Абе вака кога го кажуваш можеби личи логично, ама збориме за веќе подалечно минато од 70тина години и систем кој во многушто е изменет... И политичка ситуација која е сосема поинаква...
И Сталин беше со Израел до 52, ама после стори све за да ги уништи...
Доколку во Македонија ситуацијата ескалира, што во голема мера како што стојат работите има шанса за тоа... Секој кој декларативно би дошол да не одбрани ќе е добре дојден и ти прв ќе излезеш со Руско знаме да го чекаш чичко Стрелкин тука, кога ќе видиш на видео како некој муџо ти го обезглавува комшијата... Затоа не се прај многу јунак...
Јас воопшто не се правам јунак, туку едноставно ти ја посочувам реалноста таква каква што е`.
Ете имавме пример во 2001 година кога невини цивили беа врзувани за столбови и разнесувани со експлозив, градежни работници беа тепани и жигосувани како стока, а злосторниците беа наградени со амнестија и јавни функции. На сето ова Македонците реагираа со лекарски дијагнози за не знам какви болести за да избегнат мобилизација, или си ги собираа парталите и фаќаа џаде во странство.
Денес Македонците вадат татарски пасоши за да фатат џаде во странство, а ако Македонија стане воена зона со муџахедини кои ќе обезглавуваат невини цивили, со тоа ќе исполнуваат услови за барање азил во било која држава која прима азиланти од кризни подрачја, и додека да трепнеш - правец Германија, Австрија, Швајцарија, Норвешка, Шведска, Финска, Данска или било која друга држава која со отворени прегратки пречекува имигранти.
Србија и Татарстан сигурно со задоволство ќе примат што е можно повеќе од нивните "браќа од еден ист народ во две држави", на кои нареден правец ќе им биде првиот автобус, воз или авион за некоја држава во централна Европа, северна Европа или западна Европа - но не и за источна Европа, а уште помалку па за Русија.
Јас не велам дека Русија не би можела да го исчисти Балканот од "борци за човекови права/слобода и демократија", но Македонците воопшто не би се бореле на страната на Русија, биди сигурен во тоа.
Една од ретките политики кои секоја досегашна владејачка партија во Македонија ги има практикувано од 1992 година па наваму, се анти-руските позиции - пвеводбениците плукаат по Русија бидејќи ја бранела идејата за создавање на Сан Стефанска Бугарија, а плавите жолтици плукаат по Русија велејќи дека немаме алтернатива на НАТО и ЕУ.
Ова е една од ретките фиксни политики околу кои плавите жолтици и пвеводбениците секогаш се согласуваат, а во Македонија нема политичка партија која активно работи на подобрување на односите помеѓу Македонија и Русија, не ми ги спомнувај Јанко Бачев и Единствена Македонија, тие се најобични позери кои никогаш нема да дочекаат да освојат по некое пратеничко место во македонското Собрание, а уште помалку па да бидат некогаш дел од владејачка коалиција - можеби грешам околу првото, можеби некогаш ќе успеат да освојат по некое пратеничко место во Собранието, но никогаш нема да бидат владејачка партија.
Во вакви околности, а надополнето со неодамнешното завземање страна на Руската Православна Црква во корист на Српската Православна Црква, а против Македонската Православна Црква, русофобијата во Македонија ќе продолжи да цвета како и досега.