Дали некој знае дали е штетно да се јаде риба со сирење!?

Зш?
Пробај јади риба и сирење, знаеш дека не се осеќа рибата? Ради тоа (ко да јајш љуто пиперче и слатко од смокви) и ради италијанците...традиција и стар начин на живеење.
Ја неам приметено проблем кога се јадат (да не се претера, нормално) јади што ти душа сака :)
 
Знам само послем комбинација сардина и јогурт наредно е дренажа на желудник :)
 
Јас колку што знам, риба со млечни прозводи може да предизвика алергија. Еве што познавам некои рибари, истото ми го потврдија. Иако сум видела некои рецепти, јас лично не би ризикувала. Правам пауза обично пола час пред и пола час после јадењето на рибата.
 
Можда сте у право, можда... на скоро секој работен доручек јадам пита со сирење (пардон -урда) и риба (обично панга, лосос, скуша) .... Досега не ми се појавило нешто (освен што ми се пријадува пак за 3-4 саати :) ). Можда зависи и до организам, стомак, навика...што знам. И ја имам слушнато за оваа комбинација, можда се однесува на млеко/јогурт и риба.
 
И мене ми имаат кажано дека не треба да се јаде риба во комбинација со млечни производи, предизвикувала мачнини во желудникот ама не знам точно, немам пробано од страв. Некој ако има постручно познавање нека објасни што како...
 
И јас знам нешто, имам слушано и читано и ме мрзи ептен да го прашувам и замарам сега чичко гугл за ова.

Сирење + риба = убитачна комбинација :)
Кисело (минерално) Млеко или јогурт + риба = Бомба (нека проба некој да се настега квалитетно и ако успее нека каже) :vozbud:
 
Ама и кебапчиња и млеко некако не одат...па ниту риба и млеко. Бед комбинации :)
Кога би ја проширил листата на непожелни...зошто кајсии или сливи и литро вода прават експлозија. Или зошто јадење овошје после ручек прави проблеми од гасовита природа (освен заради побрзото варење на овошјето) Има доста вакви непожелни комбинации, а рибата и млекото даваат "добри резултати".
Интересно е некој да ги објасни вистинските причини (хемиски реакции).
 
Ma ја све сум смешал до сега што постои.
Пу пу пу до сега сум немал проблеми.
Пример од скоро , јадам качамак со јогурт(скоро 1 л.) , за 15 мин пијам 3 пива и мезам мартадела и сирење со мајонез.
А риба и сирење сум јадел повеке пути , никад не ми било тешко.
 
имам читано/слушнато дека млечните протеини во комбинација со рибните предизвикувале алергии/мачнини/ зш не биле компатибилни едни со други. ..Ако знајт некој постручно да објаснит иначе јас прашав откако се најадов и немав гајле.
 
И јас исто слушнав дека оваа комбинација предизвикува алергија...можеби не кај секого но сигурно кај оние со послаб имнунитет...:toe:
 
со свежа риба и така и така ама ај да видам муж кој ке јаде риба од конзерва и ке јаде со нејзе сирење или кисело млеко
 
Toa е најлоша можна комбинација. Од искуство знам дека таа комбинација предизвикува мачнина во желудникот и те тера на повраќање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom