Нема зашто некој што гласал за Сдсм на овие избори сега да се буни за законов за јазици. Јасно и гласно Заев на секоја телевизија пред изборите па и на онаа пресконференција за албанската платформа кажа дека како партија ќе дадат подршка за унапредување на албанскиот јазик, значи тоа беше кажано јасно и гласно и пред изборите кога гостуваше по телевизиите. Така да нема што сега некој што го дал гласот да се пењави за тоа и да се осеќа излажан.
Мојот глас отиде за Сдсм и би се пењавел само за начинот на кој беше донесе законов вчера, видовме сите, крајно каубојски, исти кур како Вмро кога носеше закони, без никаква расправа.
Т.е има само една работа што ми смета внатре во законов а тоа е што ќе се казнуваат само институциите кои нема да го испорачаат албанскиот јазик до барателите а оние институции кои нема да го испорачаат македонскиот јазик нема да бидат казнувани.
Си пукаа сами вчера Сдсм, иако апсурдни се 35-те илјади амандмани од Вмро и јасно е што сакаше да се постигне со нив, ама остај ги бе нека се испукаат две недели у собрание, ќе видевме сите како си маваат реплики еден на друг како што правеа пред неколку месеци, ќе станеше јасно дека се само обична фарса која им служи за опструкција на собранието со цел да се одолговлечат реформите и после донеси го, ама не вака како вчера каубојски без да има било каква дебата у собрание. Плус, мораше да има некој од Сдсм што јасно и гласно пред сите во собрание на говорница ќе објаснеше што содржи законов па може и нешто ќе се сменеше во истиот.
Вчера изгуби доста Сдсм а доби многу Дуи, ги воскреснаа, утре да има избори Дуи си ги враќа 80-те илјади изгубени гласови од парламентарните избори како ништо.
Можеше дури и да се почека некој месец, не верувам дека плус три четри месеци ќе им сменеше нешто на Албанците, ипак моментално има важни реформи што треба да се носат а времето е кратко.
Се надевам дека ќе падне на Уставен овој закон само од причина заради начинот на кој беше донесен па ако веќе се носи тоа да биде на демократски начин.
Разочаруваат Сдсм, со вакво темпо брзо ќе ги вратат Вмро, а гледајки ја реториката на Мицковски, копи пејс на Грујо, ќе се вртиме у круг цело време, само разочарувања и разочарувања ново наново.
Друга работа што е гнасна е тоа што урлаат вмровците за законов а во нивно време два закони за унапредување на албанскиот јазик беа донесени. Тогаш си ќутеа, плус, истиов овој закон што вчера се донесе ( од а до ш ) бил договорен и со вмро после парламентарните избори. Можеше ова најтазе да се види пред неколку недели на Топ тема кога гости беа Влатко Ѓорчев и Артан Груби, кога Груби му вика " го држам законов што го договоривме со вас, сакаш ли да го читам член по член за да видат сите дека се работи за истиот закон" и Ѓорчев мукла, почна да збори за фабрики дека не отварале Сдсм
Така да исто ќе беше во тој поглед а вие ќе си го лапневте закончево како свиња помија.