Калина Велевска и Александар Миновски, членови на планинарскиот клуб ,,Трансверзалец“

  • Креатор на темата Креатор на темата bijons
  • Време на започнување Време на започнување
Малце нелогички ми делува писмото од фамилијава што се бунат за организацијата. Да беа загинативе некој рандом наивни деца океј, али вајда и они биле дел од одговорните?
 
Малце нелогички ми делува писмото од фамилијава што се бунат за организацијата. Да беа загинативе некој рандом наивни деца океј, али вајда и они биле дел од одговорните?
Да ти кажам има добар дел од овие луѓе што одат и што се во отворен конфликт со семејствата што ги мислат по дома. Овие зимскиве акции - стануваш у 3,4 се спремаш у мрак, те нема цел ден дома и се враќаш ко од мачење да те донеле. Често е така. Калина на тие години претпоставувам дека живеела со родителите (ај да не нагаѓам со вакви глупости).
 
Биле најдени кај самиот врв, колку метри од црквичката?
 
По тоа што се збори низ град, една верзија вика дека немало никаков пад, туку дека станува збор за класично премрзнување. Дека пуштил некој муабет дека во црквата имало жена со дете и тоа го потврдија, ама дека тоа е причината за одделувањето никој не знае, или барем до сега никој не зборел за тоа.

Денес е погребот, траорен ден за многу луѓе. Со дечкото имавме заеднички пријатели, од тоа опкружување сме плус минус генерациски. Со дечкото на Калина исто, и лично се познаваме. Кај и да се свртам само за тоа се збори и ептен ме погоди веројатно ради тоа. Нека почиваат во мир, а фамилиите од негде ако можат да најдат сила да го поминат ова.

Без разлика на причините за овој инцидент, мора да сфатиме дека нема заебанција со природа. И планина и вода и сонце и невреме, ние сме мравки, лесно кршлив организам. Мора со трезвена глава да се размислува кога се носат одлуки, претходна одлична припрема, и секогаш да се има во предвид worst case scenario. За Александар и Калина е веќе доцна, да не дозволиме вакви работи да се случуваат пак, да се завиткуваат цели фамилии и пријатели во црно...
 
После 5 дена од смртта, клубот ,,Трансверзалец'' испрати сочуство на ФБ:

Почитувани,
Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочуство за прерано изгубените животи на нашите Калина и Александар. Тие беа дел од нашата заедница и клубот, и ќе им недостасуваат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочуство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции. Почивајте во мир другари.
Дополнително во врска со официјалниот извештај, Клубот ги достави сите потребни информации до соодветните институции и ќе излезе со изјава во петок по завршувањето на истрагата и објавување на извештајот .
 
Го одржаа ли пресот овие?

Тажевме што тажевме. И секогаш ќе ни недостасува секој што сме го изгубиле млад, ненадејно. Ама мора и да почне за одговорности да се зборува. Ќе сноси ли некој одговорност за ова што се случи?[DOUBLEPOST=1518792786][/DOUBLEPOST]http://makfax.com.mk/daily-news/федерацијата-на-планинарски-спортов/

kalina-aleksandar-1170x584-701x350.jpg

Хронологија на случувањата

10.02 2018:
01 часот поаѓање на автобусот од Скопје. (мк време)
9 часот (грчко време) пристигнување во ски-центарот Ворас.
9.30 поаѓање на групата
10 часот враќање на I група планинари (23)
11 часот поделба на колоната на две групи
11.15 часот I-та група е на врвот
11.20 часот групата се враќа назад
11.30 средба на групата што се симнува со групата што се качува. Наредба втората група да го прекине искачувањето поради влошените временски услови и да се вратат заедно назад. Наредбата е издадена од водичот Зоран Костадинов лично на водичот на втората група.
11.35 часот двете групи почнуваат заедничко симнување кон ски-центарот, освен 7 планинари кои се одвојуваат од групата и самоиницијативно продолжуват кон врвот, стигнуваат до мавзолејот. Во тој момент е воспоставен радиоконтакт помеѓу водичот Зоран и Александар. Александар добива изричита наредба од Зоран да тргнат назад што побрзо.
Пет члена од оваа група се сретнуваат со остатокот од групата и со водичот Зоран на 50 метри од контролната ски-куќичка. Увидувајќи дека недостасуваат двајца планинари, водичот придружуван со уште двајца планинари (Д.К. и Б.П) се враќаат назад кон врвот, пристигнуваат на врвот и ја пребаруваат околината обидувајќи се да воспостават радиоконтакт и телефонски контакт. Пребарувањето на тренот трае 30-40 минути. Под претпоставка дека двајцата планинари (К.В. и А.М.) се вратени назад, групата што ги пребарува се упатува надолу кон центарот.
13 часот групата што пребарува пристигнува во ски-центарот, констатира дека недостасуваат двајца планинари и ја алармира спасителната служба во центарот.
13.10 часот два ратрака од центарот придружувани во едниот со водичот Зоран и во другиот со Дејан се упатуваат кон врвот по потрага.
Ратракот придржуван со Дејан го пребарува теренот до 14.30. По нивното враќање во центарот, Дејан воспоставува телефонски контакт со Калина и Александар, кои му кажуваат дека се добро и дека се под некоја карпа во заветрина. За ова по радиоврска од центарот е информиран ратракот во кој се наоѓа Зоран и почнува потрага на теренот од каде што се претпоставува дека има карпа.
17 часот потрагата со ратракот е прекината и тимот со Зоран се враќа во ски-центарот. Во меѓувреме 1 ратрак во кој е Дејан повторно трнува во потрага во обид да ги лоцира според остварениот контакт. Телефонски контакт помеѓу овој ратрак и Алексадар и Калина се одржува сè до 19 часот.

АНАЛИЗА И ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗИМСКОТО ИСКАЧУВАЊЕ НА КАЈМАКЧАЛАН 2018

1. Терен и карактеристики на маршрутата

Појдовна точка: Скијачки центар Ворас (2.070 мнв) – Грција

Целна точка: врв Кајмакчалан (2.520 мнв), мавзолејот и костурницата од Првата светска војнa

Завршна точка: Ски-центар Ворас

Карактеристики на теренот: Планираната маршрута е на чист, непошумен терен со просечен нагиб од 25 до 30 степени, што се зголемува до 35 степени на 400 метри пред врвот.

Целиот терен е прекриен со снег, кој е добро утапкан и цврст (ски-патеката што го олеснува движењето)

Теренот е обезбеден со уредно поставени зимски маркации од левата и десната страна на ски-патеката, како и жичницата и столбовите кои може да послужат како добра маркација.

На 410 метри од врвот постои контролна куќичка од ски-лифтот (види прилог топографска карта и google earth).

2. Просечно времетраење на искачувањето
– 3-4 часа во зимски услови.

3. Метеореолошки услови (види извод од Хидрометеоролошкиот завод):
На самиот старт временските услови биле релативно неповолни со ветер 30-40 м/сек.

Температура од -9 Целзиусови степени и магла со видливост од 100 до 150 м. Овие метереолошки услови се вообичаени и очекувани за периодот и локацијата на акцијата.

Подоцна метео-условите се влошуваат со ветер до 50 км на час и температура од -10 до -12 Целзиусови степени и магла со видливост од 15 до 20 метри, што веќе може да се смета за неповолни услови за зимско планинарење.

4. Целата група на местото на пристигнувањето брои 54 (пристигнати со автобус), плус 12 учесници (од Демир Хисар пристигнати со минибус) и плус две учесничи (странски државјани пристигнати со сопствено возило).

По информација за временските услови, на турата кон врвот тргнуваат 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови искачувањето може да биде прекинато во кој било момент.
На половина пат кон врвот 23 планинари се откажуваат од понатамошното искачување и се враќаат во ски-центарот.
Кон врвот продолжува колона од 40 планинари. На приближно 600 м од врвот колоната се поделува на две групи: 22 планинари предводени од Зоран Костадинов одат први, а другите од групата предводени од Калина Велевска ги следат на речиси 100 -150 метри растојание.

5. Состав на групата:
Водичи: два

Искусни планинари: 28
Планинари: 6
планинари почетници 4

6. Лична опрема на учесниците:

80 отсто од учесниците се соодветно опремени за искачување во зимски услови, а 20 отсто релативно добро опремени.

7. Средства за комуникација:
Индивидуални мобилни телефони
Радиоврска (2 токи-воки) – на почетокот и крајот на колоната.

8. Опрема за ориентација:
GPS, компас и топографска карта
мобилните телефиони имааат апликација за GPS и локација.

ПРЕТХОДНИ АКТИВНОСТИ

1. Организатор ДПС „Трансверзалец“ (20 години традиција, 200 регистрирани члена, 6 лиценцирани водичи и 4 во постапка на лиценцирање).

2. Акцијата зимско искачување е најавена 45 дена пред реализацијата на facebook на Друштвото со точно наведени напатствија за секој од учесниците.
 
Последно уредено:
Го одржаа ли пресот овие?

Тажевме што тажевме. И секогаш ќе ни недостасува секој што сме го изгубиле млад, ненадејно. Ама мора и да почне за одговорности да се зборува. Ќе сноси ли некој одговорност за ова што се случи?
http://novatv.mk/privremena-zabrana-za-transverzalets-odzemena-litsentsata-na-vodichot/

11,35 часот двете групи почнуваат заедничко симнување кон ски – центарот освен 7 планинари кои се одвојуваат од групата и самоиницијативно продолжуват кон врвот, стигнуваат до маузолејот. Во тој момент е воспоставен радиоконтакт помеѓу водичот Зоран и Александар. Александар добива изричита наредба од Зоран да тргнат назад што побрзо.
Пет члена од оваа група се сретнува со остатокот од групата и со водичот Зоран на 50 метри од контролната ски куќичка. Увидувајќи дека недостасуваат двајца планинари водичот придружуван со уште двајца планинари (Д.К. и Б.П) се враќаат назад кон врвот, пристигнуваат на врвот и ја пребаруваат околината обидувајќи се да воспостават радио контакт и телефонски контакт. Пребарувањето на тренот трае 30-40 минути. Под претпоставка дека двајцата планинари (К.В. и А.М.) се вратени назад, групата што ги пребарува се упатува надолу кон центарот.


Од претпоставки си патиме, апсолутно ништо не е објаснето во овој извештај, зашто александар и калина се одвоиле од групата од 7 планинари, како тие не приметиле дека фалат, а тоа гоувидуваат кога се среќаваат со остатокот од групата.
Какво е тоа претпоставување, каде е тука Комуникацијата со останатите, за да нема претпоставки во моментот кога си горе, каде што се загубени, и да се уверат дека сеуште не се доле и првичната потрага по нив да не прекине после пола час. Кога е во прашање потрагата по нив, мислам дека тука е направена клучната грешка, се воделе на нивни лични претпоставки.

Сеуште нема одговор која е причината поради која се одвоиле, дали станува збор за повреда на еден од нив и неможност да се движи, па другиот останал да чека помош, ова е само веројатно сценарио, но и претпоставка, а ко и во многу други примери, вклучително и овој, истите знаат да бидат фатални ...
 
@Syn Прочитај ги те молам временските услови. Конвертирај 30 метри во секунда во километри на саат.

Му ја одземала Федерацијата дозволата повеќе од морални причини - идете у п материну ако не покренете истрага!

Делот околу пребарувањето е класична македонска калакурница....„абе мислевме, претпоставуваме...“
 
@Syn Прочитај ги те молам временските услови. Конвертирај 30 метри во секунда во километри на саат.

Му ја одземала Федерацијата дозволата повеќе од морални причини - идете у п материну ако не покренете истрага!

Делот околу пребарувањето е класична македонска калакурница....„абе мислевме, претпоставуваме...“
Искрено тој дел од текстот не го ни читав, не можев, на емотивна база гледам на ова, и застанав горе, да видам што точно се случувало со ачко и калина, ама никаков одговор не добив, освен претпоставки кои се покажале на крај за фатални, за калина и ачко.
А ова со ветеров изгледа е ставено за да делува благо, 30м во секунда се 108 километри на саат, а ова е на самиот старт, ама буни и другиот дел од текстот
Подоцна, метео-условите се влошуваат со ветер до 50 км на час и температура од -10 до -12 степени целзиусови и магла со видливост од 15 – 20 м. што веќе може да се смета за неповолни услови за зимско планинарење.
....
Намерна или немаерна грешка али станува збор за 50м у секунда, или 180км у саат, и кога веќе терале на претпоставки, од старт требале да ја имаат на ум оваа претпоставка, дека условите може драстично да се влошат кога ќе се качуваат нагоре, чим на стартот, баталете ја таа бројка 30 која делува благо, станувало збор за ветер со јачина од 108км на саат.
 
Неколку клучни точки од извештајот.

1. Наредба втората група да го прекине искачувањето поради влошените временски услови и да се вратат заедно назад. Наредбата е издадена од водичот Зоран Костадинов лично на водичот на втората група. (Калина Велевска)
11.35 часот двете групи почнуваат заедничко симнување кон ски-центарот, освен 7 планинари кои се одвојуваат од групата и самоиницијативно продолжуват кон врвот, стигнуваат до мавзолејот.


2. 17 часот потрагата со ратракот е прекината и тимот со Зоран се враќа во Ски центарот. Во меѓувреме 1 ратрак во кој е Дејан повторно трнува во потрага во обид да ги лоцира според остварениот контакт. Телефонски контакт помеѓу овој ратрак и Алексадар и Калина се одржува се до 19 часот.

3. Опрема за ориентација:
GPS, компас и топографска карта
мобилните телефиони имааат апликација за GPS и локација.


Групата самоиницијативно продолжува до врвот (луда одлука), но иако имале шанса да ги лоцираат при тоа имале телефонски контакт зошто тоа не го направиле . Наведуваат опрема за ориентација а потоа стои дека ОТИШЛЕ СО РАТРАКОТ КАДЕ ШТО МОЖЕЛО ДА ИМА КАРПА ???!!
 
Двојката според мене е класично префрлање на одговорност. И сеа ќе коментираме дека е луда одлуката на тие што продолжиле.
Овие 5 што се живи од тие 7, треба да дадат искази секој поединечно, па ќе видиме.

@Syn 30 m/s се 108km/h, a 40m/s се 140km/h - нека немало точен податок, а тоа стално се импровизира - ете и на видеото се гледа какви се условите. Опишани се како „релативно неповолни“ - ок...ете баш нека објаснат што се „апсолутно неповолни“, пошо не се разбираме многу.
 
Треба да се почекаат и резултатите од обдукцијата , да се знае дали имал повреда еден од нив и дали е тоа причината што заостанале во таа група од седуммина.
 
Треба да се почекаат и резултатите од обдукцијата , да се знае дали имал повреда еден од нив и дали е тоа причината што заостанале во таа група од седуммина.

Веќе кажаа дека смртта настапила поради премрзнување, значи немале некои посериозни повреди. Пак ќе кажам срамота е што не реагирале побрзо, од 13:00 веќе знаеле дека се изгубени и морале да реагирааат побрзо и кон грчката полиција а не во дури во 18:00 часот додека нашата ја известиле тек после 15 часа што е лудост
 

50 m/s е нешто слично. Субјективното чувство на температура во вакви услови е многу пониско од реалното. Значи тие -10, -15 целзиуса изгледале како -30 степени. Времето и ноќта го направиле своето. Хипотермија може да добијат и луѓе што престојуваат подолго време на 0 до +5 степени, а и ветрот највеќе допринесува за губење на телесната температура. Само едно ми е чудно, по извештајот и според местото каде Калина и Александар биле пронајдени, сите биле во близина и се вртеле во круг. :(
 
Јас имам искусено на Шара, мислам и посилен ветер и тоа неколку пати. Верувајте, снегот го осеќате како шајки на непокриените делови. Не можете да соберете 2+2 у тие моменти...а вакво суво искуство летно време на Титов врв, од страната од Среден камен - да сакавме да скокнеме во бездната ветрот немаше да ни даде. Планината дава некои неверојатни искуства што од седење во соба на човек му изгледаат дека не се реални.
Коментарот на Угриновски, дека условите се „тие за месец февруари“ никако не смее да им се прифати за изговор и „јеби га, тоа е“. Оние изгледаат облечени ко „за месец октомври“ на видеото. Гамашни не носат бе...панталоните со снег има да ти се напунат, чорапи има утоп да ти се напраат - што проверувале пред да тргнат? Фризурите си ги местеле.
 
Зошто во извештајот не кажуваат што се случува по 19 часот? Кај се другите саати, околу 20, додека ги најдат? Нешто смрди...

Sent from my SM-A520F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom