Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
И јас би бил ``повреден`` да треба да играм одбрана-напад против Винчек и Пекелер. :icon_lol:
Хахаха. Бро па ние не можеме цела постава да составиме што би играла без страв против нив.
 
Хахаха. Бро па ние не можеме цела постава да составиме што би играла без страв против нив.
Жути. :D

Ќе им влага дрско и безобразно ко Стек што им влага на виетнамци, у вторник у 9 саат прва смена.
 
Единствено шо ми дава надеж во оваа цела ситуација е тоа што го имаме Раул за селектор и знаеме каков скор има Раул против германските екипи со Вардар во ЛШ особено против РНЛ и Фленсбург....
Махер е Раул за против германци, ги има во малото прсте :D
Ако изиграме машки како против Словенија, со јака одбрана и СЕКАКО морална поддршка од голманите се е можно, ако играме лабаво и да дозволиме да се бркаме на терен со нив ќе не изгазат, опасни шутери имаат тешко на Боре, освен ако не ги брани сите на проценка :pos:

Ќе видиме дали Раул ќе ја смени тактиката со голманите или ќе оди со истото, стартува Кивата до кај 20 и некоја минута, го пушта после Никучо, оди на почеток на второто пак со него и после 50 минута пак го враќа Борко :D Овде и нас Раул со овие рокади не ебава на здрав памет :pos:
Според прикажаното на овие два меча, реално е Митревски да го почни мечот или пак Борко ќе не дамантира сите денес со +15 одбрани :P
 
Можиме да зборуваме колку сакаме за дуелот со Словенија и за мечевите што ни претстојат во Вараждин, но според мене овој е најважниот натпревар на ова првенство за нас. Натпреварот кој ќе покаже дали ќе се бориме за чудо - за тоа толку далечно но посакувано полуфинале или сепак ќе мора да се задоволиме со битка за висок пласман но далеку од борбата за медали.

Германија е апсолутен фаворит нема дилеми. Но се далеку од непобедливи. Централниот блок на одбраната против Словенија беше катастрофа. Кој се не го изротира таму Прокоп, ама против Зарабец и компанија беа "изгубени германци". Затоа го долетаа и Лемке од никаде, ако не грешам не беше ни на потесниот список, не знам дали воопшто беше на припремите.

По мене клучот се голманите. Волф не верувам да врзи два лоши натпревари со ред. Ќе бидат сигурно добри и во одбрана германците вечерва. Ќе мораме да ги победиме на нивна добра партија. За тоа пред се ќе мора да се разбуди Борко од зимскиот сон во кој е со години. Еден натпревар обично знае да одбрани по првенство. Ако е само еден барем нека е овој.

Од играчите добро е што ротираме, но пак ќе мора главните да го понесат товарот. Талески и тоа како ќе биде на испит денес. Неговиот шут од 9 е едно од можните решенија - нешто како Мачковшек на средбата Словенија - Германија. И се разбира во одбрана, Талески, Јоновски, Столе, можеби и Кузмановск, Миркуловски и браќата Маркоски - сите ќе мора да се на високо ниво, со многу дуел игра.

Не е толку битно дали ќе играме брзо или бавно. Битно е да играме паметно и стабилно. Без залетување, напад по напад, одбрана по одбрана.

Со среќа нека ни е!!!
 
Словенија ќе остане на ЕП.
 
Жути. :D

Ќе им влага дрско и безобразно ко Стек што им влага на виетнамци, у вторник у 9 саат прва смена.
Само исходот не би бил ист зошто Жути би излегол по победник.
 
Која поврзаност ја има Мики Црнокрак со ракомет, што го викнале на отворено на Телма? :pos::pos:

Хефтал многу ракометарки и ги тегнел у манекенски бизнис, па може наслушнал нешто.
 
Хефтал многу ракометарки и ги тегнел у манекенски бизнис, па може наслушнал нешто.
Ако победат вечерва на цела репрезентација нека им пушти по една од тие "манекенките" :)
*На Раул две.
 
...имајќи да донесат кредибилен гостин во името на господинот со срце тетовирано, Костовски Трифун.

Не знам. Разочаран е мал збор за она што го чувствувам во моментов. И ми недостасува Бошко Трпески.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom