90ти американски филмски награди (Оскари 2017)

Кој е вашиот фаворит? Се надевам не Dunkirk.

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Не го видов Кавил :place:
Се изнаслушавме и се изнаглеавме глупости, и оваа година fake surprise, лани со туристите поидиотско беше до душа ама и ова кринџфест, тие ТајмсАп интервјуата такоџе глупости и губење време, настапите unmemorable, all in all за јубилејни многу беа слаби. Кудос што ги вратија Бони и Клајд, а наградите горе доле очекувано, кејф ми е многу за Олдман, Алисон, Мекдорманд и Дел Торо, Блејд Ранер заслужи повеќе отколку што собра ама тоа е.

GG.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
Секоја година се полоши и полоши оскари.
Не сум ги глеал сите филмови... ајде ќе речам 60% ги глеав, сите буквално ми беа мееех...
Имам чувство дека последниве 3/4 години нема култен филм у потесна конкуренција за најбитните категории за оскар, онака култен филм за кој ќе се збори повеќе од 5/6 месеци.
Мој дојам е дека овие награди се сведоа на тоа да се праи краток хит филм баш за да упеца оскар а не за да биде култен... нешто ала one hit wonder у музичката индустрија, ќе се врти 4/5 месеци, ќе собере награда и после 1/2/3 години веќе цел свет ќе го заборави.
Едини ОКЕЈ филм ми беше блејд ранер.

п.с Taraji P. Henson е УФФФФФФФФФФФФФФФФФФФФ, најјака милфица у свет... :drk:
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
http://time.com/5170613/shape-of-water-plagiarism-controversy/

Накај 2099та Оскариве ќе бидат и без филмови пошто се е веќе измислено а ни без луѓе пошто сите ќе бидат обвинети за силување.

Робот Апразјинг уен? :D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Од година во година Оскариве стануваат се покатастрофални и поместени. Освен за најдобар филм и режисер, се друго беше местенка. Најдобра машка улога Gary Oldman... :tapp: Не ме јеби жити се. Лани направија скандал, годинава како и некои претходни, местенка. Не ги ни догледав од што беа очајни. Најдоброто нешто беше Џими Кимел.

А за следната, мислам дека треба да му дадат Оскар и на Меси. Штом може кошаркари, зошто не и фудбалери.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
За Loveless ми е криво што не зема. За другите категории не ми е до толку битно, немав некој ептен фаворити.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Од година во година Оскариве стануваат се покатастрофални и поместени. Освен за најдобар филм и режисер, се друго беше местенка. Најдобра машка улога Gary Oldman... :tapp: Не ме јеби жити се. Лани направија скандал, годинава како и некои претходни, местенка. Не ги ни догледав од што беа очајни. Најдоброто нешто беше Џими Кимел.

А за следната, мислам дека треба да му дадат Оскар и на Меси. Штом може кошаркари, зошто не и фудбалери.
Леле Марик не ми се верува дека се поминати 5 години откако прв пат те прочитав и уште си заостанат у развој ко што беше и тогаш, коса ми се крева кога те читам.
Ти сам не знаеш што имаш напишано, да се пише нешто само.
Што те јебат со Гери Олдман ај баш да видиме, еден од најзаслужените Оскари од синоќа беше.
И немој од сега да мислиш многу зашто само глупости смислуваш.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100

А, кој требаше да земе ако не Гери?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Леле Марик не ми се верува дека се поминати 5 години откако прв пат те прочитав и уште си заостанат у развој ко што беше и тогаш, коса ми се крева кога те читам.
Ти сам не знаеш што имаш напишано, да се пише нешто само.
Што те јебат со Гери Олдман ај баш да видиме, еден од најзаслужените Оскари од синоќа беше.
И немој од сега да мислиш многу зашто само глупости смислуваш.
Првпат те гледам во живот. А и посакувам да е последен пат. Ми се гади од вакви негативни ликови како тебе. Шириш омраза и негативна енергија. Не ми се обраќај веќе.
Гери Олдмен освен за најдобра шминка не требаше да земе ништо друго. Ти не се разбираш во оваа бранша. Седи кец.
Пишав кој требаше да ја земе оваа награда наместо Гери.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
:pos::pos: Да се насмееме малку шо има врска, pls продолжи.
 
R

Redhead

Гостин
И според мене еден од најзаслужените беше Гери заедно со Алисон. Од кратките анимирани изгледав три (Dear basketball, Lou, Garden party) и најмногу ми се свиѓаше Dear basketball, не знам зашто одма негативни критики за тоа дека кошаркар добил Оскар кога скоро сум сигурна дека коментарите се без претходно да се изгледаат филмовите.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.267
Поени од реакции
84.371
Ми се свиѓа шо победи оригинален филм кај што нема политички коректни шаблони, како што се хероите - црнец, disabled жена, геј и монструм, а лошиот е - средовечен маж, бел, христијанин.
Требаше да победи и за оригинално сценарио, е тогаш ќе беше виц на годината.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Гери Олдмен освен за најдобра шминка не требаше да земе ништо друго. Ти не се разбираш во оваа бранша. Седи кец.
Фрапантно разбирање на оваа бранша. Гери Олдман е глумец и како таков во улогата на Черчил развалил и според цел свет добил најзаслужен Оскар за најдобра машка главна улога.
Неговите шминкери односно шминкерите на продуцентите на филмот истотака добија Оскар пошто го направија да личи на Черчил.

Е сеа, ако си мислел дека ФИЛМОТ кај што глуми Олдман требало да добие Оскар само за шминка е друг тип на муабет. Филмот нема врска со изведбата на одреден актер. Ако не ти се свиѓал Darkest hour тоа не значи дека Гери бил тиња. И мене не ми се свиѓа There will be blood на пример ама треба да сум скроз ретардиран и неписмен и да кажам дека Даниел Деј Луис не требало да земе Оскар. Ме мрзи да ти објаснувам сеа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom