A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Uste nema na cela, denes izleze mkd. Srpski znam deka ima na cela programa podolgo vreme.Vprocem i na Vip kabelska odi so srpski prevod.

Sent from my LG-D410 using Tapatalk
На Телеком од 15 ти ќе биде достапен преводот што значи и на Vip ќе има.

До крај на март би требало целосна да е програмата со македонски превод.
 
Прашање за тие што повеќе разбираат. Дали со променава на каналиве можам да го раскинам договорот со ВИП? Ми излезе вакво нешто па да прашам за подетално.
 
Прашање за тие што повеќе разбираат. Дали со променава на каналиве можам да го раскинам договорот со ВИП? Ми излезе вакво нешто па да прашам за подетално.
Аек рече да така да можеш
 
Појди прво во ВИП ако не ти раскинват ќе се пожалиш во АЕК.
 
А ако имаш Комбо пакет, односно еден договор за 2 услуги и ТВ и Интернет (и телефон фиксен), ќе можеш да го раскинеш заедно со интернетот и тв услугата, или можеш само телевизијата а останатите услуги ќе се наплаќаат поединечно?
 
sve komplet
 
А кај да видам што документи ќе ми требаат и каква е процедурата за да го раскинам договорот со ВИП? На Аек да им се јавам?
Одиш у салон и го раскинуваш. Ако ме ти дадат прво приговор поднесуваш и се јавуваш во Аек мада нема да дојде до тоа бидејќи е донесена одлука
 
Има некој досега така раскинато договор? Кабелските оператори цело време укинуваат некои канали, ако можеше така лесно да се радкини договор сите така ќе праеја.
 
Има некој досега така раскинато договор? Кабелските оператори цело време укинуваат некои канали, ако можеше така лесно да се радкини договор сите така ќе праеја.

Тоа е новитет воведен во 2015 година, само што ретко кој имал потреба од искористување на истиот, бидејќи досега не беа отстранувани ТВ канали со квалитетни содржини.

https://kajgana.com/korisnicite-kje-raskinuvaat-dogovor-bez-kazni-ako-operatorot-iskluchi-tv-kanal

Корисниците ќе раскинуваат договор без казни ако операторот исклучи ТВ канал

3. февруари 2015 - 15:45 | Макфакс

Корисниците на услугите на телевизиските оператори ќе имаат право да го раскинат договорот без никакви пенали, доколку биде исклучена некоја телевизиска програма која била дел од листата на телевизиски програми при склучувањето на договорот.

tv.jpg

Ова се предвидува со новиот Правилник за општи услови што го усвои Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

„Кога ќе потпишете претплатнички договор со некоја кабелска или со некој друг комерцијален провајдер тој се обврзува на листа на канали кон крајниот корисник, што подразбира дека треба да ги обезбеди и авторските права. Ако тоа не е обезбедено во тек на траењето на претплатничкиот договор корисникот може веднаш да го раскине договорот, што не беше случај досега. Телевизиските оператори досега беа во состојба да ја менуваат содржината, но сега веќе не можат да го прават тоа“, рече директорот на АЕК Роверт Ордановски.

Со стапување на сила на Правилникот, операторите ќе мораат да ги обноват договорите со претплатниците и во нив да ја прецизира листата на телевизиски канали.

Новиот Правилник предвидува брзината на интернетот да биде најмалку 50 отсто она што го рекламирал операторот, кој е должен за сите измени да го информира корисникот во рок од 30 дена, а доколку корисникот не ги прифаќа измените има право да го раскине договорот.

Покрај ова се превидува и ограничување на сметките во роаминг, односно доколку корисникот направи сметка од 1.000 денари за интернет во роаминг, операторот е должен да го извести за висината на сметката и да го праша дали ќе продолжи да ја користи услугата.

Ограничувањето има и за разговорите во роаминг и тоа на 3.000 денари по што исто така корисникот добива прашање дали сака да го продолжи да ја користи услугата.

Максималното времетраење на договорите помеѓу претплатниците и операторите е 24 месеци без можност за автоматско продолжување на договорите при што операторите ќе траба да бидат транспарентни и навреме да ги информираат корисниците.

Новиот правилник е направен според приговорите од корисниците до АЕК за оние услуги со кои корисниците имале најмногу проблеми.
 
Да. Знам за ова. Ама пример ете исклучуват некој небитен канал ала Класик ТВ и одам во Вип се жалам и барам раскин на договорот. Ќе успеам?
 
Да. Знам за ова. Ама пример ете исклучуват некој небитен канал ала Класик ТВ и одам во Вип се жалам и барам раскин на договорот. Ќе успеам?

Ако исклучениот ТВ канал бил дел од пакетот кога си го потпишал обврзувачкиот договор, тогаш да - можеш да го раскинеш договорот бидејќи ТВ канал кој е дел од пакетот опфатен со самиот договор, сега е отстранет од телевизиската понуда.

Во спротивно, ако ТВ каналот го додале откако си го потпишал договорот, па сега го исклучиле, не можеш да го раскинеш договорот без плаќање на пенали за предвременото раскинување на договорот.
 
Последно уредено:

Па тоа е многу лесно ко така. Ама јас сепак не верувам да раскинват договори на таа основа. Затоа прашав некој дали има раскинато така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom