Australian Open 2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefan-kobe
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Напиша дека може да му направи многу проблеми и дека членот кој пиша дека Чилич нема повеќе од 10 гема да земе лупал глупости. Затоа прашав ако случајно биде реприза на Вимблдон дали може да те заебаваме.

Па може да пробаш во секој случај. Само заебавањето е како стапот, има два краја, може да се најдеш на погрешниот крај.
 
Па може да пробаш во секој случај. Само заебавањето е како стапот, има два краја, може да се најдеш на погрешниот крај.
А може и да го изедеш стапот heheheheheheehehehehe
 
Утре наутро не очекува многу интересно финале. Две девојки кои никогаш не освоиле слем, ќе бидат турбо мотивирани. Посебно Возниацки чие време полека поминува, и за која не верувам дека уште еднаш ќе и се укаже ваква шанса. Каролина имаше луда среќа со жребот, на патот финалето ги доби Бузарнеску, Фет, Бертенс, Рибарикова, Суарез Наваро и Мертенс. Реално се се тоа тенисерки од кои Возниацки не би смеела да изгуби меч. Халеп имаше многу потежок пат, посебно во четрвт финалето и полуфиналето каде што ги доби Плискова и Кербер.

По мене, мала предност има Возниацки, најмногу заради меѓусебните дуели, посебно оној последниот на Мастерсот каде што буквално ја оддува Халеп од теренот, и заради тоа што Халеп помина многу повеќе време на теренот. Возниацки има голем проблем против тенисерки кои удираат силно, со Халеп има игра за да добие.
 
Генерално гледано Халеп е подобар играч, ама премногу енергија потроши до ова финале, играше два епски маратони со Дејвис и Кербер, а Возниацки се помачи само со Фет, останатото беше лесно. Мора да се напомене дека Возниацки сервира најдобро во кариерата, никогаш во животот не сервирала вака. Мислам дека свесно ќе оди на продолжување на поените и ќе ја тера Халеп да трча што е можно повеќе и дека ќе добие Каро. Со оглед на сите овие околности 55-45 во корист на Каро, али секако очекувам тесно и интересно финале.

Кај мажите срам ми е да коментирам, не верував дека некогаш ќе дочекам ВТА финалето да ми е поинтересно од АТП.
 
Халеп по мечот со Кербер изјави дека после она финале на РГ со Остапенко си рекла дека ако пак стигне до ГС финале ќе игра со поголема храброст и поагресивно, и мислам дека ќе биде така, и против Плискова и против Кербер играше агресивно, е сега проблемот е што Возниачки е еден од најдобрите дефанзивци и ќе треба Халеп да биде многу прецизна и константна во ударите, мислам дека мечот нема да биде долг, Халеп ќе излезе со офанзивна тактика и се ќе зависи од тоа дали таа тактика ќе функционира или ќе се редат грешки, Возниачки против Мертенс беше солидна се до гемот кога сервираше за меч и имаше 30-00, тука апсолутно без никаква причина и се деси огромен пад, па од таа ситуација мораше да спасува 2 сет топки на 6-5, буквално се застана, и сервис и удари од основна, тешко да се предвиди ова финале, огромен влог е во прашање,прва ГС титула, прво место на ВТА, на губитничката ова ќе и биде трето последователно изгубено ГС финале, за Халеп и да изгуби овде веројатно има поголема веројатност да освои слем во иднина, за Возниачки не сум толку сигурен
 
Многу лош развој на настаните за Халеп, губеше 2-5, се врати во сетот, отиде во ТБ и лесно го загуби, успат потроши многу енергија. Тешко до пресврт денес.
 
Како се бори Халеп...Иако не ми се верува да добие, го плаќа данокот за маратоните во претходниве кола.
 
Психички најслаба е ова цицлавото Халеп... готова беше рибрејк да му напрај .... :facepalm:
 
Среќа повреден Чунг, иначе кај ќе му беше крајот на Фед, добро е се извлече, со вториот сервис ќе го убиеше Чунг ; (
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom