Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
3 пати заспав додека го гледав филмот
 
Не знам колку милиони пати е дискутирано ова на темава, да земе некој да ја чита одеднаш ќе се прашува што е со ретардираниве што една те иста проблематика ја верглаат ко да е закон за јазици.

Значи по е-ти пат, сумирано.
>Анихилејшн, Стар Ворс, МЦУ/ДЦ... се блокбастери
>Блокбастерот е попкорн синема
>Блокбастерот нема! артистичка вредност
>Блокбастерот е филм за масата
>Блокбастерот се пишува по рецепт што го диктира масата
>Блокбастерот е продукт на тоа што е популарно и вади пари во моментот
>Блокбастерот е бизнис
>Императив за успешен бизнис е профит
>Профит се постигнува со удоволување на масата
>Блокбастерот и артистичката кинематографија не си влијаат и не се исклучуваат меѓусебно
>Повеќе блокбастери =/= помалку квалитетни филмови
>Блокбастерите не се прават на сметка на останатите филмови
>Никој не ви ги зема парите од џеб за да сними блокбастер, ако не ти фаќа око - не го гледај
>Нема недостаток на блокбастери, особено не за машка публика
>Нема недостаток на артистички филмови, за било каква публика
>Нема недостаток на филмови in general, избор има и повеќе отколку што може да се изгледа во текот на еден животен век
>Гледајте тоа што сакате да гледате
>Не гледајте тоа што не сакате да гледате
>Ни едно кино никаде во светов нема да ве примора да гледате филм што не сакате да го гледате
 
Blast from the Past, Мацоли :sneaky:

Ја напрај работава ко да нема друго шо да гледаш.

Да, да, пошто од купишта филмови шо излегвуаат годишно, вие кутрите и напатени имате избор само помеѓу тие 6 филма.

booohhooo
 
Еден од Лондон минатата недела два пати пробал да оди на Блек Пантер без претходна резервација и двата пати начекал распродадени сали, немало карти. Месец дена по премиерата. Преглуп филм, не знам како не научија до сега дека ако сакаат да направат добар филм, мора целната група да им се Кајгана филмските експерти.
 
Еден од Лондон минатата недела два пати пробал да оди на Блек Пантер без претходна резервација и двата пати начекал распродадени сали, немало карти. Месец дена по премиерата. Преглуп филм
Дали сакаш да кажеш дека тоа што немало карти треба да значи дека филмот е многу добар и останатите не смеат да кажат дека е глуп?
 
Дали сакаш да кажеш дека тоа што немало карти треба да значи дека филмот е многу добар и останатите не смеат да кажат дека е глуп?
Смее секој да каже свое мислење. Тебе ако ти е глуп не значи дека стварно е глуп. Ама и секој што оди на такви филмови треба да знае што треба да очекува.
 
Симињам Annihilation палс, мега импресии по гледањето. Се гледа по постерот дека е гарантирана дво часовна забава! :D

Последен гледан филм Drive Angry, го начекав на АренаБГ. Аууу каков добар guilty pleasure е филмов, репликите вриштат. :pos:
 
Смее секој да каже свое мислење. Тебе ако ти е глуп не значи дека стварно е глуп. Ама и секој што оди на такви филмови треба да знае што треба да очекува.
Па сите овие работи сега што ги кажа се во ред, и не се никако поврзани со претходниот пост кој содржеше fallacious notion.
 
Па сите овие работи сега што ги кажа се во ред, и не се никако поврзани со претходниот пост кој содржеше fallacious notion.
Затоа што насекаде филмот растури и има добри рејтинзи, а овде се наметнуваше мислење дека е глуп и не го бива. Од луѓе на кои не им е прв ваков филм и до сега треба да знаат што да очекуваат.
 
Затоа што насекаде филмот растури и има добри рејтинзи, а овде се наметнуваше мислење дека е глуп и не го бива. Од луѓе на кои не им е прв ваков филм и до сега треба да знаат што да очекуваат.

Има високи рејтинзи ради тоа што белците им го лижат газот на црнците затоа, иначе филмот не е ништо подобар од другото срање суперхеројско.
 
Затоа што насекаде филмот растури и има добри рејтинзи, а овде се наметнуваше мислење дека е глуп и не го бива. Од луѓе на кои не им е прв ваков филм и до сега треба да знаат што да очекуваат.
Што мислиш под „прв ваков филм“?
Еве, јас не сум некој фан на суперхеројски филмови, но од последните 15 имам гледано десетина. И обично имаат многу јаки ефекти, солиден хумор, интересни се... и им ставам претежно 8 средна оценка. Така што, знам што да очекувам од „ваков филм“ и многу малку добив.
Лоша глума, мех прича, лош хумор... главниот актер катастрофа.
 
Annihilation. (y)

Со сите недостатоци, овој ќе да е метафизичкиот осврт на Зона-та на Тарковски во STALKER, низ холивудска призма.

Фино од Гарланд што го завршува третиот акт со минимум објаснување на публиката, кај Тарковски вакви луксузи немаше.
И мене филмов ептен ми се допадна, пишав и на LB. Не го видов само Тарковски, туку и The Fountain на Аронофски, особено во последниот дел, во светилникот. Само што филозофијата тука не беше за љубовта како во The Fountain, туку за односот деструкција/креација, со посебен осврт кон деструкцијата. Многу истрипан филм, навистина. Визуелно: бонбонче! Веќе почнувам да го обожувам Гарланд и како режисер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom