Не им се работи бе луѓе, тоа е проблемот. Срамота е во 2018г кога имаш достапен интернет на секој чекор да не можеш да закачиш играч што е во натпреварувачка форма. Глејте што играчи носат ... еден без колено го домкнале на проба, друг нема година дена топка фатено, трет не ни знаел дека е фудбалер пред да го побараат нашиве ...

Жими се, да отворат soccerway.com и само по листата на стрелци да бараат играчи од Азербеџан, Ерменија, Грузија, Aлбанија, Белорусија, Бугарија, Словенија итн. ќе земат за 3 класи подобри играчи/напаѓачи од овие во најмала рака сумливи играчи што ги донесоа. Само па од друга страна зошто би се замарале они со следење играчи кога секако ќе земат плата.
Околу муабетите дека ќе се крати буџетот јас само ќе кажам дека не е ништо страшно ако се скрати буџетот на правилен начин. Пример, ако на Х играч на 20ина години пред 3-4 години му дале договор од 8,9,10.000е месечно сега не е ништо страшно ако пример на тројкава што дојде од Пелистер им дадат договори по 2.000е, баш напротив, мислам дека тоа е многу исправен начин на водење на клубот. Заради таквото преплаќање на играчи во првата сезона се најдовме во ситуација да даваме тешки пари за плати и во старт проектот за европски Вардар да забега во погрешен правец и да ни фалат еден куп играчи. Затоа се надевам дека во ‘‘новиов‘‘ Вардар што ќе се гради од сега па натаму нема да има такви глупирања, но со вакво водење на клубот и да ги наместат коцките на тоа поле, убеден сум дека ќе преебат нешто друго.