Здраво на сите!
Долго ја следам темава и мислам дилема кај многумина е дали се исплаќа да вложат во клима како FH35VE (63590мкд) што сметам дека е шампион по цена/перформанси по еуровент или да одат со поевтина варијанта како Gree hansol -20 (40000мкд) - референтни цени од klimi.mk.
Хипотетичко сценарио + моја лична математика, загревање на 35-40 квадрати добро изолирани со FH35VE ако просечно во сезона кошта грубо 1500мкд/месец:
1. со клима 10% по не ефикасна SCOP=4.5, 1500*0.1 = 150, 150*12=1800 годишно, 23590(разлика на цена на клими) /1800 = поскапата клима се исплаќа за 13.1 години.
2. со клима 15% по не ефикасна SCOP=4.25, 1500*0.15 = 225, 225*12=2700 годишно, 23590(разлика на цена на клими) /2700 = поскапата клима се исплаќа за 8.7 години.
3. со клима 20% по не ефикасна SCOP=4.0, 1500*0.2 = 300, 300*12=3600 годишно, 23590(разлика на цена на клими) /3600 = поскапата клима се исплаќа за 6.5 години.
4. со клима 25% по не ефикасна SCOP=3.75, 1500*0.25 = 375, 375*12=4500 годишно, 23590(разлика на цена на клими) /4500 = поскапата клима се исплаќа за 5.2 години.
5. со клима 30% по не ефикасна SCOP=3.5, 1500*0.3 = 450, 450*12=5400 годишно, 23590(разлика на цена на клими) /5400 = поскапата клима се исплаќа за 4.3 години.
Овие клими ги зедов како пример затоа што ги имам двете видено и двете греат. Но и панел од 2.5KW грее па не значи дека е добар избор. Клима уред се купува заради ефикасноста. Јас лично во дефрост на 30мин што во последно време циркулира на темава не верувам освен ако не е дефект климата за што веројатно треба да се бара сервис. Нема да бранам верување но верувам на тоа што ми кажале луѓе што ги знам (дефрост 1-2 пати денот во најголемите магли пред некој ден).
Сега прашањето е во која категорија од погоре спаѓа hansol -20(јбг, нема еуровент)? Со оглед на тоа дека 3.5 климите со најлош SCOP на еуровент излезени последниве 5 години се 4.0-4.5 јас би рекол дека веројатноста да е под категорија 3 од погоре (или SCOP<4) е минимална или никаква. 6-7 години за исплата на инвестиција не се многу но зависи од ситуација. Ако за тие 23000 можи да наместиш соларен панел за топла вода а немаш, математиката одма се менува
. Нормално пресметкиве не мжи да бидат прецизни оти Gree немаат нити еден еуровент но тоа не е ни поентата. Со информациите кои ги имам толку е можно и мислам дека помага да се добие претстава од прилика на што одлучуваме со купување на клима како Hansol -20 што според мене исто е добар buy дури и во "црно сценарио" како погоре.