовме, Универзумот има свој почеток, минатото е огромно
(15-20 милијарди години според Биг Банг), но сепак тоа е конечно,
атеистичкиот херој е конечен.
Научникот Франк Салсбери вели:
Замислете си сто милиони билиони планети и на секоја од нив по
еден океан длабок [FONT=fixedsys,arial black]2км[/FONT] и збогатен со присуство на погодни
делови од ДНА кои се размножуваат [FONT=fixedsys,arial black]1000 000[/FONT] пати во секунда,
со присутни мутации во секоја последователна репродукција.
Под вакви услови, Салзбери пресметал дека би биле потребни билиони
вселени за да има реални шанси да се развие еден ген во текот
на 4 милијарди години, дури и ако [FONT=fixedsys,arial black]1000...0 (100 нули)[/FONT] различни
ДНА молекули би можеле да ја извршуваат истата генетска функција.