Не е тоа поентата, ниту пак можеме да промениме нешто, ниту пак и да е едногласен народот, тоа ќе е возможно во овој момент...
Поентата кои се тие придобивки на демократијата која ги ужива светот? Ајде поконкретно, каква е таа демократија, кога ние и цел свет на наш грб ја осеќаме демократијата во САД и западните земји. Значи све што ќе помине кај нивните гласачи за нас, тоа поминува..... Каква е таа демократија.... како функционира?
Ајде земи ги има дури и на википедија војните за демократија на САД и западните сојузници и жртвите во тие војни (И македонците биле дел од демократизацијата во 1946-9 во Егејска Македонија) Да не зборам за војните кои донеле милиони жртви како директна и индиректна последица од интервенцијата на демократијата на САД.
Демократијата толку се има девалвирано како поим, што демократски гледано, на повеќето население во светот му е одвратен како поим и рамен на нацизмот и фашизмот.
Не дека нешто сме моќни да смениме, ниту пак покушавам идеолошки да наметнам мислење, само си праиме муабет... И на крајот на краиштата ако демократијата (САД) мисли дека ќе е ок Македонија да биде монархија (па дури и од најлош тип), Македонија ќе биде тоа, впрочем за тоа е доказ една од тие 2 демократии како стратешки партнер на САД на блискиот исток.... или не е така ?