Идеја за угостителски објект

  • Креатор на темата Креатор на темата Stanko92
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 јули 2017
Мислења
11
Поени од реакции
2
Возраст
28
Што мислите која е најдобра идеја за угостителски објект во источна Македонија поточно Штип
 
Зависи колку би платил, толку би добил добра идеја. Поточно зошто некој да ти ја даде својата идеја? Да не се лажиме, добра идеја = добар приход...
 
Зависи колку би платил, толку би добил добра идеја. Поточно зошто некој да ти ја даде својата идеја? Да не се лажиме, добра идеја = добар приход...

Да даваа пари за идеи секој втор Македонец ќе беше милионер :icon_lol: ама за жал од идеја до реализација има огромен пат и работа а за ова второво ретко кој го бива
 
Да даваа пари за идеи секој втор Македонец ќе беше милионер :icon_lol: ама за жал од идеја до реализација има огромен пат и работа а за ова второво ретко кој го бива

Бидејќи дечково се решил да бара помош на форум кој е полн со „тролови и сеирџии“ најверојатно не го бива за реализација...

А за да се реализира идеја значи дека тука би имало повеќе фактори (1.Инвестиција, 2. Напорна работа 3. Трпение 4. Работна навика 5. Посветеност, после тоа 6. Разочарување во одредени делови, 7. Некогаш ќе доживееш и неуспех)...

- Така и треба да биди, презентираш одредена идеја и бараш инвеститор ако ја имаш обработено и опфатено целосно тогаш ќе станиш милионер. Идејата не е само еј напрај кафич и толку... Идејата кај нас е многу лошо толкувана, како и многу други работи тука огромна тема за дискусија...
 
... да не е самиот член на темава трол? како што се сеќавам темава ми е де_жа_ву , можеби е и истиот член со слична тема ( ме мрзи да побарам)... таму имаше предлози мислам да има наргиле, па јас му пишував да има стомачни танчерки и други идеи од други членови...:)
п.с.
морав да проверам дали имам добра меморија :D
еве прво ова клик! па потоа ова клик! ондак ова клик! , така да би рекла тешка работа дека воопшто нешто членов ќе отвори од угостителски објекти :facepalm:
 
Последно уредено:
Идеја и Македонија не одат заедно.

Копија на друг бизнис, со копирано име од европски бренд/град може. После овие 11 години вмровизација и антиквизација и турбофолкеризација, си еба мамата се што требаше да значи од урбано местенце, локали со разновидна музика и од страна на угостителски објекти се сведи само на отворање некои бистро матни барови, ресторани кафанчиња кај цане/столе/овој/оној со жива музика и најдоброто мени:

Повелете проверетене зоштосне најдобри

Викенд со жива музика, со најдобриот бенд кој најверојатно не го ни знаете, затоа што ни од не го знаат дека вечерта свири под издание “Аце и Сателити бенд“ со долгогодишно искуство од сајзер-диџејство.
Газдите во овие локали се препознаваат само и само по златните ланци на врат кои служат за некаков вид на етикетирање како оние униформите што ги носат келнерите.
Најчесто овие локали имаат фејсбук профил затоа што не можат и незнаат да го претворат во ФАН ПЕЈЏ а така идеални се за средовечните газди да манијачат млади девојчиња со профилот од локалот каде може за возврат ќе добијат маса и фалшива пијачка со сомнително потекло.

Или ноќен клуб во кој ќе се дуплираат цените на преполовените ефтини пијачки од бадел коњак и ликери со сомнително производство, се носат СПЕКТАКУЛАРНИТЕ певаљки за кои освен мајка и и другарка и дека настапува ко пеачка, никој друг не знае, но сепак е залепена на плакат и ќе настапува вечер на свето цицкотресение за беден хонорар со уште победна маса која мисли дека се забавува со показалецот у вис мафтајќи и имитрајќи дека пее некој од хитовите кои ни сама не ги знае и вртат на плејбек освен “ДА ВАМ ВИДИМ АЈДЕ РУКЕ ГОРЕ“ е испеано во живо.

Вака функционираат угостителски објекти 90 % низ Македонија. Одбери си што ќе копираш само, “вечер со аце и бумбари бенд“ или “спектакуларен викенд со ----- -----иќ директно из врање“.

Да отвориш андерграунд местенце треба да си некој во стилот на хуманист кој ги потрошил своите пари за да поминат 5-6 души дневно кои ќе истресат 50 денари по денар,и ќе послушаат музика што не им се пушта во други локали,али тоа ти доаѓа ко некни на ракометот да ги ставеше сите пари на Македонија само од патриотизам а знаеш дека ќе изгубиш.
 
Последно уредено од модератор:
Ах да си бев јас од Штип...Едно кафанче ке си отворев со понормални цени , секој петок некој свирачи ке викнев , уште да се разработи местото и то е то. Полн ресторан сите маси фатени алкохолот се налива а на една маса со пријателите мезите сиренце со лозова ракија.. Има подобро ?
 
Што мислите која е најдобра идеја за угостителски објект во источна Македонија поточно Штип

Отвори си Гугл, имаш милион идеи. И јас имам, но не би ја споделил со тебе. Утре може и јас ќе отворам угостителски објект, па идејата што сум ја мислел со години да ми отиде кај тебе.
Убаво ти кажа еден член погоре.
 
Кинески ресторан би убил у Штип. Или фјужн.


:pos:

ti najde perfekten burger u skopje? za asalen kineski restoran treba poveke od domasno lepce i koncanski oriz, ili ti onaka mak verzija na kineski restoran mislese posto u stip se glupi.... Fjuzn lol, go pogodi pazarot lol :facepalm:
 
Нешто како Hooters кај нас му е мајката, не мора да биде баш тематски спортски бар, ама еротиката е задолжителна :icon_lol:
 
Многу ви летат на вас главите и гледате Лас Вегас филмови со газди на кафичи како плескат плави путки секоја вечер, и шмркат кокаин со 100 долари банкнота.

Штип како шо е студентски град се шо ти е потребно само да се потрудиш за добра локација, и да правиш супер храна по пристапни цени. Бурек, лиснати теста, панцероти, ѓевреци и се остало од бели печива. Работи и ти, не газда да изиграваш. Запосли се 5-6 месеци во некоја бурекчилница, испечи занаетот, и после пичај. Вработи и некој од блиската фамилија да продава или да ти помага во кујната, нека се врти парата во фамилијата. Еден куп идеи али кој да ги реализира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom