Амели не да планираш, да го гледаш.
Love actually не е само романса и хепи моменти, имаш она апла реални и тажни моменти што се дешаваат секој ден. Рикман и жена му, пример. Тоа ми била најтажна сцена, па такви сцени ни во драми некогаш нема онака да те дирне.
Што се однесува до овој другарот, не ти се случило да ти се допаѓа девојка на другар? Не до тој степен ко овој да се заљубиш, или да држиш плакати, но тоа не ти е исто реална ситуација? И разврската меѓу нив, да беше клише романса ќе беше поинаку.
Мене овие две ми се видоа најинтересни приказни од сите во филмов, баш дека се битерсвит. Другото многу тепа на романтики, ај за нив да разберам.
Титаник од страна на романса само, I don't care. И овој Before sunrise, мех. Може да бил друг актер, оти Хок не го можам органски, ептен ми е без харизма и неинтерсен за гледање.