Ме интересира, како размислуваат луѓето што се измамени од посредници за работа во странство. Што е тоа што ги наведува да му дадат пари на некој непознат тип за да им го спаси животот? Сега ми искочи на некој портал, дека некој паметен, истрижал 60 "овци" со тоа што им гарантирал сигурна работа во Словачка, во фабрика на корејски гигант, океј Самсунг е, иако не е наведено.Логично, добиле ручки од тупан. Огласот од тој паметниот човек, се вртеше неколку дена по фејсбук страниците за огласување на секакви работи, во кој беше наведено 12 часовна работа, 2.5 евра саат и платено сместување и храна. Ко прво, 12 саати да работам за 30 евра на ден и тоа во Братислава, подобро ќе просам у центарот, сигурен сум дека за 7 саати ги вадам тие пари. Ко второ нема никакви информации за типот, нит е агенција нит ништо, а веројатно е и фејк профил тој. Како може човек да си дозволи да не испита ситуација, искуства од други луѓе и слично? Јас кога го видов огласот се чудев како може некој да се заебе на ова, ама ете 60 души се заебале. На таа објава имаше многу негативни коментари дека ќе биде превара ќе ги заебе и слично, ама ете.
Сиромашниот и глупавиот секогаш го јадат стапот. Ќе фрли едвај 100 евра собрани да му најдат работа, ќе остане и без тие. Распрашајте се прво, второ осигурајте се во инвестицијата и не се жалете после ако ве заебат. Додека има овци, ќе има и кој да ги стриже.