Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Маринер бил и ќе остане дно од судија. Настрана што се испогубија нашиве вчера ама имаше доста голем удел и копилево. Дозволи груба игра што нормално наштети на нашиот тим со оглед на тоа дека немаме доволно копачи за разлика од нив.
 
Yup, за случката од сликата во твитот сугерираше и режисерот на ТВ преносот.

Можеби на почеток, 1-2м во наше поле на туѓ играч изгледа безначајно, но истиот учествуваше во акцијата за постигнување на голот.
Тоа е, англиски судии.
 
Крш бевме и не треба да се жалиме на судиски одлуки зошто и така ќе изгубевме меѓутоа ние вака да постигневме гол, Пентагон ќе беше информиран и ќе беше паднат интернетот досега.
 
Не се жалиме, само дискутираме.

А, што ќе беше ако не примивме гол во прва минута - никој не знае.

Постои термин / фраза која се вика - "тек на настани".
Се' е поврзано, и влијае едно на друго.

Плус тоа, една работа е она што гледаме на терен.
Има и нешто што се мота низ главите на играчите (во случајов на нашите, во прва минута).
 
Последно уредено:
Не знам што влијае едно на друго ама страв ме фаќа оти почнува Смолинг да му влијае на Џонс некако.
Онаква глупа реакција немам видено,ебати фудбалерите,во радиус од 10 метри немаше противнички играч,комотно можеше да ја смири и да одигра пас.
Второ,цреп еден од таму со лева се исфрла топка не со десна.
Ти ебам цреповите.

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
 
Ја гледав вчера утакмицата, бевме цело друштво загреани за дербиво.. можам само да кажам дека она Погба што го одигра беше криминал тежок. Матич истрча и за себеси и за Погба на утакмицата. Да беше Мурињо во оние негови луди години гарантирам дека после еден ваков меч имаше да грее клупа дечкото 3 меча по ред.
 
Не се жалиме, само дискутираме.

А, што ќе беше ако не примивме гол во прва минута - никој не знае.

Постои термин / фраза која се вика - "тек на настани".
Се' е поврзано, и влијае едно на друго.

Плус тоа, една работа е она што гледаме на терен.
Има и нешто што се мота низ главите на играчите, во случајов на нашите, во прва минута).
Другар во шампионските денови и по 3 гола ни стегале па сме се враќале во утакмицата, не па еден. Не се билда така менталитет.
 
Најмалку ни е крив судијата. Не изгуби тој 5 дуела од почетниот удар.

Двоецот Погба-Матиќ може да функционира против помали екипи, но не и против топ 6 екипи.

Она од кое што сум особено разочаран е Лукаку, особено неговиот hold up play, со оглед на неговата габаритност. Кејн на грб ги носеше Џонс и Смолинг, и ги вклучуваше останатите во игра. На Лукаку, фаци како Санчез и ловрен му зимаат топка зад грб. Задржување на топка е клучно зашто немаме брза транзиција, а Кејн вчера му даде лекција на Лукаку како да го направи тоа успешно.
 
Последно уредено:
Второ,цреп еден од таму со лева се исфрла топка не со десна.

Брат, штопер е, тој со десна не знае не па со лева. Завчера пример Салах (кој што мора да знае да игра добро и со послабата нога) утна празен гол од лош агол зошто не шутна со десна туку со лева нога. Ај штопер ама напаѓач да има само една нога ми е ептен безвезе.
 
Пишав и вчера, многу потешко е да го наместиш телото за да играш со десна, гледам и @NomoregameS истото го пишал, не е природно, ниту па некој тренер ке ти даде инструкции на таков начин да исчистиш. Она е грешка на аматер, почетник. На страна што имаше прилика и да ја штопне топката. Неколку панични реакции претходно створија паника, и тоа е тоа. Не можеш да си професионален фудбалер, и да не можеш со послаба нога да избациш во ебан аут. Не се бара да нафрлиш со послаба нога, 50 метри аут линија има да погоди.
 
Другар во шампионските денови и по 3 гола ни стегале па сме се враќале во утакмицата, не па еден. Не се билда така менталитет.
Знам, но тогаш друг бил на клупа и на терен.
Можеби во моментов дечките не се дораснати / созреани за шампиони.

И, да - менталитет е убав збор.
Секој активен актер на Олд Трафорд треба да го осознае значењето на тој збор (нашата интерпретација на зборот).
 
Мурињо во моментот е во топ 5 најслаби тренери во ПЛ. Ужас. Со онаква екипа да игра онаков срамен фудбал, бљах. Купува играч кој може многу ефективен да биде како класично десно крило, го игра лево а Марсијал кој е невидлив на десно го прекомандува таму. Погба најдобрите партии ги даде зад напаѓачите, го игра поназад. Смолинг е изгубен во Униеверзумот упорно го игра прва постава. Марш у пизду материну.

Де Геа

Валенсија, Баји (Шведот), Џонс, Шо
Ерера, Матич,
Санчез, Погба, Марсијал
Лукаку

Што е овде толку комплицирано, за да извади ваква постава и конечно да почнат да играат фудбал?
 
Абе и со вчерашната офанзивна постава првите 20-30мин екстра играа. На Тотенхем им висеше голот едно добри 5мин, али што да правиме кога Лингард е теле.
После автоголот веќе стана клатикурница.
 
Де Геа

Валенсија, Баји (Шведот), Џонс, Шо
Ерера, Матич,
Санчез, Погба, Марсијал
Лукаку

Што е овде толку комплицирано, за да извади ваква постава и конечно да почнат да играат фудбал?

Генерално тоа е поставата. Ако го зачуваме Де Геа, срамота ќе биде пред него да нема класа стопери. Баји е повреден роден, Џонс не е константен, Смолинг да му ебем матер килава.
 
Првите дваесет минути играа нешто во напад. Потоа НУЛА Матич нешто играше, ама Погба беше катастрофален. Марсијал и Алексис особено се трудеа по нешто, а синоќа најдобро се виде разликата помеѓу Кејн и Лукаку.
Едноставно Тотенхем имаше помалку грешки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom