На Prof-a јасно му е што значи ако падне цела светска берза, дека има шанса да падне и нашава берза(ама светската ќе се оправи за некое време, а нашава ако падне нема оправање.) затоа и пишува за тоа. Prof-a не чини што паѓа светската берза. прво економски,потоа и политички, претходниот пад беше 2006 по самитот на НАТО, и набргу потоа имаше арапска пролет, не дај боже пак да се повтара истото сценарио ... во друг дел од светот. Од друга страна сите инвестициски фондови кои купуваа во македонија до 2006, сите си отидоа од Македонија по 2006 од Македонија и затоа меурот пукна и берзата наша отиде надоле под 1600 или колку беше нека ме поправи некој не ми се проверува сега. Разликата сега е што мислам дека нема многу фондови како во 2006 и дека фондовите сега нема што да продадат на MSE.
Како и да е лошо инфо за берзите.
Мене лично друга информација повеќе ме плаши
http://www.dw.com/mk/крах-или-корекција-на-берзите/a-42464699?maca=maz-rss-maz-eco_timemk-4723-xml-mrss
"На финансиските пазари кружи стравот дека времињата на евтини пари завршија. Тие шпекулираат со тоа дека каматните стапки, посебно во САД, ќе растат многу побрзо од очекуваното."
Ова значи дека ако некој позајмил пари од некого(банка, штедилница ...) ќе мора да врати многу поскапо отколку што предвидувал, ова упатува само на една мисла каматите на сите кредити ќе одат само нагоре и упатува на уште полошо сценарио дека некои нема да можат да ги вратат позајмените пари, тоа од друга страна значи и зголемување на каматите на влоговите и помалку пари за вложување на берза, како што беше пред неколку години ...
Уште нешто исто така значајно за светот(па и кај нас), овој податок за
S&P 500 VIX - CBOE Volatility Index денес во монентов 43,73 и овој индекс во шустина покажува колку вложувачите се плашат за своите пари(вака лаички со еден збор, инаку има многу други значења ...), што е повисок овој индекс толку е полошо во светот, само да подрцтам на 01.10.2008 кога се случува крахот на брезата овој индекс е 59.89, а на 01.09.2011 неколку месеци пред арапската пролет бил 42,89, значи многу близок до сегашнава вредност. Сега јас не ширам никаква паника и помрачување на светот, ама сакам да потенциам да бидеме претпазливи овој период кога овој индекс е доволно висок, инаку средната вредност на овој индекс оди од 15-20.