За да ти оди со кафичот ти треба нешто креативно и ново да вметнеш, но и да не е далеку од шемата што ја сака младината, некоја средина меѓу тие две нешта и редовни евенти, кавер бендчиња, диџеј тоа што горе долу бара младина, но многу битна реклама е да има галама во тој поглед локалот. Во поглед на тоа што да биде тоа нешто ново и креативно нема крај на идеите, од некаква финта на служење или при служење до настан што редовно секоја недела ке го цепиш како традиција па се до имиџ на кафиџот кој ке биде препознатлив по тоа (инвентар, бои, облека на келнери, сувенири итн.) Не заборавај и на услугата, ако сакаш да градиш квалитет и бренд тоа е прво нешто што е битно. Иначе ако ти е тарет профит, само балкански тип кафичче, кај што ке се ложат тинејџери/ки, ке седат кратко и ке дојдат нови и нови, и ке прават родендени од кој можеш да испереш доста многу, башка они на евенти се најгласни во смисла најбројни дефинитивно.