Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Да бевме монархија, не само што ќе беше избркан од работа, туку и ќе требаше да ги врати парите (разликата).
Резултат: Мотивирање на квалитетни и чесни луѓе за функционери, демотивирање на шлајмот.

Ама вие сакате демократија.
Ако, малку ви е.
А кој според тебе би седел на чело на македонската монархија?
 
А кој според тебе би седел на чело на македонската монархија?
Најинтелегентниот, најхрабриот, најчесниот, најправедниот.
Било кој со тие карактеристики.
 
Да бевме монархија

12qq41.jpg
 
Да бевме монархија, не само што ќе беше избркан од работа, туку и ќе требаше да ги врати парите (разликата).
Резултат: Мотивирање на квалитетни и чесни луѓе за функционери, демотивирање на шлајмот.

Ама вие сакате демократија.
Ако, малку ви е.

Сите денешни монархии освен две се демократии
 
Најинтелегентниот, најхрабриот, најчесниот, најправедниот.
Било кој со тие карактеристики.
тешко таков да најдеш во оваа unusual fyromages земја
 
Најинтелегентниот, најхрабриот, најчесниот, најправедниот.
Било кој со тие карактеристики.

Леле какви глупости трескаш, не е нормално ова. :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Уживајте во демократијата тогаш. :toe:
 
Aј уште еднаш, оти се правиш дека не гледаш, сите денешни монархии освен две се демократии
Сега го видов коментарот.
Тоа се монархии на хартија. Не зборам за такви, туку вистински, со сносење одговорност.
 
види, јас одамна не гласам... знам...ти немаш избори пропуштено....
не верувам...имам (два-три пати, што е малку, затоа што имаше еден тон избори)[DOUBLEPOST=1517352020][/DOUBLEPOST]
Најинтелегентниот, најхрабриот, најчесниот, најправедниот.
Било кој со тие карактеристики.
Претпоставувам народот ќе одлучи кој ќе биде тој.
 
Aј уште еднаш, оти се правиш дека не гледаш, сите денешни монархии освен две се демократии
Не е тоа поентата, ниту пак можеме да промениме нешто, ниту пак и да е едногласен народот, тоа ќе е возможно во овој момент...

Поентата кои се тие придобивки на демократијата која ги ужива светот? Ајде поконкретно, каква е таа демократија, кога ние и цел свет на наш грб ја осеќаме демократијата во САД и западните земји. Значи све што ќе помине кај нивните гласачи за нас, тоа поминува..... Каква е таа демократија.... како функционира?

Ајде земи ги има дури и на википедија војните за демократија на САД и западните сојузници и жртвите во тие војни (И македонците биле дел од демократизацијата во 1946-9 во Егејска Македонија) Да не зборам за војните кои донеле милиони жртви како директна и индиректна последица од интервенцијата на демократијата на САД.

Демократијата толку се има девалвирано како поим, што демократски гледано, на повеќето население во светот му е одвратен како поим и рамен на нацизмот и фашизмот.

Не дека нешто сме моќни да смениме, ниту пак покушавам идеолошки да наметнам мислење, само си праиме муабет... И на крајот на краиштата ако демократијата (САД) мисли дека ќе е ок Македонија да биде монархија (па дури и од најлош тип), Македонија ќе биде тоа, впрочем за тоа е доказ една од тие 2 демократии(ЕДИТ: Монархии) како стратешки партнер на САД на блискиот исток.... или не е така ?
 
Последно уредено:
Сега го видов коментарот.
Тоа се монархии на хартија. Не зборам за такви, туку вистински, со сносење одговорност.

Друже, ти имаш некои проблеми во разбирање на модерните политички системи.
И мене како и тебе (колку што приметувам) омилен период од историјата ми е 18, 19 и почеток на 20 век, кога европските монархии владееле и доминирале со светот. И јас сметам дека во т.н. Бел епок е направен најголемиот напредок во човештвото. Само што во тој период две од тие големи и напредни сили биле републики, САД и Франција, две биле уставни или полууставни монархии, Британија и Германија, најнеразвиената од сите нив, Русија била абсолутна монархија.
Понатаму, тоа време помина, сега е историја и нема да се врати, премногу општествени и политички промени се случени и тој период и тие вредности се прегазени. Тој политички систем кој ти го посакуваш не постои, а реално никогаш ни не постоел така како ти си го замислил.
И трето, теориите кои веројатно ги читаш и анализираш за политичкото уредување се однесуваат за вистински држави, а не за куртон третокласна полудржава како оваа, каков сакаш систем воведи тука ништо нема да успее да функционира, Бизмарк, Дизарели и Метерних од мртивите да станат заедно нема да не оправат.

А да, демократијата не е совршен систем и е своевидна лотарија, но монархијата е уште поопасна, таа е генетска лотарија
 
Не е тоа поентата, ниту пак можеме да промениме нешто, ниту пак и да е едногласен народот, тоа ќе е возможно во овој момент...

Поентата кои се тие придобивки на демократијата која ги ужива светот? Ајде поконкретно, каква е таа демократија, кога ние и цел свет на наш грб ја осеќаме демократијата во САД и западните земји. Значи све што ќе помине кај нивните гласачи за нас, тоа поминува..... Каква е таа демократија.... како функционира?

Ајде земи ги има дури и на википедија војните за демократија на САД и западните сојузници и жртвите во тие војни (И македонците биле дел од демократизацијата во 1946-9 во Егејска Македонија) Да не зборам за војните кои донеле милиони жртви како директна и индиректна последица од интервенцијата на демократијата на САД.

Демократијата толку се има девалвирано како поим, што демократски гледано, на повеќето население во светот му е одвратен како поим и рамен на нацизмот и фашизмот.

Не дека нешто сме моќни да смениме, ниту пак покушавам идеолошки да наметнам мислење, само си праиме муабет... И на крајот на краиштата ако демократијата (САД) мисли дека ќе е ок Македонија да биде монархија (па дури и од најлош тип), Македонија ќе биде тоа, впрочем за тоа е доказ една од тие 2 демократии како стратешки партнер на САД на блискиот исток.... или не е така ?
Не знам дали воошто да дискутираме, кога на повеќе од пола луѓе на форумов мозокот им е испржен од пропаганда.
Thinking inside the box.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom