Од што исчезнале диносаурусите ?

Дали диносаурусите исчезнале како последица на судир на Земјата со астероид?

  • ДА

    Гласови: 84 52,8%
  • НЕ (постои друго објаснување)

    Гласови: 75 47,2%

  • Вкупно гласачи
    159
K

kicodarker

Гостин
Диносаурусите исчезнале поради Скопскиот воздух. :pos::pos::pos::pos::pos:
Астероид паднал на планетава и го заебал воздухот. :D
Bile zarazeni so homosexualizam i malku po malku se istrebile
Може не исчезнале од Скопскиот воздух, но поради воздухот сигурно исчезна смислата за хумор кај мнозинството.
Колку IQ треба да имаш, да се логираш, одиш на тема на која по правил би требало да се изнесуваат научни теории, трескаш најглупавото нешто што ќе ти текне “ ха ха многу смешно“.
Еве трет пат ти ја читам глупоста што си ја напишал и не можам да се изначудам како е можно некој да напиши толку многу глупаво нешто и да го пласира “ko smeshka hehe".
 
Трипл Што?

#Протестирам
Член од
30 декември 2017
Мислења
97
Поени од реакции
33
Пробувајќи некоја тема да ја сврти на хумор и сарказам покажува само колку многу е неупатен во темата.
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.254
Поени од реакции
1.964
Може не исчезнале од Скопскиот воздух, но поради воздухот сигурно исчезна смислата за хумор кај мнозинството.
Колку IQ треба да имаш, да се логираш, одиш на тема на која по правил би требало да се изнесуваат научни теории, трескаш најглупавото нешто што ќе ти текне “ ха ха многу смешно“.
Еве трет пат ти ја читам глупоста што си ја напишал и не можам да се изначудам како е можно некој да напиши толку многу глупаво нешто и да го пласира “ko smeshka hehe".
Не знам која е намерата на другиот член кој си го цитирал,но мојот пост не беше потполна шега.На страна 7(малку погоре)имам напишано и сериозен одговор дека диносаурусите умреле поради астероидот кој паднал на планетава,но и дека некои видови диносауруси не умреле веднаш по ударот на астероидот,туку малку подоцно,поради глад.
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135

Ne e sega ni moeto toa e samo edna od potencijalnte vistini! Se zbunil deckoto
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Може не исчезнале од Скопскиот воздух, но поради воздухот сигурно исчезна смислата за хумор кај мнозинството.
Колку IQ треба да имаш, да се логираш, одиш на тема на која по правил би требало да се изнесуваат научни теории, трескаш најглупавото нешто што ќе ти текне “ ха ха многу смешно“.
Еве трет пат ти ја читам глупоста што си ја напишал и не можам да се изначудам како е можно некој да напиши толку многу глупаво нешто и да го пласира “ko smeshka hehe".
Eve cetvrti pat ti go citam postov i gleam mozda ima smisla ete i lajk ti staviv ali nikade ne gledam naucna teorija da si plasiral.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
има теорија дека исчезнале поради заладувањето, демек поради заладувањето се оплодувале само женки... а тие што живееле во вода како чудовиштето од Лок Нес опстанале бидејки во водата имало поконстантна температура..
туку еве ќе ни падне кинеската вселенска станица, Европската вселенска агенција првобитно соопшти дека нејзино паѓање на Земјата се очекува на 12 јануари, а сега објавија дека сепак тоа ќе се случи меѓу 17 март и 21 април.
Кога е во прашање местото на падот на остатоците, вклучени се териториите на Шпанија, Италија, Грција, Турција и САД.
Ова може и кај нас да падне нешто од ѓубрето
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ова може и кај нас да падне нешто од ѓубрето
Ти си најцврстиот доказ за тоа...стар си, отровно досаден и глуп, па ништо чудно и од тебе да поцркале кутрите животинчиња.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Диносаурусите исчезнале поради потопот уште од дедо Ное инаку диносаурусите не е божјо дело односно не го создал , пишано е :Се што не го посадил отецот небесен тоа ќе се искорне.

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
4.480
Поени од реакции
9.032
Голем удар близу Индија (не Мексико) можеби ги убил диносаурусите

Огромен, мистериозен басен близу брегот на Индија можно е да е најголемиот т.н. мулти-прстенест ударен кратер, кој некогаш бил пронајден на Земјата. Ако оваа нова студија е точна, овој удар може да го надмине оној кој го создал кратерот Чиксулуб на полуостровот Јукатан во Мексико за кој се смета дека е одговорен за исчезнувањето на диносаурусите пред 65 милиони години. Санкар Чатерџи (Sankar Chatterjee) од Технолошкиот Универзитет на Тексас и тимот истражувачи ја испитуваа депресијата на дното на Индискиот Океан со дијаметар од 500 km, за која се верува дека е предизвикана од болид најверојатно 40 km во дијаметар. Таков настан би можел да покрене големи климатски промени, вклучувајќи и интензивна вулканска активност која довела до масовно истребување.

Уште од '90-те години на минатиот век се смета дека астероидот до дијаметар од 10 km, кој го формирал кратерот Чиксулуб во Мексико, е одговорен за истребувањето на диносаурусите. Овој удар можеби го предизивикал истребувањето, а ако не, ударот кој го формирал Шива кратерот, 300 000 години подоцна, сигурно го доуништил животот на Земјата.

Масовниот Шива басен е депресија која се наоѓа западно од Индија и денес масовно се експлоатира заради резервите на нафта и природен гас. Некои делови од овој кратер се меѓу најпродуктивните места на Земјата. Ако истражувачите се во право ова е најголемиот кратер на Земјата. Сепак, некои геолози не се согласуваат со ова тврдење дека депресијата е создадена од удар. Сметаат дека е тоа само дупка во Земјината кора, најверојатно предизвикана од вулканска активност. Но, Чатерџи сепак цврсто смета дека Шива е ударен кратер и смета дека геолошките докази се драматични. Надворешниот раб е груб, испрекинат и огромен. Тоа е прстен голем 500 km во дијаметар, опкружувајќи го централниот врв познат како Бомбај, кој е 5 километри над океанското дно (колку и планината МекКинли). Најголем дел од кратерот лежи на Индиската континентална плоча, но онаму каде што се среќава со брегот има гребени и топли извори. Ударот изгледа уништил поголем дел од 30 милји дебелиот гранитен слој на западниот дел од Индија. Ако големата депресија е предизвикана од удар, Земјината кора на местото на ударот би требало да испари оставајќи зад себе ултра-жежок материјал. По се изгледа ударот ги зголемил вулканските ерупции кои покриваат поголем дел од западна Индија. Уште повеќе, ударот ги оттргнал Сејшелските острови од Индиската тектонска плоча и тие се придвижиле кон Африка.

Истражувачкиот тим се надева дека ќе има можност да отиде да истражува во Индија до крајот на оваа година за да ги испита карпите ископани од центарот на кратерот, со цел да се соберат докази кои ќе покажат дека басенот е резултат на гигантски удар.

www.astronomija.com.mk
Прашањето е дали воопшто постоеле? И дали ти е неостварена желба да посетиш некој американски музеј со вештачки диносауруси?
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Прашањето е дали воопшто постоеле? И дали ти е неостварена желба да посетиш некој американски музеј со вештачки диносауруси?
Чекај малце, ти веруваш дека постои Америка? Ах бе овци...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom