3 филм: Flight of the Navigator - за ова не сум сигурен дали сум го гледал, познат ми беше бродот и скалите, ама веројатно многу сум бил мал, па не се сеќавам баш. Ама, филмов е преубав и сега! Значи конечно, првиот кој ептен ми направи мерак: од почеток до крај. Прво, одлична мистерија, одлична научна фантастика, одлична драма, одлична комедија. Да, тука ги има елементите на сите овие жанрови и сите се прекрасно вклопени во една целина која навистина добро функционира. Мене ме остави да не трепнам. Плус, и глумата е навистина добра. Детето растури. Сара Џесика Паркер е бонбонче тука. И што друго да кажам - поубав семеен фил од овој не сум гледал со векови. Едноставно, ми го направи денот!
9/10
Инаку,
@Anon ме малтретираше да му најдам филм(ови) во кои
главниот, или некој од ликовите поради X причини не старее или во одреден дел од филмот престанал да старее додека другите ликови си продолжиле да си ја тераат биолошката судбина. И му направив листа со такви филмови (барем оние на кои успеав да се сетам или кои успеав да ги најдам. За тие кои се заинтересирани да ѕирнат, еве што испадна:
КЛИК ТУКА. Ако ви текне на уште некој ваков, пишете во коментар во листата, или тука, или во привата порака, или пратете ми гулаб... сеедно.
4 филм: Airborne - ова е еден од оние филмови кои сум ги гледал минимум двоцифрен број пати. За оние на кои не им е познат насловот, на МТВ го прикажуваа како
Летачи на тркала, па може ќе се сетите. Овде, и да сакале, не можеле да направат повеќе клишеа од што има: кул дечко од кул место се сели во крш место поради сплет на околности (тука малку неразјаснети: родителите му викаат - не можеме да те земеме со нас во Австралија заради образованието, затоа ќе одиш кај тетка ти во Синсинати. Као демек во Австралија немаат училишта и сите се глупи, тупи и необразовани). И во новото живеалиште тој лик е неприфатен од средината, bullied, сите го мразат и сл. Ама тој останува кул, и се заљубува во љубовта на фраерот од новото место (до душа тука беше сестрата, за да не биде толку антагонистички настроен), исто и таа во него. Па после тука има и некој sidekick кој ја отежнува работата на сите, и кој обично прави глупости и е смешен лик (во случајов ко од цртан филм излезен). Но херојов после ќе направи нешто со што ќе ја стекне довербата на ликовите од новото место, ќе го прифатат како дел од нив и се ќе си биде ОК, и сите среќно ќе си живеат. Минимум 10 вакви филмови знам, и тоа само од деведесетите. Но, who cares. И по толку клишеа, и по толку пати гледање, ова се уште ми беше ептен забавно филмче. Крајот, особено (последните петнаесетина минути и трката од ридот), толку адреналин има во него и толку е убав што те остава да не трепнеш. Можам да си ги пуштам овие 15 минути одново и одново цел живот и пак да не ми се здосадат никогаш. Плус, позитивно е што кога и да го гледам, филмов ме враќа во омилената деценија од мојот живот, деведесетите, кога јас растев и се школував. И враќа некоја топлина, некои убавини. Од облеката: преовладува џинс, до фризурите (кремчињата кај машките и девојчињата, и патецот у-раздељак-те-љубим, a la Ник/Арон Картер од '90, style), преку музиката и бој бендовите, па се до обетките/пирсовите на левото уво кај машките (никогаш сум немал, ми беше гадно, ама потсетува на тоа време, и сега ми е убаво. Да си дупнам уво, а?) Дури мислам дека филмов имал влијание кон поп-културата од тоа време, можеби само кај нас, зашто секоја втора недела го даваа на МТВ 1, па затоа секој втор кул-дечко личеше на Мичел Гусен, пред се со обетката на левото уво и патецот на средина. Значи ОК, сфативте, филмов ми е guilty pleasure, и не се срамам од тоа.
8/10 од мене.
Инаку, сакав да видам кај се актерите, од сите овие филмови кои ги гледаме. Сара Џесика Паркер од Navigator и Џек Блек од Airborne до душа сите ги знаеме. Ама овој главниов лик, Мичел, т.е. Шејн МекДермот некако непознат ми делуваше, па го прогуглав и се изненадив дека освен во овој филм и уште во 2-3 серии не глумел никаде другде. Помислив прво да не му се случило нешто, кога што ќе видам - наместо да биде популарен актер, одлучил да се занимава со продажба на недвижности и уште го работел истото. Смотко! Еве како изгледа денес:
[DOUBLEPOST=1520626471][/DOUBLEPOST]И
5 филм: Rookie of the Year - уште еден филм кој сум го гледал повеќепати, ама знаев дека нема да ми се допадне, зашто мислам дека речиси никогаш и не ми се допаѓал. Причини:
1. Никогаш не ги научив правилата на бејзбол, па така пола филм блеев ко теле во шарена врата;
2. Малиов ми беше многу кул во American Pie како Кевин, многу го сакав. Ама колку што го сакав таму, толку тука ми е иритантен;
3. Сфаќам дека е семеен филм и дека сакале да можат да го гледаат сите, ама во тој случај не требало да вметнуваат воопшто псовки, а не да ги кратат на пола со цензура. Првиот пат беше интересно тоа, вториот ОК, третиот пат почна да ме нервира, четвртиот ептен ми згази на нерви, а секој нареден ми беше utterly stupid;
4. Тоа што требаше да биде смешно, не беше;
5. Клишеа на сите страни, ама овојпат не ми беше забавно како Airborne, па не можев да поминам преку нив.
И има уште, ама не можам веќе да набројувам, ми ја сфативте поентата, филмов не ми се допадна. Пак. Само 5/10, ете, за идејата. Доста е.
@Zlatikevichius заврши со предизвикот за март 2018, уште на 9 март 2018. Останатите 20 дена, ќе трча кон други предизвици. 5:0 за мене. Се одјавувам, и ви ја фрлам ракавицата. Lazy asses!