Лажниот Дарко Грнчаров. МК измама од светски размери.

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.458
Поени од реакции
5.612
Денеска осамна веста за Дарко Грнчаров.

darko-grnacov.png


Тенисерот Дарко Грнчаров, кој лани беше во кома шест месеци и кој со својата тажна животна приказна ја воодушеви дури и Серена Вилијамс – не постои. Од вчера се изгасени неговите профили на социјалните мрежи, а до неодамна речиси сите светски медиуми пишуваа за неговиот живот.

Откако се расчу за неговата животна приказна, се јави светската тенисерка Серена Вилијамс, која му испрати и приватна порака во знак на поддршка велејќи му дека едвај чека да го запознае.

Приказната за лажниот тенисер од Македонија ја откри Бен Ротенбер, американски новинар кој пишува и за „Њујорк тајмс“. Тој неодамна почнал да истражува кој е навистина тенисерот што со своите ставови и коментари ги воодушеви Серена Вилијамс, Мартина Навратилова, Виктор Троицки. Со Грнчаров интервју направи дури и Би-би-си. Тие пишуваа за неверојатниот живот на момчето што се разбуди од кома и му се врати на тенисот, но никој веројатно не обрна внимание дека „тенисерот“ никогаш не објавува фотографии на кои му се гледа ликот. Дури и видеата од неговите тренинзи никогаш не го прикажуваа неговото лице.

Во интервјуто за „Репортер“ што го направивме неодамна, Грнчаров раскажа дека во декември 2016 година имал мозочен удар и дека паднал во кома од која се разбудил по шест месеци. Од ударот, ни рече тој, го изгубил слухот на едното уво. Комунициравме исклучиво на социјалните мрежи.

„На почетокот ме лажеа дека сум го удрил увото при падот. Потоа ми признаа дека тоа е последица на мозочниот удар. Следниот шок го доживеав кога лекарите ми рекоа дека веќе никогаш нема да можам да играм тенис бидејќи ќе немам рамнотежа, дека ќе одам и ќе трчам тешко“, изјави во првото интервју за „Репортер“ момчето што се претставуваше како Дарко Грнчаров.

Capture2-1.jpg


Пред неколку недели ни испрати порака и ни кажа дека добил спонзорски договор од „Адидас“, а Агенцијата за спорт и млади одбила да му помогне и да вложи во него и неговата кариера. Американскиот новинар вели дека од „Адидас“ му потврдиле дека таков договор не постои.

Подоцна тој на „Фејсбук“ и „Твитер“ напиша дека ќе го пропушти турнирот во јануари во Истанбул поради смртта на мајка му, која ја умрела од рак. Но, новинарот Ротенбер наведува дека „починатата мајка“ е и понатаму активна на „Фејсбук“. Во исто време, според пишувањата на Ротенбер, тој откажал уште неколку интервјуа од истата причина. И нам, на редакцијата на „Репортер“, ни вети дека ќе дојде во студиото кон крајот на февруари пред да оди, наводно, во Мајами, каде што по покана на организаторот ќе настапел на тамошниот турнир.

B3EB94FC020DD37B5B82F6F24821AEAA9BEEB5932DFAEECC1D-pimgpsh_fullsize_distr.jpg


Приказната за него доби публицитет кога се пофали дека добил поддршка и од светската тениска ѕвезда Серена Вилијамс. Лажниот Грнчаров ни испрати и принтскрин од приватната преписка со Серена на „Твитер“, која едвај чекала да го запозне со ќерка си Олимпија и која му рекла „луѓе како тебе ме инспирираат“.

Capture1-4.jpg


Од вчера не може да се стапи во контакт со него, а профилите на социјалните мрежи се деактивирани.



Лажниот Грнчаров исчезна само еден ден кога американските медиуми напишаа дека тенисер со тоа име не постои. Во пишувањата, што ги пренесоа регионалните медиуми, стои дека поради кликови, реклама и внимание во времето кога постоеше експанзија на лажни вести поврзани со претседателскта трка на Хилари Клинтон и Доналд Трамп, некој, најверојатно, го измислил тенисерот Дарко Грнчаров со инспиративна животна приказна.

Capture-9.jpg




Во написот стои дека навистина постои Дарко Грнчаров, кој играл тенис, кој настапил на турнир во Подгорица во 2014 година и кој изгубил 0:6, 0:6 од Никола Вукотиќ. „Но, тој Грнчаров нема никаква врска со момчето што даваше интервјуа и им раскажуваше приказни на новинарите за своите успеси, а никогаш не објавуваше фотографии на кои му се гледа ликот“, тврди новинарот што ја објави приказната.

Портали кој пишуваа за него во изминативе месеци и години

http://vecer.mk/sport/strumichanecot-darko-grncharov-se-razbudi-od-koma-i-mu-se-vrati-na-tenisot

http://sportmedia.mk/drugi-sportovi...harov-e-inspiracija-prezhivea-koma-i-povtorno

http://www.gol.mk/tenis/mladiot-darko-grncharov-vleze-na-glavniot-turnir-vo-sharm-el-sheik

http://skopjeinfo.mk/ne-gi-poslushav-doktorite-teniserot-darko-grncharov-se-razbudi-od-koma-i-prodolzhi-da-se

И СЕ РАЗБИРА РАЗОТКРИВАЊЕТО

https://slate.com/culture/2018/02/how-darko-grncarov-tricked-serena-williams-and-the-bbc.html
 
Затоа шо фејк њуз веќе не ни е предизвик. :pos: Секоја чест ако е точно ова и некој успеал да профитира. :zver:
 
Ова ако не е некој од темана за Кладилница кој што паднал еднаш на тенис па решил да трола цел свет еве на....
Ne be ovoj e nekoe tesko debilce,nema zivot i dreme po kompjuter i internet po cel den.Gledaj go sto pojava e i spored zborenjeto odma se primetuva deka veze nema od tenis,a i novinarot izjavil deka odbegnuval da odgovara na prasanja za turnirot i zborele kako da e neuk za tenis hahahah
 
Затоа шо фејк њуз веќе не ни е предизвик. :pos: Секоја чест ако е точно ова и некој успеал да профитира. :zver:
Овој пост е слика и прилика на тоа што го пие оваа земја 25 години.
 
А има некаде снимки од овие турнири кај што победувал?
 
Детево и од клипов се гледа дека е со проблеми и му треба стручна помош. Баш кога излегоа овие статии за него прочепкав по нетов за да дознаам нешто повеќе за него и мене ми падна во очи дека не постојат никакви податоци за негови настапи на турнири. Него, ај што детето не е во ред ама фамилијата негова што му го дозволува ова? Од социјалните мрежи дознав дека сестра му е некоја модна дизајнерка, а нејзин маж пак е легендата на Вардар Љамче :). И ден денес да отидете на нивните профили на инстаграм ќе видите постови со „животната приказна“ на детево, па уште и пишувале proud of him. Како смееле они да дозволат до тука да се развие приказната? Детето си измислило дека мајка му умрела од рак, а они го поддржувале? :popce:
А и новинариве наши колку се само „професионални“, мајко мила. Пишале дека потпишал договор со Адидас затоа што тој им пишал така во приватна порака. :vozbud:
Во 21ви век толку ли е тешко еден мејл да пишеш до Адидас за да прашаш дали е тоа вистина?
 
Добро е што американците го открија дека е фејк, иначе македонските се` уште ќе пишуваа за него. :icon_mrgr:

Иначе прв пат слушам за приказната, ама да му веруваш на некој што не си го покажува ликот, сака да комуницирате само преку социјални мрежи е треба да си ептен глуп.
 
Какви тромави движења, каков очаен форхенд...па пола од топките во мрежа му завршуваат иако не се ни гледа мрежата. Добро бе, новинаров што го правел интервјуто, не му паднало малце сумљиво коа ги видел видеава, па спортски новинар си или шо си бемти државата.
 
Како што се глупи можам јас да им се преставам како голманот на Чукарички и дека потпишав договор со Најк и Милан.

Ќе се сликам со копачки во рака, ликот не мора и така веруваат. Име и презиме е доволно. [emoji1]

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom