- Член од
- 28 октомври 2015
- Мислења
- 926
- Поени од реакции
- 1.236
Последниве 3-4 месеци истражувам доста за бизнисот со одгледување на лешници. Близок пријател засади пред околу 5 години и е презадоволен како од родот така и од исплатливоста на овој бизнис. Вложувањата варираат горе долу и зависат од повеќе фактори, но од искуства на други не е потребно некое големо вложување со оглед на тоа дека добро се исплатува. За 1 декар потребни се максимум 500 евра. Тука влегуваат околу 65 садници и нивната цена е околу 2-3 евра по корен. Плус пари за работна рака за садење, ѓубриво, механизација кој некој може да ги чини и ич пари и се разбира систем капка по капка. Растението не е подложно на осетливост од ниски температури и некои посериозни болести, но сака вода и адекватна почва која мора да се испита пред засадувањето.
Некаде кај 5та година од стебло има 2-4 килограми а во полн род после 8 година од 7-12 килограми. Цената за некршен лешник е минимум 3 евра и оди до 5евра.
Во план сум да пробам, но најголемиот проблем е тоа што имам само пола хектар земјиште расподелено на 4 различни места што според мене е проблем. Подобро е кога се на едно место па можиш и да ги заградиш па побезбедни ти се и од аспект на крадци, пожар и слични несакани работи.
Во план сум да земам под концесија државно земјиште на 30-50 години, па дали некој има некаква информација колку би ме чинело тоа?
И секако ако знаете нешто околу бизнисов, вие лично или некој ваш близок се занимава повелета кажете што како.