Дали некој знае дали е штетно да се јаде риба со сирење!?

Абе одеднаш сите имаат криптонски имунитет...
 
Ефикасен начин оправдано да отсуствуваш 2 дена од школо :)

Слично делува и рендано морско оревче во јогурт :)
 
Мислам дека риба со јогурт е штетно а за со сирење неам слушнато...Пробај па види како ќе делува :)
 
Секој со својот систем за варење.Имам другари шо макаат без гајле, јас незнам зш неможам да поднесам.
Имав мачнини еднаш, втор пат не ни помислувам за истата комбинација.
 
Еден совет, не си играјте со здравјето и не си ја потценувајте желудочната к-на.

Има случаеви од алергии, потоа проблеми со дишењето но има и случаеви каде што дошло до задушување. Задушувањето е причина на повраќањето, како што некои членови кажаа дека предизвикува тегоби во желудникот.

Како што може некој да има последици од едно Смоки изедено, можам да замислам што се случува на таков пациент. Не си прајте сеир на вакви работи.
 
Од секогаш сум се прашувал зошто не е убаво да се јади риба и сирење, а и ми велеле домашните да не јадам таква комбинација. Но сум јадел секогаш и ништо не ми било. :toe:
 
Можда сте у право, можда... на скоро секој работен доручек јадам пита со сирење (пардон -урда) и риба (обично панга, лосос, скуша) .... Досега не ми се појавило нешто (освен што ми се пријадува пак за 3-4 саати :) ). Можда зависи и до организам, стомак, навика...што знам. И ја имам слушнато за оваа комбинација, можда се однесува на млеко/јогурт и риба.
Какви нутритивни вредности има Пангата во однос на Скуша, Лосос, Ослич?
 
Какви нутритивни вредности има Пангата во однос на Скуша, Лосос, Ослич?
Не сум ја користел откако пишуваше за неа како се одгледува.
Еве за пангата
https://www.fatsecret.com/calories-...llets?portionid=4717186&portionamount=100.000
и за скушата
https://www.fatsecret.com/calories-...-canned?portionid=50694&portionamount=100.000
 
со свежа риба и така и така ама ај да видам муж кој ке јаде риба од конзерва и ке јаде со нејзе сирење или кисело млеко
јадам и сардина од конзерва, ама за доручок...секогаш со сирење и барем малку лук, без сирење имам тежина и киселина
А мачна може да биде самата риба, ако е некоја од рибник мрсна па не е добро испечена туку како варена кога доваѓа...
 
јадам и сардина од конзерва, ама за доручок...секогаш со сирење и барем малку лук, без сирење имам тежина и киселина
А мачна може да биде самата риба, ако е некоја од рибник мрсна па не е добро испечена туку како варена кога доваѓа...
Јас пјадувам Сардина, сирење и свеж зеленчук
 
Било кои млечни производи со риба познато ми е од многу одамна дека не е пожелно да се консумираат заедно бидејќи доаѓа до потешко варење во желудникот, но за посериозни индикации досега немам слушнато, ниту пак сум имал (иако ми се има случено да ги консумирам овие две категории на храна).
 
Ако имаш доволно силна стомачна киселина/добра дигестија, што и да изедеш ќе се свари без проблем, секако дека некоие храни т.е. нивно мешање може да се помалце добри за комбинирање од други, но генерално не е проблем за здрав дигестивен систем.
 
Мене старите ме учеле да не јадам риба со млечни производи, тровање ќе сум добиел :Р
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom