Понекогаш постојат филмови кои без разумна причина ги избегнувам, и кога ќе се погоди баш некој таков да ми се допадне премногу, откако ќе се одлучам да го гледам, се псујам себеси зашто не сум го пуштил порано. Nebraska сега. Беше номиниран за Оскар за 2013, ама тогаш дека црнобел, со монотон постер, со старци, тажен... и не го гледав. Последниве неколку недели одлучив да изгледам се што последниве години било номинирано за Оскар, а јас сум го испуштил, па така денес на менито се најде Nebraska, претпоследниот од 2012 навака што сум го скокнал. И ме остави закован во место. Толку емотивна приказна, колку убаво раскажана, и од режисерот Александар Пејн, и од кинематограферот, кој и да е, толку прекрасно одглумена, и од Брус Дерн, и од Џун Сквиб, и од сите останати, за една "комплицирана" татко-син врска, а и музиката беше совршена, одамна не сум гледал. Во филмов има многу носталгија, многу тага, многу емоции, и малку хумор, ама на вистинското место, и одличен! Не знам, веројатно веќе повеќето сте го гледале, ама за тие што не сте, пошто одамна филм не ме натерал да ви пишам препорака да го гледате, еве, овој ви го препорачувам со драго срце. Вистинско уживање!