Арсенал се наоѓа во ситуација од која што многу тешко ќе се извлече. Повеќе не се работи за тоа дали фудбалерите се залагаат или не, дали е добро поставена играта, дали некој имал лош ден. Арсенал нема повеќе супстанца, нема квалитетни фудбалери. Одбраната на Арсенал припаѓа на третиот ешалон на ПЛ, среднитот ред на вториот ешалон. Не можеш да направиш трансфери како Џака и Елнени и да очекуваш да бидеш при врвот. Да не зборуваме за тоа дека двата најдобри фудбалери им се на излезна врата и ќе си заминат или за семки или без пари. Мислам дека нема неколку години од сега да фатат лига на шампиони. Другите клубови на врвот на ПЛ се активни, купуваат скапо, Арсенал сеуште носи таленти.