Имам ореви, но не знам каква сорта се, садени се уште од дедо ми и татко ми одамна, е сега тие што се во пониско некако не просперираат последниве години, слабо бериме, а пред две три години им измрзнаа и доста гранки, годинава пак се оштетени, но ќе видиме колку со тек на време.
Тие што се на повисоко 750-900 метри речиси секоја година се добри, не се садени во една нива, туку расфрлени се во 4 парчиња, пред се покрај долови каде што има вода, е сега сортите не сум се интересирал да ги барам по имиња, имам повеќе сорти, едните се дури и без цврстата кора ние ги викаме „голи ореви“, али тие страдаат од страчките, ми ги јадат доста уште на дрво
Ако имаш најдено некоја добра сорта што има убава полна јатка, лесно да се вади јатката, издржлива на ниски температури и добар род препорачај.[DOUBLEPOST=1493828989][/DOUBLEPOST]
Не сум видел за на големо, пријател имам што на мало и по продавници за здрава храна, маалски колонијали, ги шитна и лешниците и бадемите уште почеток на зимата.